Проблематичен до крај


Фросина Факова-Серафиновиќ Десет години додека беше на власт секојдневно се појавуваше со изјави во медиумите, одговараше на нарачани прашања и се фалеше со позитивни вести за граѓаните. Сега,пак, медиумите се преполни со вести за експремиерот Никола Груевски чија поента е – дека исчезнал во непознат правец. Кога дојде време да оди во затвор за да …

Проблематичен до крај Read More »

Мишел ѝ откри на Опра: Бракот со Обама не е идеален


САД-  Елегантна, модерна, во креации на „Диор“, како што досега не сме ја виделе е експрвата дама на САД Мишел Обама (54) на фотосесијата за американскиот „Ел“. Ексклузивното интервју и го направи најмоќната жена на светот, Опра Винфри. Повод е објавувањето на новата книга на Мишел- „Becoming“ и има мисија да ги инспирира сите млади …

Мишел ѝ откри на Опра: Бракот со Обама не е идеален Read More »

Мијалков не знае каде е Груевски


Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, предмалку на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата. -Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот …

Мијалков не знае каде е Груевски Read More »

Ева Лонгорија: Не може да ослабне по породувањето


САД– Актерката Ева Лонгорија (43)  и понатаму е ѕвезда на црвените килими и гала настани, по породувањето. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“  сѐ уште мака мачи со килограмите и никако да си ја врати витата става по која ја препознаваме. На хуманитарен настан во Лос Анџелес таа сепак избра тесен модел кој и ги оцртуваше облините. …

Ева Лонгорија: Не може да ослабне по породувањето Read More »

Мбапе: Сумите во фудбалот изгледаат непристојно


Франција- Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе смета дека не е во ред да се даваат толкави суми на пари за фудбалерите. Тој вели дека во модерниот фудбал се достигнуваат цифри кои не се реални. Мбапе се срами од парите што се појавуваат во модерниот фудбал, но во исто време истакнува дека овие услови се …

Мбапе: Сумите во фудбалот изгледаат непристојно Read More »

Најстудено утрово во Берово -4, најтопло во Дојран осум степени


Најстудено утрово е во Берово каде е измерена температура од -4 степени, а најтопло е во Дојран, 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје-Петровец измерени се  -3 степени, -2 се бележат во Струмица, -1  во Тетово и Демир Капија, нула во Прилеп, Куманово и Маврово, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Дебар и Крива …

Најстудено утрово во Берово -4, најтопло во Дојран осум степени Read More »

Салонки на сезоната: Моделот „Ромни“ на „Џими Чу“


САД- „Џими Чу“ или „Маноло Бланик“ ? Кои луксузни чевли избираат холивудските ѕвезди или богаташките? Тоа е како да избираат меѓу своите деца, а тоа е невозможна модна мисија! Моделот „Ромни“ на брендот „Џими Чу“ е меѓу најбараните од Њујорк, Лондон до Дубаи. Не избира професија. Го носат и принцези, и актерки и наследнички и …

Салонки на сезоната: Моделот „Ромни“ на „Џими Чу“ Read More »

Продолжува судењето за крвавиот четврток


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште беа прикажани доказните материјали од вештачењето во Собранието, како и видео-снимки од мобилен телефон, одземен од обвинетиот Оливер Попоски.  На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во …

Продолжува судењето за крвавиот четврток Read More »

Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати. – Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА …

Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“ Read More »

Дали Камчев ќе си ја купи слободата со пари?


Орце Камчев, бизнисменот кој реномираниот економски магазин „Форбс“ го прогласи за најбогат Македонец, кој купи болница, земјоделски комбинат и млекарница за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега во истражниот затвор во Шутка сигурно размислува како да си ја купи слободата. Неговиот адвокат Антонио Апостолски во саботата поднел жалба на одлуката што ја донесе судијата на …

Дали Камчев ќе си ја купи слободата со пари? Read More »

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Лондон


Англија-Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го почна последниот Мастерс  турнир за оваа сезона. Србинот синоќа го совлада Џон Изнер од САД со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. – Добро сум подготвен физички и ментално, а и распоредот на мечевите на турнирот дава можност да се одмориме меѓу два натпревара, изјави Ѓоковиќ. На првиот …

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Лондон Read More »

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето


Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите …

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето Read More »

Жбогар: Направен е напредок, сакаме да видиме повеќе реформи во судството


Договорите со Грција и со Бугарија се голем напредок, но очекуваме такви чекори и со другите реформи, особено во судството, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Жбогар во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат оцени дека има одредени поместувања во состојбата на службите за разузнавање, особено со ставање во употреба на агенцијата за следење на …

Жбогар: Направен е напредок, сакаме да видиме повеќе реформи во судството Read More »

Манастирот на Тоше со легенда, историја и нов лик


Штом се стигне во Крушево, оттука на Гумење, погледот го привлекува кривулестиот пат покрај историската месност Слива (тука била крвавата битка од Илинденското востание), па се до ридот каде е манастирот „Свето Преображение“. И секогаш, кога се спомене овој манастир- сѐ асоцира на Тоше Проески. Без исклучок. Што се случува со манастирот, 11 години од …

Манастирот на Тоше со легенда, историја и нов лик Read More »

Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“. Судијата Огнен Ставрев на последното рочиште за „Титаник 2“  најави дека денеска ќе бидат разгледани новите докази што ги достави обвинетиот Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“, а кои се однесуваат на исказите што …

Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“ Read More »

Сончево, со слаб ветер


Времето во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од 13 до 21 степен. Во Скопје сончево, со слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус …

Сончево, со слаб ветер Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Тамам кога помисливте дека сте ја изгубиле сета среќа во светот, случките ќе ве уверат во спротивното. Месечината во Јарец ќе ви покаже дека ги имате сите услови и добра волја да напредувате, затоа преземете ја ситуацијата во свои раце и разрешете ги финансиските тешкотии. До вечер ќе бидете задоволни. БИК: Уран го напушти вашиот знак, …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Леонардо ди Каприо наполни 44 години


САД- Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо со гала забава само со покани во ноќен клуб во Њујорк прослави 44 години. Присуствуваа Бијонсе и Џеј-Зи, Џенифер Анистон, Гвинет Палтроу со новиот сопруг и други славни гости. Вечниот ерген во Холивуд е меѓу најангажираните актери во својата генерација. Заедно со  Бред Пит ќе учествуваат во новиот филм …

Леонардо ди Каприо наполни 44 години Read More »

Викторија Бекам: Модна икона по избор на публиката


САД- Викторија Бекам, дизајнерка и бивша членка на „Спајс грлс“  е првата модна икона избрана по избор на публиката. Синоќа, во Лос Анџелес и беше врачена наградата „Избор на публиката“ (Peoples Choice Awards) како дизајнерка која диктира модни трендови во Холивуд и во родниот Лондон. Таа влезе во светот на модата во април 2008 година …

Викторија Бекам: Модна икона по избор на публиката Read More »

(Фото) Глобална комеморација во Париз: Стилот на првите дами и славните гости


Франција– Неколку пати се пресоблекуваа шефовите на држави и влади од сите пет континенти на светот, првите дами, славните гости и нивните сопруги, на централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна во Париз. Имаа дневен аутфит за Триумфалната капија,  и Елисејскиот дворец и вечерен за свечената вечера во музејот „Орсеј“. Јавноста …

(Фото) Глобална комеморација во Париз: Стилот на првите дами и славните гости Read More »