„Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, монографија за композиторот Кире Костов


Во Битола вечер ќе биде промовирана монографија посветена на македонскиот композитор Кире Костов, која авторите Марко Коловски и Снежана Чадиковска Атанасова ја насловија според една од многуте хит песни „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“. Маестро Кире Костов (1949-2023), автор на над 700 песни, првите чекори во музиката ги направи во родниот град Битола […]

Војна во „Венити фер“: Никој не ја сака Меланија Трамп на насловната страница


Новиот шеф на „Венити фер“ сака првата дама Меланија Трамп да ја краси посакуваната насловна страница на престижното списание – оставајќи го незадоволниот персонал да се заканува дека „ќе си даде отказ“ ако се случи тоа. Глобалниот уреднички директор на модното списание, Марк Гвидучи, ја спомена можноста да ја стави сопругата на претседателот Трамп на […]

Сончево и потопло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 27 август 2025 година, 239-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 126 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 16 минути. Денов трае 13 часа и 21 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Тамара Котевска ги спојува најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност


Тамара Котевска по успехот со  „Медена земја“, (три награди на Санденс и две номинации за Оскар) и долго патешествие со „The Walk“ со сириските бегалци низ Европа, со новите два документарци ги освојува и најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност – Сибир и Венеција. Светската премиера на нејзиниот трет долгометражен документарен филм „Силјан“е […]

Собранието на Косово избра претседател по четири месеци и 58 обиди


Приштина – Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово. Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер. На почетокот на седницата, […]

Кетлин Тарнер се појави на римејкот на „Војната на ружите“ среде битката со ревматоиден артритис


Ѕвездата од 80-тите и една од најубавите актерки во тоа време, Кетлин Тарнер се појави на црвениот килим  за да го поддржи новиот филм „Ружите“, римејк на нејзиниот филм од 1989 година „Војната на ружите“. 71-годишната актерка им се придружи на ѕвездите Бенедикт Камбербач и Оливија Колман на црвениот тепих на настанот во понеделник вечерта […]

Прва проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ во Драмски 


Во пресрет на новата театарска сезона, во Драмски театар Скопје денес се одржа првата проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“. Директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, му посака добредојде на режисерот Ненад Витанов, а на колегите им посака успешен процес на подготовка на четвртата претстава од годинешната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура […]

Силно македонско присуство на венециска Мостра, ѕвездена конкуренција за „Златен лав“


Два македонски филма ќе имаат светска премиера на  82. издание на Венецискиот филмски фестивал  кој стартува утре и ќе трае до 9 септември. „Мајка“ на  режисерката Теона Стругар Митевска ќе ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“, а документарниот филм „Силјан“ на Тамара Котевска ќе се прикаже вон конкуренција во програмата за документарци. Првпат два македонски филма […]

Зои Кравиц: Со Хари Стајлс или со Остин Батлер?


Хари Стајлс можеби ја пронајде својата нова муза – а обожавателите не можат да престанат да зборуваат за тоа. Поранешниот пејач на One Direction, 31, и актерката Зои Кравиц, 36, единственото дете на поп-ѕвездата Лени Кравиц, го преплавија интернетот откако беа забележани како шетаат рака под рака низ улиците на Рим во видео од обожавател […]

Поетите од СВП наздравуваа со врвни вина во Кавадарци: „Тиквеш“ и годинава инспирација за светска поезија 


Врвна поезија се наздравуваше со врвни вина и гастрономско мени, на врвна локација, вчера, во Винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци. Во чест на 140-годишниот јубилеј, најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП) […]

Трамп ѝ се закани на Европа заради даноците на Гугл, Епл и Aмазон


Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се закани на земјите што имаат дигитални даноци со „дополнителни царини ex-post“ на нивните стоки доколку не ги укинат регулативите. Извори претходно изјавија дека администрацијата на Трамп размислува за воведување санкции врз службениците на Европската Унија или земјите-членки одговорни за спроведување на Законот за дигитални услуги што Унијата го […]

Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза – светицата на бедните


Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за […]

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата“ во срцето на Сиднеј


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс […]

Последниот партнер на Џеки О. Кенеди почина на 95 години


Морис Темпелсман, долгогодишен партнер на Жаклин Кенеди Оназис до нејзината смрт, почина на 95 години по компликации од пад, според неговиот син, Леон. Темпелсман беше белгиско-американски магнат за накит кој се збогати продавајќи дијаманти од Златниот Брег на Африка. Сепак, тој можеби беше најпознат по својата врска со Кенеди Оназис, која жестоко ја заштитуваше и […]

Ги отстрани филерите? Донатела Версаче со новиот, природен изглед, изненади 


Славната италијанска дизајнерка Донатела Версаче ги изненади обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. 70-годишната дизајнерка со години ги поттикнува шпекулациите за својот изглед, иако јавно призна дека користи само ботокс. На фотографијата направена на зајдисонце, Донатела позира во бел фустан со светки, истакнувајќи ја нејзината витка фигура и свеж тен. Многумина веднаш забележаа […]

Трамп тестира до каде оди неговата моќ, ја отпушти гувернерката Кук бидејќи земала два станбени кредити


Вашингтон   -Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја отпушта гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, поради наводни неправилности при добивање хипотекарни кредити. Во јавноста, потегот на Трамп се оценува како чекор без преседан што би можел да ги тестира границите на претседателската моќ над независното тело за монетарна политика, доколку биде оспорено на суд. Трамп […]

Без струја делови од Центар и Карпош


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците на бул. Партизански одреди бр.15, односно станбените објекти околу објектот – Луна бизнис центар во Општина Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја од 11.00 до 15.00 часот, ќе останат и […]

Нема да се уриваат 30-годишните столбови на пругата до Крива Паланка, решението е во еврокодовите


Надминат е конструкторскиот проблем со столбовите на мостовите на пругата во изградба Бељаковце – Крива Паланка, втората делница за желеничкото поврзување на Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Веќе се врши препроектирање за столбовите изградени пред 30-ина години, а домашните експерти вклучени во работите очекуваат временските и финансиските импликации да бидат на најниско можно ниво. […]

Изложба „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни


Скулпторот Озбек Ајваз вечер, во 20 часот, во Мобилна/Монтажна галерија, локација: Парк на франкофонија, ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. -Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. […]