Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од УХМР, во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19  јуни 2025 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 41 …

Астрономски календар Read More »

Националниот павилјон на 60. Венециско биенале од 2024 во Чифте амам


Во Националната галерија во Чифте амам вечерва во 29, 30 часот ќе биде отворен македонскиот павилјон на 60. Меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024 година. Станува збор за проектот „Inter Spem et Metum“ на уметничката Славица Јанешлиева. Трансмедијалниот и транснаративен проект „Inter Spem et Metum“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена …

Националниот павилјон на 60. Венециско биенале од 2024 во Чифте амам Read More »

Ал Пачино е првата филмска ѕвезда во аудиенција кај папата Лав XIV


Холивудската актерска легенда Ал Пачино стана првата филмска ѕвезда што се сретна со папата Лав XIV. 85-годишниот Оскаровец беше во аудиенција кај новиот американски папа, избран по смртта на папата Франциск, во Ватикан во понеделник. Според извештаите во Италија, Пачино пристигна во Рим со приватен авион од Њујорк во текот на викендот. „Ни претставува чест …

Ал Пачино е првата филмска ѕвезда во аудиенција кај папата Лав XIV Read More »

Поведена постапка за вчерашниот инцидент во Чаир


По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за  насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и …

Поведена постапка за вчерашниот инцидент во Чаир Read More »

„Постхуманизам и книжевност“: Јубилејна Регионална конференција на Македонскиот ПЕН центар во Охрид и во Струга


Од 19 до 21 јуни Македонскиот П.Е.Н. центар ќе ја одржи јубилејната ХХ Регионална конференција, на која ќе учествуваат дваесет и пет писатели од девет ПЕН центри. Темата на годинешниот Симпозиум е „Постхуманизам и книжевност“. Писателите низ дијалог ќе се обидат да најдат одговори на низа актуелни прашања за статусот на книжевноста и уметноста во …

„Постхуманизам и книжевност“: Јубилејна Регионална конференција на Македонскиот ПЕН центар во Охрид и во Струга Read More »

Овчи сипаници и ентероколити, биле најчести заразни заболувања во мај


Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во месец мај, се овчите сипаници со вкупно 445 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 49,3 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 50,2 отсто, наведено е во билтенот што го објави Институтот за јавно здравје. „На …

Овчи сипаници и ентероколити, биле најчести заразни заболувања во мај Read More »

Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион


И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица. Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата …

Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион Read More »

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во Филхармонија


Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во Филхармонија е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември. „Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и …

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во Филхармонија Read More »

Нов состав на УО на ВВ „Тиквеш“, Јане Јаневски претседател на Надзорен одбор


Винарската визба „Тиквеш“ ја извести „Македонска берза“ дека е одреден нов состав на Управниот одбор на акционерското друштво, а за претседател на Надзорниот одбор е избран Јане Јаневски, синот на Светозар Јаневски. „Со Одлука од седница на Надзорен Одбор, поради истек на мандатот се констатира престанок на функциите на членовите на Управниот одбор на Друштвото …

Нов состав на УО на ВВ „Тиквеш“, Јане Јаневски претседател на Надзорен одбор Read More »

„Лавиринт“ – Тамара со нова песна и спот со мама, тато и пола естрада (видео)


Тамара Тодевска ја сними новата песна „Лавиринт“, во која соработува со Игор Џамбазов и Роберт Билбилов. Џамбазов е автор на текстот, а Билбилов на музиката и на аранжманот. „Оваа песна е напишана пред неколку години, а Тамара веројатно ја чувала за некој вистински момент како овој“, ни рече Џамбазов, кој заедно со Билбилов е автор и на …

„Лавиринт“ – Тамара со нова песна и спот со мама, тато и пола естрада (видео) Read More »

Лиам Нисон и Памела Андерсон се ѕвездите на „Голиот пиштол“, најавата ги воодушеви фановите


Студиото „Парамаунт пикчерс“ објави официјално соопштение за долгоочекуваното рестартирање на познатата серија „Голиот пиштол“. Крими-комедијата, која се појавува на големото платно на 31 јули, го игра Лиам Нисон како инспектор Френк Дребин Џуниор, син на Френк Дребин од оригиналните филмови, кој го играше покојниот Лесли Нилсен. Памела Андерсон му се придружува како Бет, фаталната жена …

