Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден кога треба да ја проговорите својата вистина и така ќе ја вратите својата сила и ќе бидете освежени. Знајте дека веќе имате стигнато на целта, така што ако треба да се повлечете од некои ситуации направете го тоа без отпор. Препуштете му се на овој божествен дар.

БИК: Далекосежно влијание – вашата вистина далеку се слуша и успевате да се одбраните од нападите на оние што не ве прифаќаат какви што сте. Можни се изненадувања, особено на работното место, но најважен ќе е вашиот личен став. Креативност. Романса.

БЛИЗНАЦИ: Работите ескалираат, како природна катастрофа што не може да се спречи. Позитивната страна на сето ова е бистрината и будноста на вашиот ум, но внимавајте на емотивната истоштеност. Откажете се од непотребното доброволно. Бидете толерантни.

РАК: Работите се движат сосема природно, но ќе им биде потребно време. Доколку инсистирате на брзи придобивки, сигурно ќе утните. Досега се чини дека животот ви се врти во злобен циклус и дека никако не можете да стигнете до целта, но сепак ќе успеете.

ЛАВ: Сега е важно каков впечаток ќе оставите во јавноста, затоа бидете со добар карактер и со личен интегритет. Желбата да направите отстапки ќе биде ефективна. Не форсирајте, бидете умерени и посветени и потоа ќе имате вистински правец. Квалитети.

ДЕВИЦА: Откривањето на сосема нови пространства може да ви биде толку необично, така што ќе треба да го кротите својот дух. Размислете за енергијата која ги надминува сите световни разлики. Бидете будни дека влегувате во нова димензија на постоење. Рационалност.

ВАГА: Погледнете ги добро составните елементи на работите, но не станувајте премногу опседнати од ситните несовршености. Не бегајте во преголема анализа и микродетали. Најдете време да се одморите и да ја повратите својата физичка сила. Верувајте.

СКОРПИЈА: Ќе треба да им се приспособите на конвенциите, можеби малку крути, но сепак лојални и будни. Како куче чувар кој стои до својот газда, бранејќи го. Сега разбирате дека конечно и доброто и лошото имаат своја улога во вашиот живот. Бавно, но сигурно растење.

СТРЕЛЕЦ: Не дозволувајте луѓето да ве користат, туку отстранете ги од својата околина. Сожалувајќи ги би можеле да си наштетите. Всушност, на овој начин и само може да напредувате сега. Можеби не можете да победите сега, но и извлекувањето на лекција е победа.

ЈАРЕЦ: Сè си тече по природен ред, не брзајте! Нема брзи резултати, вие би требало ова најдобро да го знаете. Времето е важен фактор, но поважно е да бидете трпеливи и до крајот на денот ќе дојдете до поволни пресврти. Што и да сте почнале, ќе се реализира.

ВОДОЛИЈА: Добивате мудрост од оние кои го минале патот пред вас и почнувате нов емоционален циклус. Од нешто ќе се откажете, но поубави работи ви следуваат потоа. Не се плашете, туку скокнете во непознатото. Вие не сте од оние кои не го сакаат неконвенционалното.

РИБИ: Ја чекате својата шанса за да се изразите, како метаморфоза на пеперутка, од гасеница – преоѓате во нова димензија на искуства. Нешто ќе треба да оставите зад себе, нешто што повеќе ви смета и не ви дава да напредувате. Направете го тоа со големо задоволство и верба.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]