Студено утро, топло преку ден


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен …

Студено утро, топло преку ден Read More »

Астрономски календар


Денеска е недела, 9 март 2025 година, 68-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 297 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 56 минути, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути. Денов трае 11 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Aгелер го посети Уставниот суд


Уставниот суд денеска соопшти дека претседателот на судот, Дарко Костадиновски остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, а се одржал и работен состанок со со судиите Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева, Јадранка Дабовиќ и Ана Павловска-Данева. Претседателот на Судот, Костадиновски ја информирал амбасадорката Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како …

Aгелер го посети Уставниот суд Read More »

Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023


Брисел – Во 2023 година Бугарија е земја со највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), потоа Франција (1,66) и Унгарија (1,55), соопшти Евростат. Ова е рекордно ниво за земјата од 1990 година, покажуваат податоците објавени денеска од европската агенција за статистика. Најниски нивоа во 2023 година биле регистрирани во …

Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023 Read More »

Не секој маж е џентлемен, ниту пак секоја жена е цвеќе за мирисање


Утре, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, …

Не секој маж е џентлемен, ниту пак секоја жена е цвеќе за мирисање Read More »

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати


Работниците во ФАКОМ производство и монтажа, поддржани од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), денеска излегоа на генерален штрајк поради неплатени плати. Според изјавите на претседателот на СИЕР, Игор Герасов, работниците не добиле јануарска, февруарска плата, К-15 за 2024 година и три последователни 13-ти плати. -Платите во …

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати Read More »

Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол


Дајмонд мол продолжува со поддршка на малите бизнис иницијативи. Од 6 до 9 март,  во Дајмонд мал се одржува „Базарот на ракотворби“, каде што 17 жени претприемачки и занаетчии ги презентираат своите уникатни производи. Настанот, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ја истакнува важноста на женското претприемништво и занаетчиство, обезбедувајќи …

Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол Read More »

Здравјето на норвешката принцеза Мете-Марит ѝ понатаму се влошува


Норвешката принцеза Мете-Марит ќе ги префрли своите кралски обврски бидејќи нејзината хронична белодробна фиброза „напредува“, објави Кралската палата на Норвешка . Престолонаследничката принцеза Мете-Марит (51) е мажена за престолонаследникот Хакон, престолонаследникот, а палатата ја објави нејзината дијагноза за состојбата во октомври 2018 година. Кралската куќа во здравственото ажурирање рече: „Хроничната пулмонална фиброза на престолонаследничката принцезата …

Здравјето на норвешката принцеза Мете-Марит ѝ понатаму се влошува Read More »

Најмоќните хороскопски знаци – родени лидери кои не се плашат од ништо


Некои од хороскопските знаци имаат посилен, интензивен карактер и личност од другите, што ги прави лидери и харизматични политичари или познати личности. Значи, овие знаци се сметаат за „помоќни“ во општествена смисла, што не значи дека генерално хороскопот е виновен за тоа.   Овен   Овните се еден од најмоќните знаци во Зодијакот. Тие се …

Најмоќните хороскопски знаци – родени лидери кои не се плашат од ништо Read More »

Секоја трета жена во ЕУ доживеала физичко или сексуално насилство или двете


Брисел – Во Европската Унија се наоѓаат некои од родово најрамноправните општества во светот, со што таа се наметнува како глобален репер за родовата еднаквост, порача еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб на денешната презентација на Патоказот на Европската комисија за правата на жените и на Извештајот за родова еднаквост за 2025 …

Секоја трета жена во ЕУ доживеала физичко или сексуално насилство или двете Read More »

Еве, што рекле за жените мудрите, искусните и славните


Секоја жена е беспомошна додека не и се исуши лакот на ноктите (Берт Рејнолдс). Треба да се земаат само убави жени; Инаку не постои начин да се ослободите од нив (Род Стјуарт). Не би рекол дека сите жени се исти, има и полоши (Анонимен).   Оние кои секогаш добро зборуваат за жените, не ги познаваат …

Еве, што рекле за жените мудрите, искусните и славните Read More »

Протест против молкот на власта за Кочоска- СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички


Пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува на пленарната седница посветена на 8 Март, ниту во работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности во Собранието. „Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ја изразуваме нашата почит и благодарност кон сите жени кои се бореле и кои и денес …

Протест против молкот на власта за Кочоска- СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички Read More »

Бах: Уверен сум дека Трамп ќе ги поддржи ОИ2028


Лозана – Американскиот претседател Доналд Трамп е долгогодишен поддржувач и промотор на Олимписките игри (ОИ) во Лос Анџелес во 2028 година, а Меѓународниот олимписки комитет (МОК) е уверен во неговата континуирана поддршка, изјави денеска претседателот на светското олимписко движење во заминување, Томас Бах. Игрите му беа доделени на Лос Анџелес во 2017 година, кога Трамп беше …

Бах: Уверен сум дека Трамп ќе ги поддржи ОИ2028 Read More »

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за …

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар Read More »

Кефалојани: Санторини е безбедна дестинација


Атина – Санторини веројатно е најголемиот бренд на Грција, сам по себе, островот е огромен бренд и обврска на сите нас, на државата, на локалната самоуправа е да ја гарантираме сликата на Санторини и главно да ја испратиме пораката дека Санторини е безбедна дестинација, истакна министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервјуто за …

Кефалојани: Санторини е безбедна дестинација Read More »

Комеморација во чест на Мижимаков во понеделник во Кинотека


Во средата, по кратко боледување, на 79-годишна возраст, почина филмскиот продуцент – Панче Мижимаков – Панта, еден од најплодните и најмаркантните филмски професионалци во македонската кинематографија. Роден во Велес 1946 година, тој уште како студент на белградската Академија за театар, филм, радио и ТВ во Белград, соработува со Академскиот киноклуб во Скопје и работи на …

Комеморација во чест на Мижимаков во понеделник во Кинотека Read More »

Албанија на една година го затвори ТикТок


Тирана – Албанската влада вчера одлучи да го затвори ТикТок на 12 месеци поради ” содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”. Министерката за образование Огерта Манастрилиу рече дека службениците се во контакт со ТикТок за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на …

Албанија на една година го затвори ТикТок Read More »

Левица со Предлог – закон за зголемување на породилното отсуство од девет на 18 месеци


Портпаролот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, денеска на прес – конференција информира дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство. – Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која …

Левица со Предлог – закон за зголемување на породилното отсуство од девет на 18 месеци Read More »

М-НАВ: Со Министерството за одбрана и ЕВН ја подигнуваме безбедноста на авиосообраќајот


М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН договориле соработка за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на уредите на планинскиот врв Солунска глава. На надморска височина над 2.500 метри, како резултат на променливи временски услови, соопштија денеска од М-НАВ, може да дојде до нарушување во снабдувањето со електрична енергија. За да се избегнат и намалат ваквите …

М-НАВ: Со Министерството за одбрана и ЕВН ја подигнуваме безбедноста на авиосообраќајот Read More »

Вечерва гласање во грчкиот Парламент за недоверба на Владата – закажани низа протести во цела Грција


Атина – Пратениците во грчкиот Парламент, вечерва ќе одлучуваат по барањето на четирите опозициски партии за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи, додека низ цела Грција закажани се нови протест, јави дописничката на МИА од Атина. Гласањето е на крајот од тридневната расправа што започна во средата, а засега, не се очекува предлогот …

Вечерва гласање во грчкиот Парламент за недоверба на Владата – закажани низа протести во цела Грција Read More »