САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек


Вашингтон –  Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) објавија дека пациент со тешка форма на птичји грип H5N1 бил хоспитализиран во Луизијана. Ова е првиот познат таков случај во САД. Специјалистите не очекуваат зачестеност на вакви случаи во САД, но предупредуваат дека H5N1 може да предизвика смртни последици, како што е забележано …

САД го потврдија првиот тежок случај на птичји грип кај човек Read More »

САД воведуваат санкции за руски компании поврзани со „Северен тек 2“


Вашингтон – САД воведоа санкции против руски компании заради нивното учество во изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, соопшти американскиот Стејт департмент. Санкциите опфаќаат и нови сопственици на бродови кои претходно беа блокирани од Вашингтон. Овој потег доаѓа откако во септември 2022 година експлозии го оштетија „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. „Северен тек 1“ …

САД воведуваат санкции за руски компании поврзани со „Северен тек 2“ Read More »

Сончево со мала облачност, претпладне со услови за магла по котлините


Денеска претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје наутро со услови …

Сончево со мала облачност, претпладне со услови за магла по котлините Read More »

Чупеска: Мицкоски сака да биде истражител и обвинител, спротивно на принципите на демократијата


  Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија истакна дека партиските упади на власта и заканите на премиерот Мицкоски се дел од логиката на економска пропагандната програма што ја пласира премиерот и во некои ситуации излегува многу далеку од своите овластувања, па не ретко се случува да биде и обвинител и истражител …

Чупеска: Мицкоски сака да биде истражител и обвинител, спротивно на принципите на демократијата Read More »

Дисциплински мерки за двајца полициски службеници од ГП „Долно Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава


 МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Едниот, полицискиот службеник Б.Ј., според МВР, со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување …

Дисциплински мерки за двајца полициски службеници од ГП „Долно Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава Read More »

Драма на Годишното собрание на кошаркарската федерација на Македонија


Годишното собрание на кошаркарската федерација на Македонија помина во спротивставени ставови на поддржувачите на актуелниот претседател Перо Антиќ и делегатите од Иницијативниот одбор кои бараат промени. Собранието почна со одбивање на предлозите на претседателот, Перо Антиќ за Верификациска комисија, и Работно претседателство, по што следуваа предлози од Иницијаторите за промена кои беа усвоени од мнозинството …

Драма на Годишното собрание на кошаркарската федерација на Македонија Read More »

Бочварски: Нема 100 милиони евра оваа година за општините, ВМРО-ДПМНЕ манипулира


  Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најавувавше реализација на 100 милиони евра оваа 2024 година и 250 милиони евра идната 2025 година за општините.    Првата манипулација беше откриена при ребалансот на буџетот за 2024 година кога констатиравме дека нема 100 милиони евра на располагање, туку има некаде околу …

Бочварски: Нема 100 милиони евра оваа година за општините, ВМРО-ДПМНЕ манипулира Read More »

Ќе останат ли студентите во Скопје без бесплатен јавен превоз?


Бесплатниот студентски автобуски превоз со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) повторно е доведен во прашање. Обидите на студентите да ги продолжат годишните билети за следната календарска 2025 година завршуваат безуспешно – во центрите за персонализација на ЈСП добиваат одговор дека се чека „амин“ од надлежните. Но, претпријатието и Министерството за образование и наука (МОН) …

Ќе останат ли студентите во Скопје без бесплатен јавен превоз? Read More »

Што му е на Владо Јаневски?: Концертот од декември се одложува напролет


Од здравствени и технички причини се одложува концертот на поп-ѕвездата Владо Јаневски на 27 декември во СЦ Јане Сандански, за напролет. „Ве информираме дека поради вчерашна, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември во СЦ Јане Сандански, како …

Што му е на Владо Јаневски?: Концертот од декември се одложува напролет Read More »

