Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар


Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска во 11 часот ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на […]

Проекција на филмови и разговор со авторката Меријам Тафакори во МСУ


Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) вечер од 20 часот во Музејот на современа уметност организира проекција на четири кратки филмови од Меријам Тафакори, наградувана иранско-британска уметница и филмска авторка. Ќе бидат прикажани филмовите: „Irani Bag“ (2021), „Nazarbazi“ (2022), „Code Names“ (2022) и „Mast-del“ (2023), а по проекцијата ќе следува онлајн-разговор со Тафакори. Модератори на разговорот ќе […]

Муртезани и Рокас ќе презентираат мерки и активности од Планот за раст и Реформската агенда


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска во 11 часот резентираат мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија. На презентацијата во Медија центарот на Владата ќе бидат претставени конкретните активности од Реформската агенда, како […]

Кралот Чарлс хоспитализиран, па пуштен дома


Британскиот крал Чарлс завршил во „краток период на набљудување во болница“ во четвртокот, откако доживеал „привремени несакани ефекти“ од лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата. „Неговото височество сега се врати во Кларенс Хаус и, како мерка на претпазливост, во согласност со медицинските совети, денешниот распоред на ангажмани исто така ќе биде изменет“, се вели во […]

Комерцијална банка донираше ново возило за Брза помош за Општата болница во Кочани


Комерцијална банка ја изразува својата солидарност и сочувствува со семејствата на починатите и со повредените – тие дадоа конкретен придонес за подобрување во јавното здравство со набавка и донација на ново возило за Брза помош за Општата болница во Кочани. „Потресени од трагедијата во Кочани искрено сочувствуваме со семејствата на починатите и посакуваме брзо опоравување […]

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило. МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот […]

Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, кои се следните чекори на ССМ


 Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба да се изјасни за следните чекори што ќе ги преземе во однос на минималната плата откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ согласно законски утврдените критериуми. Се очекува седница да одржи Претседателството на синдикатот на која […]

Путин најави зајакнато воено присуство на Русија на Арктикот


Москва – Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд. Путин рече дека притисокот на Трамп за контрола над Гренланд не е изненадувачки со оглед на долгогодишниот интерес на САД за територијата богата со […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 март 2025 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 279 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 17 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 31 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Пломба за познати ноќни клубови во Скопје


Познатите затворени ноќни клубови Станица 26, Маракана, Балет, Пјур и Епицентар добија забрана за работа. Дирекцијата за заштита и спасување утврди дека не ги исполнуваат мерките за заштита. Според Телма, тие работеле без да ги почитуваат целосно безбедносните стандарди. Затоа, објектите остануваат заклучени додека сопствениците не ги отстранат недостатоците. Извори од Телма велат дека затворените ноќни […]

Владата ќе ги оценува медиумите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести


Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните мрежи. Сите вести ќе се оценуваат дали се позитивни, негативни или неутрални, а ќе се прибираат и податоци за авторите. Во техничката спецификација на тендерот, објавена […]

„Киненова“ од 30 март до 3 април, средствата ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани


По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ КИНЕНОВА 2025, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата. Колкава и да е таа капка на материјална и духовна […]

Љутков со честитка за Светскиот ден на театарот


Кога го славиме 27 Март – Светскиот ден на театарот, го славиме симболот на човечката креативност, ја славиме сцената, која е огледало на нашиот дух, на нашите соништа, стравови и надежи. Театарот во својата појавна форма, никогаш не бил и никогаш нема да биде само простор за актерска изведба. Тој е гласот на колективното искуство, […]

Зошто Иван Штрпка е годинешен лауреат на СВП: Беседа на Катица Ќулавкова


  Иван Штрпка (8.06.1944) е истакнат словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач. Тој стапува на книжевната сцена на некогашната Чехословачка при крајот на 60-тите години на 20 век, пред политичкиот преврат 1970-та. Своето поетско патешествие во словачката и европската книжевност Штрпка го почнува групно, заедно со поетите Иван Лаучик и Петер Репка, со нивната легендарна […]

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025


Словачкиот поет Иван Штрпка ( 1944 година, Хлоховец) е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска Елизабет Барануаи Кукунешоска, претседателка на Управниот одбор на Фестивалот. Академик Катица Ќулавкова, како член на Советот за доделување на „Златниот венец“,  и директорката на СВП, Цветанка Маркоска, говореа за фестивалот на свеченост во […]

Карахантепе во Туркије ги открива мистериите на праисториските цивилизации


 Карахантепе, археолошки локалитет во Туркије кој датира од 9-от милениум, е меѓу најатрактивните во рамките на археолошката туристичка понуда. Локалитетот е еден од најстарите во светот и се наоѓа во регионот Шанлиурфа, дом на поголемите неолитиски заедници и населби, меѓу кои и познатиот Ѓебеклитепе, кој е под заштита на УНЕСКО. Тековната работа во Карахантепе, каде […]

Новиот роман-басма на Оливера Ќорвезироска – „Три Марии“ е внимателно осмислен омаж на Славко Јаневски


Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе биде промовиран на 2 април (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на отворањето на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација […]

Донација од битолските актери за Светскиот ден на театарот


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“, битолските актери ќе го одбележат Светскиот ден на театарот, и целиот приход од продадените влезници ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  Претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ е во режија на Благој Мицевски, Софија […]

Изведбата на претставата „12“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот


Македонскиот народен театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Како што соопштија од МНТ, традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги […]