Британска диско група и американска соул пејачка ѕвезди на 29. „Златна бубамара на популарноста“
Американската соул пејачка Марта Хај ќе настапи на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот. Марта Хај (81) ја нарекуваат соул-божица и е најпозната по 32-годишната соработка со легендарниот Џејмс Браун како негов прв придружен вокал. Таа настапувала и со Литл Ричард, Џери …