Лиам Нисон и Памела Андерсон се ѕвездите на „Голиот пиштол“, најавата ги воодушеви фановите Read More »

Наградата Ѓорѓи Македонски за Рисима Рисимкин


На Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој се одржа по петти пат, чиј уметнички директор е  м-р Маја Каревски, а е во организација на Детскиот културен центар од Карпош, кој го води директорката д-р Бињана Лалчевска Серафимовска, беше воспоставена наградата „Ѓорѓи Македонски“ според основоположникот на македонскиот балет, кој постхумно доби награда за неговата …

Наградата Ѓорѓи Македонски за Рисима Рисимкин Read More »

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик


Бошњачкиот демократски сојуз денеска на прес-конференција соопшти дека во својство на политички и национален претставник на македонските граѓани кои се припадници на бошњачкиот народ, покренал иницијатива за дополна на Кривичниот законик со која се бара во ставот 3 од член 407-а од КЗ, по зборот „холокауст“ да се додадат зборовите „геноцидот во Сребреница“.  Конкретниот предлог …

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик Read More »

Докторот кој му дал кетамин на Метју Пери и го нарекол „идиот“ ќе се изјасни за виновен


Лос Анџелес  — Доктор обвинет дека му дал кетамин на Метју Пери во месецот пред смртта од предозирање на ѕвездата од „Пријатели“ ќе се изјасни за виновен, според договорот поднесен во понеделник на судот. Д-р Салвадор Пласенсија се согласил да се изјасни за виновен по четири точки за дистрибуција на кетамин, според потпишаниот документ поднесен …

Докторот кој му дал кетамин на Метју Пери и го нарекол „идиот“ ќе се изјасни за виновен Read More »

Адел и Мајли Сајрус: Дуетот кој не го очекувавме воодушеви (видео)


Музичките легенди Адел и Мајли Сајрус од различни генерации, но со разводи зад себе, ги споија моќните гласови во филмската тема „No Good Woman“ која потсеќа на песните за Џејмс Бонд и евергринот „Мојот пат “ на Френк Синатра. Дуетот кој не го очекувавте го има најновиот хит кој го обиколува светот, со моќната изведба, …

Адел и Мајли Сајрус: Дуетот кој не го очекувавме воодушеви (видео) Read More »

Пијанистот Дино Имери со триумфално концертно деби во Виена: Ми се оствари сонот


Македонскиот пијанист Дино Имери имаше триумфален прв настап во срцето на класичната музика – Виена. Тој одржа незаборавен концерт на сцената на престижниот „Бехштајн Центрум“, а неговото претставување беше наградено со бурни аплаузи од многубројни љубители на музиката, меѓу кои и истакнати уметници и музички професионалци. Имери, кој првпат настапи пред виенската публика, го изведе …

Пијанистот Дино Имери со триумфално концертно деби во Виена: Ми се оствари сонот Read More »

Се снима ТВ серија за најтрагичната американска љубовна приказна


„Американска љубовна приказна“ на Рајан Мерфи ќе ја следи една од најпознатите – и трагични – романси во земјата: Џон Ф. Кенеди Џуниор и Керолин Бесет-Кенеди. На фотографиите на Инстаграм објавени од продуцентската куќа на Мерфи на 13 јуни, актерите Сара Пиџон и Пол Кели се прикажани во полн гламур и костими синот на 35-от …

Се снима ТВ серија за најтрагичната американска љубовна приказна Read More »

Персоналот алармира дека Лувр се распаѓа поради масовниот туризам


Париз – Лувр, најпосетуваниот музеј во светот и глобален симбол на уметност, убавина и издржливост, издржа војна, терор и пандемија – но во понеделник, беше затворен од сопствениот штрајкувачки персонал, кој вели дека институцијата се распаѓа под тежината на масовниот туризам. Тоа беше речиси незамислива глетка: дом на делата на Леонардо да Винчи и милениуми …

Персоналот алармира дека Лувр се распаѓа поради масовниот туризам Read More »

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче


 Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. …

Бранителот на Велибор Манев бара ослободителна пресуда за убиствата, а осудителна за грабнувањата на Вања и Панче Read More »