Мики и Светлана Црнокрак: Секој ден ни е 8 Март


Мики (50) и Светлана (42) Црнокрак, сопственици на модното студио „Црнокрак“, важат за една најстабилните брачни двојки во македонскиот шоу-бизнис. На јавни настани ретко ќе ги видите еден без друг, често и со децата Моника и Нина, кои речиси израснаа на модните писти кај нас. Секогаш дотерани, во топ-форма, професионални и максимално посветени на работата. […]

Марго Роби е новото лице на „Шанел“


САД- Актерката Марго Роби можеби не освои „Оскар“  за улогата во „Јас, Тоња“ на церемонијата во неделата, но сè  уште постои вистинска прилика за прослава. По исклучително елегантното претставување на црвениот тепих во едноставен бел фустан на дизајнерот Карл Лагерфелд, ѕвездата од “Јас, Тонја” беше официјално прогласена за амбасадор на легендарната француска модната куќа „Шанел“. […]

Ашер се разведува по три години брак


САД- Ашер и неговата сопруга, Грејс Мигел, се разведуваат по помалку од три години брак. Тие живееле одделени некое време, и според блиските причина за крајот на нивниот брак, било неверство на ѕвездата. “По долги размислувања и разговори, решивме да се поделиме како двојка. Ние остануваме поврзани и ќе продолжиме да си бидеме поддршка во […]

Добитникот на 4 оскари „Обликот на водата“ од утре во кината низ Македонија


Добитникот на четири награди Оскар – филмот „Обликот на водата“ на режисерот Гилјермо Дел Торо од утре ќе се прикажува на редовен репертоар во кината низ Македонија. Беше номиниран во 13 категории, а Оскар освои во четири – за најдобар филм, најдобра режија, најдобра сценографија и најдобра музика. „Обликот на водата“ е приказна од времето […]

Ивана Кнез со модна кампања за 8 март: Од жена за жени


„Од жена за жени“ е мотото на модната кампања на дизајнерката Ивана Кнез од студио „Драма“ по повод осум години постоење. Кнез има за цел да ја зајакне моќта на индивидуализмот на секоја жена во Македонија. „Работам за секоја жена, стојам позади секоја жена, без разлика на нејзината социјална и  општествена припадност и статус. Не […]

Трамп: Малата гледаност на Оскарите е поради недостиг на ѕвезди како мене


САД-Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се пошегува за ниската гледаност на доделувањето на Оскарите. – Најниска гладаност на Оскарите во историјата. Проблемот е што повеќе немаме ѕвезди – освен вашиот претседател, напиша Трамп на Твитер. Церемонијата на доделување на Оскарите ја следеле 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број. Првпат доделувањето на Оскарите го […]

Порно глумицата Сторми го тужи Трамп


САД-Порно глумицата Сторми Даниелс поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, со која бара да се поништи договорот кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година. Таа вели дека договорот не е во ред затоа што ја спречил да зборува за наводните сексуални средби со Трамп. Во тужбата, поднесена во Виш суд […]

Луксузен дом во Скопје во „Форбс“: Чиј е апартманот инспириран од Салвадор Дали?


Луксузен дом во Скопје, инспириран од стилот на славниот уметник Салвадор Дали кој се нуди на Airbnb за 44 долари од ноќ, се најде на листата на препораки на престижниот економски магазин „Форбс“, заедно со луксузни апартмани во сличен стил, но поскапи за издавање- во Париз, Франција и Сараево, БиХ. Како што пишува „Форбс“, овој […]

Имагинација и нова локација: Пролетниот моден викенд во Универзитетска библиотека


Моден викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „Што ја храни вашата имагинација“ (Њхат феедс ѕоур имагинатион?). Во нов и необичен амбиент -Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изминатиот викенд пред фото објективите застана новото заштитно лице на „Моден викенд“  Мануела […]

( Фото) Моделот Шанел Иман се омажи во две венчаници на Зухаир Мурад


САД– Топ- моделот Шанел Иман, по една година врска, се омажи за спортската ѕвезда Стерлинг Шепард на романтична церемонија во Лос Анџелес. Во кругот на пријателите и најблиските, двојката ја прослави својата љубов, а Шанел се појави во две венчаници на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Венчаниците се стилски многу слични. Се работи за фустани со […]

