Грција вечерва отвора 126 археолошки локалитети и музеи без влезници


Атина – Археолошките локалитети, спомениците и музеите низ цела Грција вечерва ќе бидат отворени за посетители со бесплатен влез, како дел од традиционалниот настан посветен на августовската полна месечина, организиран од Министерството за култура по 27-ми пат.

Централниот дел од програмата се одржува вечерва, 28 август, кога бројни културни објекти ќе им овозможат на посетителите ноќни тури под светлината на полната месечина.

Археолошките локалитети, спомениците и музеите низ цела Грција вечерва ќе бидат отворени за посетители со бесплатен влез, како дел од традиционалниот настан посветен на августовската полна месечина, организиран од Министерството за култура по 27-ми пат.

Централниот дел од програмата се одржува вечерва, 28 август, кога бројни културни објекти ќе им овозможат на посетителите ноќни тури под светлината на полната месечина.

Програмата трае до недела, 30 август, и вклучува концерти, театарски и танцови претстави, изложби и организирани професионални тури, објавува Euronjuz.

Настаните се организирани од одделенијата на Генералниот директорат за антиквитети и културно наследство и Генералниот директорат за реставрација, музеи и технички работи, со поддршка на општини, региони и културни институции.

Според податоците на грчкото Министерство за култура, на настанот учествуваат вкупно 126 археолошки локалитети, историски места, споменици и музеи низ целата земја.

Културните програми ќе се одржат на 61 локација, додека дополнителни 65 објекти ќе бидат отворени за посетители без влезници.

Работното време зависи од локацијата, а некои објекти ќе бидат отворени од 19:30 или 20:00 до 23:00 часот, или до полноќ.

Програмата и списокот на сите локации се достапни на официјалната веб-страница на грчкото Министерство за култура.