Кралската двојка на Јордан во Белата куќа: Ранија и Меланија отмени во бебешко розево


САД– Доналд и Меланија Трамп по кралската двојка од Шпанија, нагостија уште една двојка, овојпат од Јордан-Кралот Абдула и кралицата Ранија. Ранија, една од најелегантните жени во светот избра бела едноставна кошула и пантолони со широки ногавици во бебешка розова и необична чантичка. Првата дама на САД избра слична нијанса за својот фустан до колена. …

Кралската двојка на Јордан во Белата куќа: Ранија и Меланија отмени во бебешко розево Read More »

Жестоки навивачи: Ева Лонгорија го облече синчето во дрес од Мексико


САД–  Ѕвездата на „Очајни домаќинки”  ги воодушеви сите со оригиналната фотографија на нејзиниот син, што го донесе на свет пред една недела. Актерката Ева Лонгорија неодамна стана мајка за прв пат на 43 години, а сега таа ги воодушеви своите обожаватели со оваа преслатка фотка од синот. На 19и јуни, Ева доби син со сопругот, …

Жестоки навивачи: Ева Лонгорија го облече синчето во дрес од Мексико Read More »

(Фото) Сопругата на Лионел Меси со фотографии од децата му го честиташе роденденот


Аргентина– Антонела Рокуцо не е во Русија за да го прослави роденденот на Лионел Меси во негово друштво, но ги искористи социјалните мрежи за да му ја пренесе својата порака. 30-годишната сопруга на славниот аргентински фудбалер сподели слатки семејни фотографии заедно со романтична порака. На дел од фотографиите, 31-годишниот фудбалер позира со трите сина – …

(Фото) Сопругата на Лионел Меси со фотографии од децата му го честиташе роденденот Read More »

Скопјанките Ана Манова и Маја Стојковска на меѓународен натпревар во Кина: Учењето кинески јазик – егзотика и перспектива


„Секој ден донеси по една кошница земја и ќе изградиш цела планина“. Оваа мисла за упорноста и волјата која во 5 век п.н.е. ја кажал мудриот Конфуциј, ја потврдуваат Ана Манова и Маја Стојковска од Скопје. По само две односно четири години изучување на прилично тешкиот кинески јазик, но со многу труд и посветеност, тие …

Скопјанките Ана Манова и Маја Стојковска на меѓународен натпревар во Кина: Учењето кинески јазик – егзотика и перспектива Read More »

Се ожени ракометарот Филип Талески


Се ожени Филип Талески, ракометниот репрезентативец на Македонија. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево. Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија. Со ова и тој влегува во групата на ракометари …

Се ожени ракометарот Филип Талески Read More »

Македонска делегација на првиот Европски самит за културно наследство во Берлин: Споделени вредности на меѓународно ниво


Од 18 до 24 јуни 2018 год., во Берлин, Германија, во организација на Европа Ностра, Пруската фондација за културно наследство и Германскиот комитет за културно наследство, се одржа првиот Европски самит за културно наследство под мотото ,,Споделено наследство – споделени вредности“, како еден од клучните настани во рамките на Европската година на културното наследство 2018. …

Македонска делегација на првиот Европски самит за културно наследство во Берлин: Споделени вредности на меѓународно ниво Read More »

Завршна ревија на студентите по моден дизајн од ТМФ: Не заплисна „нов бран“


Под насловот „Нов бран“ беше одржана годишната модна ревија на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Студентите се претставија со неколку дизајнирани парчиња облека изработена под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева. Дизајните на студентите се инспирирани од француската кинематографија во периодот помеѓу 50-тите и 60-тите …

Завршна ревија на студентите по моден дизајн од ТМФ: Не заплисна „нов бран“ Read More »

Сара Мејс ужива на море пред породувањето


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс, со сопругот, водителот Димитар Атанасовски уживаат на одмор пред породувањето. Мејс сподели фотографија на социјалните мрежи од  одморот на Јонското море. Ова ќе биде прва принова на двојката која се венчаше минатото лето. Не го откриваат полот на детето. Бунтовната дама на македонската естрада, препознатлива со својата необична фризура, тетоважите …

Сара Мејс ужива на море пред породувањето Read More »

Вечерва на „Скопско лето“ Драмски театар со „Партија реми“


На програмата на „Скопско лето” вечер е претставата „Партија реми” на Драмски театар-Скопје која премиерно беше изведена пред два месеца. Режисер е Виолета Џолева, а улогите ги играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ-Пановска. Прашањето што го поставува „Партија реми“ е дали е животот среќа или стратегија, а делењето карти е метафора за шансите што ги …

Вечерва на „Скопско лето“ Драмски театар со „Партија реми“ Read More »

„Бикини Мун“ на Манчевски со азиска премиера во Шангај


Новиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски „Бикини Мун” имаше азиска премиера на Филмскиот фестивал во Шангај, Кина, еден од најголемите фестивали во Азија. Премиерата беше изминатиот викенд во селекцијата Ново од авторите. Режисерот Манчевски беше присутен во Шангај за премиерата по која имаше разговор со публиката. Како специјален гостин, на затварањето на фестивалот …

„Бикини Мун“ на Манчевски со азиска премиера во Шангај Read More »

(Видео) Александар Поповски, режисер: Да престанат поделбите и да преовлада разумот!