Уапсен гостинот кој и го украде „Оскарот“ на Френсис Мекдорманд


САД-Полицијата во Лос Анџелес потврди дека Тери Брајант бил уапсен за кражбата откако„Оскарот“ на Френсис Мекдорманд, годинешната победничка во категоријата најдобра женска улога, ненадејно исчезнала од театарот „Долби“ во Лос Анџелес.Уапсениот е на 47 години а бил ослободен , со кауција од 20.000 долари и под закана за  тужба. Крадецот имал уреден билет  за официјалната […]

Доделувањето на Оскарите со рекордна ниска гледаност во САД


САД– Свеченоста за доделување на наградата „Оскар“ годинава привлекла рекордно низок број ТВ гледачи во САД – 26,5 милиони, односно првпат под 30 милиони. Вообичаено, вечерта на „Оскарите“ е најгледаното ТВ шоу по Супербоул натпреварот, но тоа не беше случај и годинава. Имено, „Оскарите“ викендов го гледале помалку луѓе и од Зимската олимпијада минатиот месец, […]

Постоскаровски забави: Опуштено до сабајле


САД– Холивудски ѕвезди, актери и манекенки се дружеа со шампањско и луксузна ужина синоќа на забавите по доделувањето на оскарите, пресоблечени во нови тоалети и костуми. Гувернерскиот бал, кој е официјална забава по доделувањето на најголемите филмски награди во Холивуд, беше првата забава за повеќето од гостите. Недалеку оттаму се одржуваше забавата, во организација на […]

Накитот на Оскарите 2018: Ѕвездите носеа дијаманти од 30 милиони долари


САД-Накит и часовници вредни 30 милиони долари прошетаа ѕвездите синоќа на црвениот килим на 90. Оскари во Лос Анџелес. Номинираните за Оскар и презентерите  блескаа со дијамантите и смарагдите на престижните златарници како „Шопар“, „Тифани“, „Хари Винстон“, „Булгари“, „Пјаџет“ и „Монблан“. Не се само тоалетите и костумите важни за најважната филмска ноќ во светот. Изборот […]

Црвениот килим на 90. Оскари: Кој воодушеви, а кој потфрли?


САД– Оскаровката Никол Кидман воодушеви со синиот фустан со голема панделка на „Армани Приве“ синоќа на црвениот килим на  90. Оскари во Лос Анџелес. Номинираната за „Оскар“ Марго Роби изгледаше прекрасно во фустан на „Шанел“, а Џенифер Лоренс играше на сигурно во златната тоалета со потпис на „Диор“. Јубилејното доделување на најпрестижните филмски награди беше […]

Триумф на „Обликот на водата“ и на Гилјермо дел Торо на 90. Оскари


САД– “Обликот на водата“, фантастичната романтична драма на мексиканскиот режисер Гилјермо дел Торо, беше прогласен за најдобар филм на 90. доделување на „Оскари“, синоќа во Лос Анџелес. Дел Торо го доби „Оскарот“ и за најдобар режисер Филмот имаше 13 номинации, а на крајот се закити со четири статуетки, оставајќи го благиот фаворит „Три билборди пред […]

Пенелопе Круз доби „Цезар“


Франција– Шпанската актерка Пенелопе Круз ја доби престижната награда „Цезар“ за извонредно достигнување во светското кино. Годишната церемонија се одржа во париската концертна сала “Плоча”. Наградата и ја врачи француската актерка Марион Котијар, која истакна дека Круз “е извор на инспирација за многу актерки во светот”. “Твојата работа во филмот од Педро Алмодовар” Враќање “е […]

Кит Ричардс му си извини на Мик Џегер за изјавата дека треба да направи вазектомија


САД– Гитаристот на легендарната британска рок група “Роулинг Стоунс” Кит Ричардс поднесе јавно извинување кон Мик Џегер, откако пред американски весник изјави дека е крајно време поранешниот вокалист на бендот да си направи вазектомија. “Длабоко жалам за коментарите кон Мик пред ” Волстрит џурнал “, кои беа крајно несоодветни. Јас, се разбира, му се извинив […]

50 години кариера: Ексклузивен концерт на Јосипа Лисац на 20 април во Скопје


Регионалната ѕвезда Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија, во организација на „Авалон продукција“. Влезниците се пуштени во продажба […]

Ексклузивен директен пренос од „Оскарите“ со Миланка Рашиќ


Миланка Рашиќ,  ТВ автор и продуцент, и оваа година ќе биде коментатор на доделувањето на филмските награди Оскар, во ексклузивниот директен пренос на ТВ Сител, вечерва, од 23.35. Телевизиските права за емитување на преносот во Македонија и оваа година ги откупи агенцијата на Миланка Рашиќ, „Миракс“. Церемонијата на доделување на најпрестижните филмски награди во светот […]