Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“


Грција– Британската поп-ѕвезда Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“ заради неспособноста да се справат со бегалската криза, но упати и пофалби за улогата на Грција. – Грција покажа каков однос треба да се има кон бегалците, кога другите поставуваат ѕидови. Кога децата се одвојувани од мајките и ставани во кафези, вие […]

Заев за „Политика“: Верувам во успех на референдумот


Патриотска должност е на секој политичар, посебно на секој премиер, да се грижи за интересите на граѓаните кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Подготвен сум на лидерство, да водам во сите процеси што значат безбедност, зацврстување на меѓународните позиции на Македонија, а и на регионот. Се чувствувам исполнето, бидејки им служам […]

Зградата на ВМРО ДПМНЕ обоена по протестите


По синоќешниот протест против промена на името, фрлено е со црвена боја врз зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван. Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, со цел, како што […]

СП 2018: Германија во финишот ја совлада Шведска


Русија – Германија со гол во судиското продолжение синоќа ја совлада Шведска со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија. Во првото полувреме Германија доминираше на теренот и имаше контрола на поседот на топката, меѓутоа без решение за шведската одбрана. Шведска беше особено опасна во контранападите и во 32 минута со […]

Протест пред Парламентот против Договорот за името


Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“. Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име. Спроти почетокот на протестот групата на нивниот ФБ профил објавија порака […]

СП 2018: Мексико ја порази Јужна Кореја


Русија–  Мексико убедливо ја совлада Јужна Кореја со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија. Мексико поведе со 1:0 во 26-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Карлос Вела. Во вториот дел прецизен беше Хавиер Хернандес и во 66-та минута донесе водство од 2:0. Јужна Кореја со голот на […]

По 16 години на „Скопско лето“: Овации за Поповски и гостите од „Гавела“ од Загреб


Македонскиот театарски режисер Александар Поповски по пауза од 16 години, повторно гостуваше на „Скопско лето“, овојпат со мајсторската претстава „Крал Рикард Трети“ продукција на театарот „Гавела“ од Загреб. Последен пат Поповски беше гостин на „Скопско лето“ со спектаклот „Дракула“ во изведба на Словенечкиот народен театар од Марибор. Ова не е првпат Поповски вака суверено да […]

СП 2018: Германија нема друга опција, мора да ја победи Шведска


Русија– По киксот против Мексико во првото коло, Германија мора да ја совлада Шведска доколку не сака да биде елиминирана уште во групната фаза од Светското првенство. Aктуелниот бранител на тронот, Германија имаше лош почеток на Светското првенство откако загуби од Мексико, вечерва во 20 часот излегуваат на мегдан со Шведска која има три бода […]

Нови протести во Скопје – полицијата на готовс


Иако има два часа до официјалниот почеток на вечерашниот закажан протест пред Собранието на Република Македонија засилено полициско обезбедување веќе има пред и околу законодавниот дом. Организатор на вечерашниот протест е Здружението „Млади за Македонија“ која веќе поставија и бина пред собранието од страната на жена парк, каде вечерва треба да има говори. Поддршка на […]

Референдумот ќе се распише до 20 јули


Доколку Владата донесе одлука до крајот на септември да се одржи Референдум на државно ниво, таа треба прво да поднесе иницијатива до Собранието и преку Министерството за правда да го формулира референдумското прашање. Техничките подготовки ќе почнат дури откако Собранието ќе донесе заклучок за одржување референдум, според очекувањата на спикерот Талат Џафери, некаде во втората […]

Светот удри по Меланија Трамп поради оваа јакна


САД– Првата дама на САД, Меланија Трамп се најде „на тапет“ поради јакната со натпис „Не ми е грижа, а тебе?”, што ја носеше за време на посетата на центарот за деца имигранти во Тексас. Јакната за која американските медиуми јавуваат дека чини само 39 долари, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. По тој повод, […]

Две години по грабежот: Ким Кардашијан се врати во Париз


Франција– Старлетата Ким Кардашијан се врати во Париз каде пред две години беше ограбена во хотелска соба. Заедно со сопругот Кање Вест беа во првиот ред на ревијата на младиот Вирџил Аблок за да му дадат поддршка на дизајнерот кој дебитира со ревија за „Луј Витон“. На ревијата меѓу славните гости беа и Бела Хадид, […]

Премиерот Заев во вторник во Австрија, во среда во Полска


Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни официјално ќе ја посети Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска. Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Заев ќе […]

Готов токсиколошкиот извештај: Ентони Бурден не бил дрогиран ниту пијан кога се самоубил


САД– Не се пронајдени дроги, алкохол, лекови ниту токсични супстанци во неговото тело кога е пронајден мртвов, го пренесува „Њујорк тајмс“  извештајот на француските патолози. Бурден е најден мртов во својата хотелска соба на 8 јуни во мало селце во Франција додека ја снимал емисија за „Си-Ен-Ен“. Полицијата заклучи дека се работи за самоубиство со […]

Македонските спортски ѕвезди со поддршка за Проект Среќа


Хуманитарната природа на спортот ги спои најголемите спортисти во Македонија за една добра и доблесна цел на акцијата „Шампионите за вас“, која е во склоп на Проект Среќа и „Здраво шампиони“, кој трае веќе неколку месеци, а ќе заврши со делење на опремата на крај на август, пред почетокот на школската година. „Ова што денес […]

Северина носи чанта која е хит на сезоната


Хрватска-Регионалната поп-ѕвезда Северина Којиќ летово во разни комбинации ја носеше трендовската чанта од пластика на Валентино која чини 1680 евра. Во Мадрид ја комбинираше во спортски стил, а на отварање на продавница во Загреб ја искомбинира со необичен стрит изглед.  

„Пиво фест“ со домашни и регионални ѕвезди


Марко Слаткаристика го носи Шабан Шаулиќ на Пивофест во Прилеп. Неговата агенција „Ентфинити“ и градоначалникот на Прилеп  Илија Јованоски најавуваат весела атмосфера, на која ќе пејат и Жељко Јоксимовиќ,  Дарио,  Црвена јабука, Џенан Лончаревиќ. Но, ниту градоначалникот, ниту агенцијата, не ги кажуваат хонорарите што ќе ги добијат турбо фолк ѕвездите од Балканот. За четири дена […]

Белгија пак покажа моќ и во меч со седум гола го „уништи“ Тунис


Русија- Фудбалската селекција на Белгија одигра уште еден моќен натпревар на Светското првенство (СП) во Русија и е на чекор до пласман меѓу 16-те најдобри на планетата. По победата од 3-0 над Панама, „ѓаволите“ предводени од фантастичните Еден Азар и Ромелу Лукаку го понижија Тунис, кој на крај беше поразен со убедливи 5-2 (3-1). Денешниот […]

Заев: Ќе има дебата за даночните реформи


Премиерот Зоран Заев ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок. Тој рече дека ќе биде отворена дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни. “Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите […]

Србија токми екс-главен разузнавач на БИА за амбасадор во Скопје?


  Србија– Српските медиуми пишуваат дека Ивица Дачиќ ќе го назначи поранешниот шеф на разузнавачките служби БИА, наследничката на УДБА, Раде Булатовиќ за амбасадор токму во Македонија. Ексшефот на БИА Раде Булатовиќ во моментов е амбасадор во Украина откако претходно Турција одбила да го прими за амбасадор во Истанбул. Според српските медиуми Булатовиќ својата дипломатска […]