Да престанат поделбите во земјава и да преовлада разумот, вели во интервју за Телма, режисерот Александар Поповски, по повод гостувањето на Скопско лето со претставата „ Ричард Трети“, во продукција на театарот Гавела од Загреб, која вечерва ќе се игра и во Битола, на фестивалот посветен на Шекспировото творештво. Во интервјуто, Поповски ја најавува оставката …

(Видео) Александар Поповски, режисер: Да престанат поделбите и да преовлада разумот! Read More »

СП 2018: Денеска играат: Англија- Панама, Јапонија-Сенегал, Полска –Колумбија


Русија- Денеска со натпреварите од Г и Х група се затвара второто коло. Од 14 часот, во Нижни Новгород ќе се сретнат селекциите на Англија и на Панама. Јапонија и Сенегал ќе ги одмерат силите на Екатерингбур арената, од 17 часот . Вечерниот термин од 20 часот е резервиран за селекциите Полска и Колумбија, во …

СП 2018: Денеска играат: Англија- Панама, Јапонија-Сенегал, Полска –Колумбија Read More »

„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер


Русија– Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина на аргентинскиот фудбалер. Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми. – Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да …

„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер Read More »

Јавноста не е среќна: Уште неразведен Доналд Трамп помладиот ја покажа девојката Кимберли


САД- Доналд Трамп помладиот (40) на социјалните мрежи објави слика со девојката Кимберли Гилфојл (49) , ководителка на вести во „Фокс њуз“ од концерт на „Poison“. Озборувањата дека се во врска почнаа уште од март кога сопругата на Доналд, Ванеса, по девет месеци разделеност, поднесе барање за развод по 12 години брак и пет деца. …

Јавноста не е среќна: Уште неразведен Доналд Трамп помладиот ја покажа девојката Кимберли Read More »

Бригит Нилсен на 55 години роди петто дете


САД– Славната данска актерка и манекенка ,Бригит Нилсен роди петто дете не 55 годишна возраст, прво заедничко со нејзиниот сопруг Матео Деси. Бригит роди здрава ќеркичка ,на која родителите и дадоа име Фрида. Бригит се породи без никакви проблеми во приватна клиника во Лос Анџелес. Атрактивната актерка е во брак со Матео од 2006 година. …

Бригит Нилсен на 55 години роди петто дете Read More »

Таткото на Мајкл Џексон тешко болен од ретка форма на рак на панкреасот


САД- Во последната фаза на ракот на панкреасот во болница се наоѓа 89-годишниот Џо Џексон, таткото на големите Мајкл Џексон и Џенет Џексон. Ова беше објавено од страна на TMZ, цитирајќи извори од семејството Џексон. Според соопштението, Џексон веќе некое време се бори против болеста, но според лекарите, неговиот рак е непобедлив. Во соопштението не …

Таткото на Мајкл Џексон тешко болен од ретка форма на рак на панкреасот Read More »

Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“


Грција– Британската поп-ѕвезда Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“ заради неспособноста да се справат со бегалската криза, но упати и пофалби за улогата на Грција. – Грција покажа каков однос треба да се има кон бегалците, кога другите поставуваат ѕидови. Кога децата се одвојувани од мајките и ставани во кафези, вие …

Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“ Read More »

Заев за „Политика“: Верувам во успех на референдумот


Патриотска должност е на секој политичар, посебно на секој премиер, да се грижи за интересите на граѓаните кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Подготвен сум на лидерство, да водам во сите процеси што значат безбедност, зацврстување на меѓународните позиции на Македонија, а и на регионот. Се чувствувам исполнето, бидејки им служам …

Заев за „Политика“: Верувам во успех на референдумот Read More »

Зградата на ВМРО ДПМНЕ обоена по протестите


По синоќешниот протест против промена на името, фрлено е со црвена боја врз зградата на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а партијата обвини дека штабот е нападнат и каменуван. Од опозициската партија се сомневаат дека одговорност за нападот имаат структури блиски до власта кои дејствувале по принципот на шарената револуција, со цел, како што …

Зградата на ВМРО ДПМНЕ обоена по протестите Read More »

СП 2018: Германија во финишот ја совлада Шведска


Русија – Германија со гол во судиското продолжение синоќа ја совлада Шведска со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија. Во првото полувреме Германија доминираше на теренот и имаше контрола на поседот на топката, меѓутоа без решение за шведската одбрана. Шведска беше особено опасна во контранападите и во 32 минута со …

СП 2018: Германија во финишот ја совлада Шведска Read More »