Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 26 август 2025 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Трамп бара одземање на лиценците на Еј-Би-Си и Ен-Би-Си поради „пристрасно известување“


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп повика регулаторите да ги одземат лиценците на националните телевизиски мрежи Еј-Би-Си и Ен-Би-Си, обвинувајќи ги за „пристрасно и нечесно“ известување. Во објави на својата платформа Трут Соушл, Трамп напиша дека и покрај неговата висока популарност, овие канали објавуваат „97 отсто лоши приказни“ за него и известуваат неправедно за Републиканците. […]

Марија Шарапова примена во тениската Куќа на славните, ја воведе Серена Вилијамс


Марија Шарапова беше примена во тениската Куќа на славните во Њупорт, Роуд Ајленд, во сабота, 23 август. Шарапова собра рекорд од 645-171 во текот на својата кариера и освои 36 титули во поединечна конкуренција. Таа заработила близу 39 милиони долари. Русинката ја започна својата професионална кариера на 14-годишна возраст во 2001 година, само неколку години […]

Кејт Мидлтон ја покажа најсветлата коса досега за време на семејниот излет во Шкотска


Дури и за време на скромниот августовски одмор во Балморал, принцезата од Велс сè уште може да предизвика шпекулации. Најновата причина? Нејзината навидум многу посветла боја на косата, снимена низ шофершајбната на автомобилот додека таа и нејзиното семејство патуваа кон црквата во Кратхи Кирк, Абердиншир, во недела наутро. Дали всушност станала целосно руса, останува да […]

Памела Андерсон и Лиам Нисон сепак биле во „врска“ заради публицитет, веќе не се заедно


Памела Андерсон и Лиам Нисон го привлекоа вниманието на јавноста со нивната гласини за романса, но најновите извештаи сугерираат „раскинување“. Превртувањето е во тоа што наводно немало крај на врската. Според ексклузивен извештај, јавните моменти што обожавателите ги протолкуваа како спојување биле дел од координиран публицитет. Како такви, се чини дека нема раскинување за кое […]

Украина го осуди онлајн- учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал


Киев – Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал. „Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската […]

Како Иствуд го убеди Хекман да ја прифати улогата што му донесе Оскар?


  Ремек делото на Клинт Иствуд од 1992 година, „Unforgiven“, со право се смета за еден од најголемите вестерни некогаш снимени, а за него се зборува и денес, повеќе од три децении подоцна. Иствуд, кој ја изгради својата кариера врз вестерните, храбро ги деконструираше сите наративни елементи и тропи на жанрот со овој филм, создавајќи […]

Ана Петановска со награда за најдобра интерпретација на фестивал во Шибеник, доби понуда за соработка со „Кроација рекордс“ 


  Ана Петановска освои награда за најдобра интерпретација на фестивалот Далматинска шансона во Шибеник, Хрватска. Една од најталентираните поп-пејачки кај нас ја испеа песната „Само љубав постоји“, со музика на Григор Копров, текст на Роберт Пилепиќ, и аранжман на нејзиниот брат, Стефан Петановски. „Ана растури во Шибеник, ова беше една од нејзините најдобри изведби, доби […]

Агенцијата за филм е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“ : Се снима во Истанбул, Скопје и Валандовско


Агенцијата за филм информира дека е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“, нова серија во продукција на NS Продукција за дигиталната платформа Tabii на TRT, под режија на познатиот турски режисер Мустафа Котан, чие снимање се реализира во Истанбул, Скопје и селото Башибос во Валандово, што, како што велат, симболично ја зацврстува културната […]

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во […]

Се комплетира тимот од странски експерти кои ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници


Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници. Листата со имиња на странските експерти, како што најави министерот за здравство Ази Алиу, треба да биде комплетирана денеска. Алиу во саботата изјави дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а […]

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови


Под мотото „Побарај ја забавата“ денеска почнува петнаесетото издание на Баскерфест – еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија. Како што најави организаорите, фестивалот годинава е во форма на караван, односно, на 13 локации во девет градови низ земјава од 25 август до 6 септември на уличните сцени ќе продефилираат преку 20 интернационални артисти од […]

Заврши годишниот одмор за пратениците


Годишниот одмор за пратениците официјално заврши. Работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. Освен брифингот со новинарите, на собраниската веб страна нема најави за други активности сѐ […]

Сончево со температура до 32 степена


Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во […]

Поетите на СВП создаваа стихови со вината на Тиквеш


Струшките вечери на поезијата ја продолжија неколку децениската соработка со винарската визба Тиквеш. Поетите за време на фестивалот, од 21 до 25 август, уживаа во одбраните македонски вина на Тиквеш, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното испишани низ годините, на етикети од посебна едиција, која е уникатен спој на виното и […]

Венценосецот Иван Штрпка избран за почесен член на ДПМ


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка , овогодишен лауреат на Златниот венец на СВП , е избран за почесен член на ДПМ. Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на СВП, на Штрпка, му беше […]

Врачени највисоките признанија на Струшки вечери на поезијата


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка синоќа на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2025 година на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата.    На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 25 август 2025 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Многу е важно да твориме и да се читаме, среде несигурниот свет каде вредностите се разнишани, вели лауреатот Иван Штрпка


Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 64. издание на меѓународната поетска манифестација. Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека задоволството е големо што токму тој се вброи во друштвото одлични […]