Мишел ѝ откри на Опра: Бракот со Обама не е идеален


САД-  Елегантна, модерна, во креации на „Диор“, како што досега не сме ја виделе е експрвата дама на САД Мишел Обама (54) на фотосесијата за американскиот „Ел“. Ексклузивното интервју и го направи најмоќната жена на светот, Опра Винфри.

Повод е објавувањето на новата книга на Мишел- „Becoming“ и има мисија да ги инспирира сите млади девојки и жени.

Мишел Обама за…

Откривањето на приватноста во јавност

„Луѓето секогаш ме прашуваат: Како си толку автентична? Како успеваат луѓето да се поврзат со тебе? И мислам дека тоа е затоа што си се допаѓам самата на себе. Ја сакам својата приказна и сите нејзини неправилности и модрици. Тоа е она што ме прави уникатна.“

Како е да се биде пример

„Знам дека јас и Барак, без разлика дали го сакаме тоа или не, сме им пример на другите. Мразам кога луѓето кои се изложени во јавноста или дури и го бараат вниманието од јавноста, се повлекуваат и велат: Па јас не сум пример. Не ја сакам таа одговорност. Прекрасно. Веќе си. Младите луѓе се огледуваат во тебе.“

Бракот

„Секогаш мислев дека љубовта е исто што и близината. Љубовта е заедничка вечера, љубовта е доследност, близина… Затоа морав да научам да ја споделам својата ранливост и да научам да сакам поинаку. Тоа беше важен дел од мојот пат. Да разберам како да останеме ние. Го споделив ова бидејќи знам дека луѓето гледаат на мојот однос со Барак како идеален. Знаеме дека сме #relationshipgoals. Но, луѓе, полека, бракот е тежок!“

Неуспешната бременост и извлечената поука

Во книгата, Мишел Обама открива и дека доживеала спонтан абортус, како и дека двете ќерки Саша и Малиа се зачнати со ин-витро.

„Се чувствував како да сум потфрлила, бидејќи не знаев колку се чести спонтаните абортуси, бидејќи никој не зборуваше за нив. Сметам дека најлошата работа која ние како жени си ја правиме меѓусебно, е тоа што не ја споделуваме вистината за нашите тела и како тие функционираат.“