Меркел ги повика Германците поактивно да се вклучат во одбрана на демократијата


Берлин – Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните поактивно да се вклучат во одбраната на демократијата, во време кога Алтернатива за Германија (АфД) има убедлива предност во анкетите пред покраинските избори во Саксонија-Анхалт. – Мислам дека сега повторно мора да направиме нешто што не моравме да го правиме со децении, навистина да се бориме […]

Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло на УС опен


Њујорк – Аргентинскиот тенисер Маријано Навоне ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во првото коло на Отвореното првенство на САД. Во меч што траеше 4 часа и 40 минути Аргентинециот славеше со 3:2 – по сетови 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2 и 6:1. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ (рангиран број 5 во светот) сервираше 10 аса, […]

НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената


Орландо –    Моќен телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да ја истражува темната енергија, црни дупки и други мистерии на универзумот. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо […]

Без струја дел од Радишани


– Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улица 26 и улица 34 во населбата Радишани, Општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје


Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца.  Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје. Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, […]

Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Словенија. -Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет […]

Албанија воспоставува виртуелното дипломатско присуство


Тирана – Со цел подигнување на повисоко ниво на квалитетот и зголемување на брзината на конзуларните услуги, Албанија воведува виртуелно дипломатско присуство, изјави министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа. Тој додаде дека конзуларните услуги за Албанците во земјата и во странство како успешна приказна е поврзана не само со технолошката трансформација, туку и со […]

Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе


Виена– Во јуни и јули во Австрија од топлото време починале 646 луѓе, соопшти австриската Агенцијата за здравје и безбедност на храната (АФСА). Според податоците на АФСА, во јуни од топлотниот бран починале 395 лица, а во јули регистрирани се 251 смртен случај. Австриското Министерство за здравство наведе дека тоа е рекордна бројка на смртни […]

Ѓоковиќ пред УС опен: Подготвен сум колку што можам


Њујорк – Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ја оцени својата форма пред Отвореното првенство на САД 2026. – Да бидам искрен, не сакам да губам рано на ниту еден турнир. Но, раната елиминација од турнирот во Синсинати ми даде време да се подготвам најдобро што можам за Отвореното првенство на САД. Имав […]

Холандската фудбалска асоцијација: Веќе не му веруваме на Инфантино, иднината на ФИФА е поголема од нејзиниот претседател


Амстердам – Кралската холандска фудбалска асоцијација (KNVB) издаде соопштение за иднината на ФИФА. Организацијата објави дека повеќе не му верува на раководството на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и верува дека се неопходни промени во структурата на организацијата. – Иднината на ФИФА мора да биде поголема од нејзиниот претседател. „KNVB“ повеќе не му верува на […]

Норвешкиот крал Харалд V ќе биде погребан на 9 септември


Осло– Норвешката кралска палата соопшти дека погребот на починатиот крал Харалд V ќе се одржи на 9 септември. Предвидено е церемонијата да се одржи во катедралата во Осло во 13 часот по локално време. Комеморативни служби вчера и денеска се одржа низ цела Норвешка. Десетици илјади Норвежани ја изразија својата тага во текот на викендот […]

На 5 септември Скопје ќе дише во духот на Веспата


Следната сабота Скопје ќе биде центарот на Веспа – мотоциклите. На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ не само љубителите на Веспа, туку и сите заинтересирани ќе може да уживаат во целодневен настан посветен на овие симпатични италијански мотоцикли кои се почесто се сретнуваат по македонските улици. Настанот нуди можност да се видат уникатни модели […]

Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје


Превозници организирани од домашната транспортна асоцијација „Макам-транс“  денеска од 12 до 14 ќе одржат протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната. Протестот е предупредувачки во пресрет на утрешниот состанок на Работната група во Брисел од кој превозниците очекуваат решение за […]

Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 31 август 2026 година, 243-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 9 минути. Денов трае 13 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Славниот тенор Хозе Карерас го воодушеви распродадениот Дубровник


Дубровник – Еден од најголемите тенори во светот на сите времиња, Хозе Карерас, приреди незаборавен музички спектакл пред распродадената публика во Дубровник. Во придружба на Симфонискиот оркестар на Дубровник, под диригентската палка на маестро Давид Хименез, легендарниот уметник ја воодушеви публиката со изведби кои уште еднаш потврдија зошто со децении има посебно место на светската […]

Турција заработи над една милијарда долари од турските серии


Истанбул- Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул присуствуваа на настан посветен на придонесот на турските телевизиски серии за имиџот на Турција во светот. На „Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“ беше истакнато дека една милијарда луѓе во 170 држави гледаат турски серии. Турција е трета земја во светот по снимање на […]

Грција вечерва отвора 126 археолошки локалитети и музеи без влезници


Атина – Археолошките локалитети, спомениците и музеите низ цела Грција вечерва ќе бидат отворени за посетители со бесплатен влез, како дел од традиционалниот настан посветен на августовската полна месечина, организиран од Министерството за култура по 27-ми пат. Централниот дел од програмата се одржува вечерва, 28 август, кога бројни културни објекти ќе им овозможат на посетителите […]

Галбрајт за смртта на Ратко Младиќ: Се надевам дека има пекол


Питер Галбрајт, првиот амбасадор на САД во независна Хрватска и еден од американските дипломати силно вклучени во мировните процеси за време на војните во поранешна Југославија, накратко коментираше за смртта на воениот злосторник Ратко Младиќ.   „Се надевам дека има пекол“ Заедно со линк до статијата на Њујорк Тајмс за смртта на Младиќ, Галбрајт напиша […]

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден


Тирана – Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) постави нов рекорд во однос на дневен проток на патници и летови. – На 17 август 2026 година, ТИА го забележа својот најпрометен ден во својата историја, со 60.291 патници и 326 летови за само 24 часа, соопшти ТИА. Според истиот извор, во текот на овој ден 32 авиокомпании […]