Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?


ОВЕН: Можно е да се соочите со некакви блокади, а кои ќе бараат од вас да бидете упорни и да ги отстраните храбро. Како да се давите во длабоки води, потребна ви е помош од сите страни – вие ја имате потребната решителност да ги надминете овие предизвици, немојте да сте премногу крути. Ова е ваш момент.

БИК: Полни сте со интересни идеи, за кои треба да го почекате вистинскиот момент. За сега се гледа само груба скица од сликата и ќе треба да вложите дополнителен напор за да го постигнете она што сте го наумиле. Имате среќа бидејќи сте поддржани од некоја жена со висок сензибилитет. Контакти. Пари.

БЛИЗНАЦИ: Денес инсистирате да дојдете во прв план и тоа уште рано изутрина – бадијала. Ќе треба да го почекате барем пладнето и дотогаш да одморите. Замислете се себе си како се лулате на лулашка оптегната на две дрва и уживајте во облаците што минуваат. Со првите сигнали на прогрес, појдете и потпишете ги договорите.

РАК: Ако се прашате вие, најмногу би си пошле на некое тивко место и би уживале со љубените. Сепак, ќе се испостави дека ќе налетате на некоја ситуација која ќе бара од вас да застанете бескомпромисно и да ги браните своите уверувања до последен здив. Иако ова не е натпревар, сепак ќе има победник. Бидете мудри.

ЛАВ: Утрото е мирно и ќе може да им обрнете внимание на заостанатите проекти. Подоцна веќе би можеле да се соочите со некаков тест, од страна на некоја помлада личност со сензитивна природа. Од вас се бара објективност и мајчинско разбирање за циклусите на трансформација. Контакт со зрела жена.

ДЕВИЦА: Транзитот на Месечината во Бик ви го даде потребното разбирање за природата на работите, а со нејзиниот транзит во Близнаци влегувате во период со избрзани решенија – внимавајте на ова. Дозволете ѝ на некоја помлада личност да ви помогне, бидејќи таа има интересни сугестии. Разговарајте. Идеи.

ВАГА: Денес сте возбудени и спремни да отпочнете нешто ново: сакате да истапите кон непознатото и да истражувате. Ако сакате да дојдете до резултат, обрнете им внимание и на најтемните катчиња во вашата совест – нурнете во овие темни води и извадете го најубавиот бисер. Секој ден сте сè подобра верзија на себе.

СКОРПИЈА: Добро е што сакате да се истакнете на некој начин, но тоа не мора да биде на сметка на другите – зошто не внимавате како разговарате? Нема потреба да ги наметнувате своите стандарди на другите, впрочем зошто го правите тоа? Бидете чесни и ќе уживате во добра среќа и углед. Ако не, сè ќе падне во вода.

СТРЕЛЕЦ: Се држите со последни сили – вие веќе го дадовте најдоброто од себе оваа година! Минавте низ искушенија и предизвици и сега како кану се приближувате до брегот. Верувајте им на своите природни инстинкти дека ќе ве однесат со саканите онаму каде што сте намислиле. Бидете капетан на бродот.

ЈАРЕЦ: Чекањето завршува и приоритетите се менуваат, можеби побрзо отколку што сакате, но тоа е тоа. Време е да го тргнете велот од своите очи и да увидите дека сте жртва на сопствените уверувања – никој друг не ве држи во место, освен вие самите. Сепак денес се појавува и трета опција, ни малку очекувана.

ВОДОЛИЈА: Можеби бавно, но сигурно испливувате од водите во кои што сте, како сирена се приближувате до брегот. Ова е време за нови почетоци, затоа земете свеж здив и кажете што сакате. Околу вас се поединци кои ќе ви помогнат во тоа вашите проекти да бидат забележани и ценети и во иднина. Поврзете се сега.

РИБИ: Ќе настапите во вистинско време: како со пикадо ќе ја погодите целта! Она што е важно е да се изразувате добро, да ја користите својата логика и објективност при потпишувањето на договорите со долготраен карактер. Ако вашите зборови се остри, тие ќе повредат некој. Ако се премеки, нема да допрат до целта. Разум!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]