Втора етапа од „Турата низ главните градови“ на Кошта


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ја продолжува својата „Тура низ главните градови“ започната минатиот понеделник, во чии рамки ги посетува земји членки на ЕУ, при што со нивните лидери разговара за актуелни прашања поврзани со Унијата, нивните политички приоритети и методите на работа на Советот.  Целта на оваа турнеја на Кошта е […]

Десет години подоцна: Како мигрантскиот бран од 2015 ги редефинираше европските општества


Десет години по почетокот на мигрантскиот бран од 2015 година, комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, изјави дека Европската унија решава кој може, а кој не може да ги помине нејзините граници. За да се справи со натамошното пристигнување на мигранти од земји надвор од ЕУ, тој повика на поефикасно враќање на мигрантите и […]

Брус Спрингстин и Доналд Трамп „ лице в лице“ на Отвореното првенство на САД


Њујорк – Од радиодифузерите беше побарано да ја цензурираат негативната реакција на присуството на Доналд Трамп на машкото финале на Отвореното првенство на САД во Квинс, Њујорк, во неделата. Но, не можеше да се маскира непријатноста кога Трамп веројатно сфати дека Брус Спрингстин седи само неколку метри подалеку. Спрингстин, се разбира, ги помина изминатите неколку […]

Синер: Дадов сè од себе. Не можев повеќе


Њујорк – Карлос Алкараз го освои Отвореното првенство на САД победувајќи го првиот светски тенисер Јаник Синер со 6-2, 3-6, 6-1, 6-4. Тоа беше неговиот шести Гренд слем и втора титула во Њујорк, негова прва во 2022 година. Тоа беше нивниот 15-ти натпревар и 10-та победа на Алкараз; тој го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, […]

Едрењето – глас за бесшумно пловење по Охридско Езеро


Едрењето е еко-глас за бесшумно пловење и заштита на Охридско Езеро од бучавата што ја прават моторизираните бродови, глисери, катамарани и други пловни средства по езерото. Но, пловењето со едрилица е и отворена борба против фосилните горива кои ја загадуваат водата и штетно влијаат врз животинскиот свет во езерото, велат професионалните скипери/едриличари со кои заедно […]

Зошто Кендрик Ламар не отиде на MTV VMA наградите 2025 , дури и со 10 номинации


Њујорк – Кендрик Ламар имаше 10 номинации на синоќешните MTV VMA награди,во „УБС Арена“ но тоа не беше доволно за да го натера да оди на шоуто. Ламар отсуствуваше од церемонијата и освои само една награда во техничка категорија: Најдобра кинематографија за „Not Like Us“. Тој остана надвор од социјалните медиуми таа вечер, држејќи се […]

Зошто Тејлор Свифт ги пропушти „Ем-ти-ви“ наградите, и покрај нејзината голема номинација


Њујорк – Тејлор Свифт одлучи да не присуствува на доделувањето на наградите и да ги пропушти овогодинешните MTV VMA во Елмонт, Њујорк. Пред музичкиот настан, E! потврди дека пејачката нема да биде на церемонијата. Изборот на Свифт е разбирлив, бидејќи таа беше номинирана само за една категорија оваа година – но во една голема: Уметник […]

Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“


Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена […]

Автобусите на ЈСП – Скопје сообраќаат по неделен возен ред


Поради државниот празник „8 Септември“ – Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред. Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар. Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи.  – Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, […]

Мараја Кери во боди со 276 карати дијаманти ја прими најпосакуваната статуетка на „Ем-ти-ви“ 


Њујорк– Мараја Кери е годинешната добитничка на најпосакуваната статуетка на доделувањето на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви, кое се одржа синоќа  во „УБС Арена“ во Њујорк- „Мајкл Џексон видео вангард “ на Ем-ти-ви. Наградата беше именувана во чест на кралот на поп- музиката во 1991 година, но се чинеше дека мрежата донекаде ја минимизира […]

„Индексот е посилен од пендрекот“: Студентите денеска на протест пред Владата на Србија


Белград– Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за денеска попладне протест под мотото –  „Индексот е посилен од пендрекот“. „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите. На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот. Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата […]

Евробаскет 2025: Грција последен четвртфиналист


Рига– Репрезентацијата на Грција е последната која избори четвртфинале на Евробаскетот откако синоќа во осминафиналето го совлада Израел со 84:79 (28:22; 22:19; 17:18 и 17:20). Грција предводена од Јанис Адетокумбо одигра ефикасни две први четвртини со постигнати 50 поени. Но, Израел не се предаде и со серија 10-2 намали на три негатива (54:51). Неизвесна беше […]

Триумф на Лејди Гага на видео музичките награди на „Ем-ти-ви“ во Њујорк


Њујорк– Доделувањето на видео музичките награди на MTV го потврди својот статус како најлуда ноќ во музичкиот свет оваа година. Престижната церемонија се одржа во недела во UBS Arena во Њујорк, каде што најголемите музички ѕвезди се бореа за иконската статуетка Moon Person. Лејди Гага освои четири награди, а Аријана Гранде три Лејди Гага, која […]

Трамп дремна, откако направи хаос на финалето на УС Опен


Њујорк – Финалето на тенискиот турнир на Отвореното првенство на САД во машка конкуренција во сингл синоќа беше одложено за 50 минути поради безбедносни проверки и зголемени безбедносни мерки поради доаѓањето на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој беше пречекан од дел од публиката со протести, додека дел го пречека со аплауз. Невознемирен, […]

Мицкоски стигна да ја отвори и новата поставка во Националниот археолошки музеј


Во пресрет на Денот на независноста синоќа во Археолошкиот музеј е отворена обновената музејска поставка со којашто нашето културно наследство е прикажано на подостапен и интерактивен начин. На површина од 6.000 метри квадратни, распоредени во 107 модерни витрини, посетителите ќе можат да откријат повеќе од 5.000 археолошки предмети – од палеолитските алатки, неолитските култури, бронзеното […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, соопшти […]

Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот


Њујорк – Шпанецот Карлос Алкараз е победник на годинашниов УС опен откако синоќа во финалето го совлада Јаник Синер од Италија со 3:1 во сетови (6:2; 3:6; 6:1 и 6:4). Со овој триумф тој „го симна“ Синер од првата позиција на АТП листата. Во мечот Алкараз од самиот почеток наметна контрола на играта и без […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 8 септември 2025 година, 251-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 114 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 7 минути, а ќе зајде во 18 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка


Рига – По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија. –  Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од […]

Венецискиот Златен лав за „Татко Мајка Сестра Брат“ на  Џим Џармуш


Венеција –  Американскиот инди-режисер Џим Џармуш го освои посакуваниот Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција во саботата со „Татко Мајка Сестра Брат“, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца. Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги […]