Русија го повлекува персоналот од амбасадата во Сирија


Москва – Русија префрли дел од персоналот од својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во Москва. Покрај персоналот на руската амбасада, евакуирани се и вработени во дипломатските претставништва на Северна Кореја и Белорусија, како и персонал од мисијата на непризнатата отцепена република Абхазија, пренесе ДПА. – Специјалниот авион, …

Русија го повлекува персоналот од амбасадата во Сирија Read More »

Се запалила новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“


Новогодишна елка се запалила вечерва пред ТЦ „Бисер“ во Општина Аеродром. Сијаличките се најверојатно причина за пожарот, изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски. Скопските пожарникари добиле дојава за пожарот вечерва, околу 18 часот, по што веднаш излегле на терен. – Имаше дојава и пет пожарникари со едно возило излегоа …

Се запалила новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“ Read More »

Иван Додовски избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“


Mакедонскиот писател, критичар и научник Иван Додовски е избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“. Оваа меѓународна организација опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата е да ги поттикне преводот и изведувањето на современи драмски …

Иван Додовски избран за претседател на Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ Read More »

„Простување“ – нов роман на Кица Колбе


Книгоиздателството „Или-Или“ го објави новиот роман „Простување“ од наградуванаta писателка Кица Колбе. По романите „Земја на бегалци“, кој доживеа и второ издание, потоа, „Витезот и Византијката“, како и дополнетото реиздание на „Жените Гаврилови“, Колбе им „подарува“ нов ракопис на верните читатели. „Сите пребрзо ја забораваат војната. Затоа се повторува“ е поднасловот на книгата во која …

„Простување“ – нов роман на Кица Колбе Read More »

ВАДА: Сè уште веруваме дека Синер треба да биде казнет


Рим – Затишје во случајот со двата позитивни допинг-теста на Јаник Синер. Одлуката на Судот за спортска арбитража (КАС) по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е одложена за после февруари, но тоа не значи дека ќе биде прикриена. При носењето на првата одлука беше пресудено дека тоа не е одговорност на Синер, потсетува Оливие Нигли, …

ВАДА: Сè уште веруваме дека Синер треба да биде казнет Read More »

Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово – Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 15 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, …

Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово – Попова Шапка Read More »

Поради снег Галичник три недели отсечен од светот, а сега снема и струја


Месната заедница од Галичник ги повикува надлежните институции „Македонија пат“, општината Маврово и Ростуше и ЈПДП да преземат мерки и да овозможат пристап до Галичник, откако веќе три недели се отсечени од патна комуникација. Од месната заедница потенцираат дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. …

Поради снег Галичник три недели отсечен од светот, а сега снема и струја Read More »

ЗНАМ ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство


Движење ЗНАМ – За Наша Македонија официјално утре до сите парламентарни политички партии ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии, објави денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од постоењето на партијата.  Целта на оваа платформа, потенцира, е …

ЗНАМ ќе понуди Национална платформа за македонско национално единство Read More »

Првата класа тутун ќе се откупува за 500 денари, најави министерот Трипуновски


По серија состаноци со тутунските здруженија и откупувачите, постигнато е покачување на цената за првата класа тутун, која сега ќе се откупува за 400 денари. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ова покачување од 375 на 400 денари е задоволувачки за тутунарите. Во својата изјава за медиуми на денешниот настан „Пчеларски ден-знаење …

Првата класа тутун ќе се откупува за 500 денари, најави министерот Трипуновски Read More »

Два руски нафтени танкери потонаа во Црното Море


Два руски нафтени танкери кои превезуваа повеќе од 4.300 тони нафтени деривати денес потонаа во Црното Море. Дополнително, водата беше разбранета поради бура, со што сериозно се зголемува шансата за сериозна еколошка катастрофа, пренесува Гардијан. Товарниот брод „Волгонефт-212“ се преполови откако беше погоден од голем бран. Во видео кое кружеше по социјалните мрежи можеше да се …

Два руски нафтени танкери потонаа во Црното Море Read More »

По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски


По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна телевизија А1, кој веќе ја издржа казната и е на слобода. Веста дека Рамковски се наоѓа во Шутка беше објавена на социјалните мрежи, но ја потврдуваат и официјалните институции. Хеди Рамковски бил екстрадиран уште во …

По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски Read More »

Во вторник третата Меѓувладина конференција Албанија – ЕУ


Тирана – Премиерот Еди Рама ќе је предводи албанската делегација, која во вторник (17 декември) ќе престојува во Брисел, за третата Меѓувладина конференција со Европската унија. Албанија ќе отвори преговори за 6-тиот кластер „надворешни односи“, кој вклучува надворешна, безбедносна и одбранбена политика. -Се очекува оваа група на поглавја да се затвори побрзо во преговорите, и поради …

Во вторник третата Меѓувладина конференција Албанија – ЕУ Read More »

Единствениот регистар на сметки – зголемена заштита на потрошувачите


Со реформите направени во изминатиот период преку донесувањето нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, нашата држава го зацврсти својот пат кон европската интеграција. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците …

Единствениот регистар на сметки – зголемена заштита на потрошувачите Read More »

Македонија ќе се бори против Полска за пласман на СП 2025


Денеска беше одржана ждрепката за бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година, а македонската женска ракометна репрезентација го дозна противникот. Македонија ќе се бори против селекцијата на Полска за пласман на Мундијалот кој е закажан за идната година. Првите бараж натпреварите ќе се одиграат на 9/10 април 2025 година, а реваншите се …

Македонија ќе се бори против Полска за пласман на СП 2025 Read More »

Њу Араб: Асад наводно има повеќе од 55 милиони фунти на банкарска сметка во Лондон


Лондон – Соборениот сириски претседател Башар ал Асад наводно има личен фонд вреден повеќе од 55 милиони фунти на банкарска сметка во Лондон, објави порталот Њу Араб. Банкарски извори за „Ди Ај пејпер“ изјавиле дека средствата се дел од 163 милиони фунти што Асад, неговото семејство и неговите сојузници ги ставиле на сметки во Велика …

Њу Араб: Асад наводно има повеќе од 55 милиони фунти на банкарска сметка во Лондон Read More »

Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава


Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ цела Македонија врши контроли во ланци на маркети кои согласно законот вршат дејност и во недела, со цел мониторинг на цените на производите кои се опфатени со „Новогодишната кошница“. Од мониторингот е уврдено дека цените …

Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава Read More »

Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија


Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој појасни …

Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија Read More »

Снег го завеа Иран, спасувачките служби им пружиле помош на повеќе од 3.000 луѓе во опасност


Техеран, 15 декември 2024 (МИА) – Снежно невреме погоди најмалку 15 провинции во Иран, а иранската Црвена полумесечина (ИРЦС) им пружи помош на повеќе од 3.000 луѓе ширум земјата во последните 24 часа, изјави Бабак Махмуди, претставник на оваа организација. Махмуди, шеф на одделот за помош и спасување во ИРЦС, потврди денеска дека вкупно 85 тимови …

Снег го завеа Иран, спасувачките служби им пружиле помош на повеќе од 3.000 луѓе во опасност Read More »

Засилени полициски активности пред новогодишните празници


Полицијата ги засилува активностите пред новогодишните празници. Презема превентивни мерки и консултации со граѓаните за што помало користење пиротехнички средства, но засилено е и нејзиното присуството во трговските центри, како и сите останати места каде има зголемена фреквенција на движење, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, кој го посети пунктот на обезбедувањето …

Засилени полициски активности пред новогодишните празници Read More »

Во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена на македонскиот јазик и литература


Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, вели за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски …

Во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена на македонскиот јазик и литература Read More »