ОБСЕ ќе презентира правен коментар на Законот за кривична постапка


Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира правниот коментар на Законот за кривична постапка, кој ќе им помогне на адвокатите, судиите и обвинителите да го применат правото на подобар и поунифициран начин во судовите. Правниот коментар, кој е прв од таков вид, беше подготвуван од група правни експерти. Од Мисијата на ОБСЕ информираат […]

Холивуд 2018: Која е кралица на голотијата?


САД– Холивуд годинава го потресуваа скандали, обвинувања, имаше предатори и жртви, тие што молчеа прозбореа, виновниците се судат или платија големи суми оштета. Црвениот килим беше разновиден- по него продефилираа од ѕвезди до старлети, и сите се натпреваруваа која ќе облече по проѕирна, нјуд тоалета и ќе ги сруши по гледаност социјалните мрежи. Меѓу фаворитките […]

Два дрона го блокираа британскиот аеродром Гетвик


Англија – Вториот по голмина аеродром во Велика Британија, Гетвик, времено е затворен за сообраќај поради информациите дека над неговите писти летаат два дрона, јави ДПА. Поради инцидентот, летовите од Гетвик се одложени, а авионите што требаше да слетаа на него се пренасочуваат кон други аеродроми. Управата на Гетвик, што се наоѓа на 50 километри јужно […]

Божикна честитка од кралицата Елизабета: Ја добија 750 личности во светот


Англија – И кралицата Елизабета Втора (91) позираше за божикната честитка за 2019 година, во својот дом во Сандрингам, на имотот во Норфолк. Во бело, со бисерен накит и гламурозно накитена елка, со сопругот Филип, војводата од Единбург, им посака среќни божикни празници и желби на 750 личности ширум светот. Честитката е потпишана со Елизабета […]

Вселенскиот брод „Сојуз МС-09“ успешно се врати од МВС


Русија – Рускиот вселенски брод „Сојуз МС-09, кој ги превезуваше тројцата досегашни челнови на екипажот на Меѓународната свесленска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан. Со „Сојуз МС-09“ на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопиев од Русија, Серина Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија. Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во […]

Ретроспективна изложба на Танас Луловски Тане


Националната галерија на Македонија организира ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане,  еден од доајените на македонското современо сликарство, која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам. Ќе бидат поставени слики и цртежи од сите фази од неговото творештво, кое почнува во 1960-тите години. НГМ информира дека изложбата ќе биде своевиден пресек на […]

Вечер на балтичката литература во МКЦ


Издавачката куќа „Готен“ од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар организира Вечер на балтичката литература – промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс и на збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија. „Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двогодишниот проект на издавачката […]

Новогодишни пакетчиња за децата од Клиниката за детски болести и Клиниката за онкологија


Член од Тимот за спасување на планина на Црвениот крст маскиран во Дедо Мраз, денеска ќе се спушта по јаже и ќе дели подароци на сите децата хоспитализирани на Клиниката за детски болести и на Клиниката за онкологија. – Во пресрет на новогодишните празници, Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор […]

Продолжува собраниската дебата за Предлог-буџетот за 2019


Во македонското Собрание денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Расправата почна вчера кога пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека предложениот буџет е социјален и со многу инвестициски вложувања, а опозицијата критикуваше дека тој е мегаломански, неразвоен и оти власта нема капацитет да реализира проекти. Министерот за финансии Драган Тевдовски образложи […]

Посебен сообраќаен режим попладне во Центар


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија. – Од 19,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот […]

Обвинетите ќе изведуваат докази за „27 април“


Со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На минатото рочиште дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа. На денешното рочиште треба […]

Балистичари вкрстено ќе бидат испрашувани за „Монструм“


На денешното судско рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година, вкрстено ќе бидат испрашувани балистичари. Вешти лица од Институтот за судска медицина на минатото рочиште кажаа дека сите повреди на жртвите им биле нанесени додека биле живи и во нив било пукано од релативна близина. Професорот од […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?


ОВЕН: Можно е да се соочите со некакви блокади, а кои ќе бараат од вас да бидете упорни и да ги отстраните храбро. Како да се давите во длабоки води, потребна ви е помош од сите страни – вие ја имате потребната решителност да ги надминете овие предизвици, немојте да сте премногу крути. Ова е ваш […]

Оскари 2019: 347 остварувања се борат за најдобар филм


САД– Тристачетириесет и седум остварувања ќе се борат за Оскарот за најдобар филм што ќе биде доделен на 24 февруари. По 1970 година кога конкурираа 374 филмски наслови, идната година ќе биде рекордна. На листата се  и остварувањата на Алфонсо Куаронс  “Roma,” на Бредли Купер  “A Star Is Born,” и на Јоргос Латимос „Тhe Favourite“… […]

Фулбрајтова награда за разбирање за Ангела Меркел


Греманија – Фулбрајтовата асоцијација со седиште во Вашингтон соопшти дека овогодишен добитник на наградата за меѓународно разбирање е германската канцеларка Ангела Меркел. Во образложението на Организацијата се наведува дека одлуката за престижната награда ја добива Меркел поради нејзиното „исклучително, сочувствително лидерство и силна посветеност на меѓусебното разбирање, меѓународната соработка и мир“. Меркел е на чело на […]

Полицаец загина во железничка несреќа


Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. – Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски […]

Облачно, со постепено разведрување


Претежно облачно време и разведрување носи временската прогноза оваа среда . Значаен пад на температурите . Минималните ќе се движат од -3°С и -0°С, а на повисоките места во западниот регион околу -7°С. Максималната ширум населените места ќе достигне максумум околу 3°С а југоисточниот крај може да очекува температура со максимум околу 5°С Скопје го […]

Принцот Алберт и Шарлин ја имаат најубавата божикна честитка


Монако– Новогодишната семејна идила на кралското семејство е отсликана на божикната честитка за 2019. Покрај раскошна елка позираат принцот Алберт Втори (60), со сопругата, пливачката Шарлин Винсток (40),  близнаците Жак и Габриела кои имаат по четири години и домашниот миленик. Белата и црвената боја доминираат во гардеробата која е покласична за родителите, а поспортска за […]

Форбс: Најбогата славна личност е режисерот Џорџ Лукас


САД– „Форбс“ го рангираше режисерот Џорџ Лукас (74) за најбогата славна личност со заработени 5 милијарди долари, најмногу од продажбата на компанијата „Лукас филм продакшн“ на Дизни, во 2012 година. На второ место е исто така славен режисер, Стивен Спилберг (72) со 4 милијарди заработка, а на трето место е водителката и автор Опра Винфри […]

Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел, ќе има работна средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската унија. Шефот на македонската дипломатија, како што информираат од МНР, ќе ја искористи можноста на средбата да […]