Балетанот Полунин  кој го истетовира Путин вели дека ја напушта Русија


Поранешната ѕвезда на Кралскиот балет Сергеј Полунин, познат по тетоважите на рускиот претседател Владимир Путин, во средата објави дека планира да ја напушти Русија. Украинско-рускиот балетан беше една од најистакнатите ѕвезди кои ја поддржаа руската анексија на Крим во 2014 година и воената офанзива во Украина. Беше награден со престижни државни функции. Полунин во порака …

Балетанот Полунин  кој го истетовира Путин вели дека ја напушта Русија Read More »

Британскиот весник Обзервер доби нов сопственик


Лондон – Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал „Обзервер“, најстариот неделен весник во светот, на „Тортоиз медиа“. Компанијата Скот Траст, која е сопственик на Гардијан медиумската група, соопшти дека Тортоиз Медиа го купува Обзервер преку комбинација на готовина и акции. Обзервер е основан во 1791 година и стана дел од медиумската …

Британскиот весник Обзервер доби нов сопственик Read More »

Во Скопје расте бројот на вакцинирани против ХПВ


За периодот јануари – јуни 2024 година со прва доза вакцина против ХПВ во Скопје се вакцинирани 564 лица или 83,7 отсто повеќе од истиот период лани, според Институтот за јавно здравје. Но опфатот на ниво на држава опаднал. Вакцината е задолжителна и за момчињата, но нема податоци колку се вакцинирани. ХПВ-вирусот е главен предизвикувач …

Во Скопје расте бројот на вакцинирани против ХПВ Read More »

Метрото во Солун се расипа само две недели по отворањето, патниците пешачеа низ тунелите


Во  Солун, на 30 ноември официјално беше отворено новото метро, ​​кое се наоѓа во непосредна близина на археолошки локалитети од византиската и римската ера. Најавено беше дека патниците пред да се качат во возот ќе поминат низ подземен музеј со археолошки артефакти, што би го направило овој проект единствен во светот. Но, тоа не се …

Метрото во Солун се расипа само две недели по отворањето, патниците пешачеа низ тунелите Read More »

Трамп испраќа историчарка на уметност за амбасадор во Загреб


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Никол Мекгро, дипломирана историчарка на уметност, ќе биде новиот американски амбасадор во Хрватска. „Никол е филантроп, посебна жена и светски познат колекционер на уметнички дела. Таа ја отвори својата прва уметничка галерија во Палм Бич Гарденс во 2006 година и оттогаш изгради глобална база на клиенти, како и …

Трамп испраќа историчарка на уметност за амбасадор во Загреб Read More »

Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег


 Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа …

Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег Read More »

Фондот „Еуроимаж“ чекор поблизу за финансирање телевизиски серии во земјава


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го потпиша Договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. „Со задоволство објавувам дека денес го потпишав договорот со ’Еуроимаж‘ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година! …

Фондот „Еуроимаж“ чекор поблизу за финансирање телевизиски серии во земјава Read More »

Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски и го вметна во предметот со Груби и Бајрами, велат од СДСМ


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвинува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски намерно се обидел да го вметне експремиерот Димитар Ковачевски во случајот со Артан Груби и Перпарим Бајрами. „Тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ, политичко етикетирање преку институциите на прогонот“рече организацискиот секретар во СДСМ Мартин Костовски на денешната прес-конференција. Според Костовски, со …

Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски и го вметна во предметот со Груби и Бајрами, велат од СДСМ Read More »

Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен


Белград – Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година. „Од 1 јануари 2025 година, целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема повеќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција. …

Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен Read More »

Бразилски судија нареди песна на Адел да се повлече на глобално ниво


Бразилски судија нареди песната на британската поп-ѕвезда Адел, „Million Years Ago“ да биде повлечена низ целиот свет – вклучително и на стриминг сервисите – поради тековно тврдење за плагијат од бразилски композитор. Наредбата им се заканува на бразилските подружници на Sony Music Entertainment и Universal Music, етикетите на Адел, со парична казна од 8.000 долари …

Бразилски судија нареди песна на Адел да се повлече на глобално ниво Read More »

ДПМ со пет нови членови


Друштвото на писателите на Македонија во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски. Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. …

ДПМ со пет нови членови Read More »