Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“


Грција– Британската поп-ѕвезда Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“ заради неспособноста да се справат со бегалската криза, но упати и пофалби за улогата на Грција.

– Грција покажа каков однос треба да се има кон бегалците, кога другите поставуваат ѕидови. Кога децата се одвојувани од мајките и ставани во кафези, вие постапивте сочувствително, великодушно и здраворазумски, истакна Стинг.

Поранешниот фронтмен на „Полис“ , во грчката престолнина изјави дека  „таканаречените лидери се кукавици без решение“.

Стинг во Атина ќе одржи два концерта во рамките на светската турнеја.