Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Тамам кога помисливте дека сте ја изгубиле сета среќа во светот, случките ќе ве уверат во спротивното. Месечината во Јарец ќе ви покаже дека ги имате сите услови и добра волја да напредувате, затоа преземете ја ситуацијата во свои раце и разрешете ги финансиските тешкотии. До вечер ќе бидете задоволни.

БИК: Уран го напушти вашиот знак, а тоа ви донесе олеснување и сега сте препородени и освежени, имате нови идеи, но не избрзувајте со носењето на заклучоци. Јупитер од Стрелец ќе ве поврзе со влијателни личности кои ако ги испочитувате соодветно, ќе ви ги отворат ширум портите на светот. Нови опции.

БЛИЗНАЦИ: По долготрајните обиди и напори вложени на повеќе полиња, конечно работите се забрзуваат и веќе сте на праг на некое партнерство – интимно или професионално. Она што ви треба е побалансиран пристап, затоа зауздите ги уздите на својата кочија за да не ги упропастите овие слатки шанси. Кураж!

РАК: Благо збунети и конфузни, се прашувате што е најдобро да направите за да напредувате на интимен план. Се појавуваат повеќе опции, но која е вистинската? Сепак, преземете ги работите во свои раце и понудете за сега барем добар збор или гест и небото ќе ви покаже дека сега сте на добар пат.

ЛАВ: Можеби мислите дека го губите времето и дека сè е шарена лага, но застанете, смирете се малку и размислете рационално и прогресивно. Шанси постојат, сè што треба да направите е неколку контакти со луѓе од минатото и така си ја вратите самодовербата. Сè е во ваши раце, а до вечер ќе уживате во романса.

ДЕВИЦА: Прекрасен ден на повеќе полиња – иако работите се развиваат побрзо од очекуваното и се прашувате дали ви одговара оваа динамика, сепак сето ова иде во ваш прилог. Средба со личности со различна заднина или култура, како и можен пат. Најдете начин со време да се повлечите и да се одморите со блиските.

ВАГА: Уживате во голем просперитет и како вечно да сте во прв план – луѓе, случувања и ситуации со различен карактер, но ќе треба да најдете време и да се одморите. Оваа динамика ви се допаѓа, но нема да можете да влечете од празен бунар, затоа одморете малку. Ако чуете тешки зборови, не очајувајте!

СКОРПИЈА: За вас, исто така, ова е убав период со многу разновидни случки и доживувања и вие сте среќни и исполнети. Со голема креативност ги користите своите дарби и имате што да понудите – вие сте резервоар на идеи! Имајте слух да знаете кога е време да се повлечете, за да размислите подобро за идните планови.

СТРЕЛЕЦ: Размислувате за тоа каде работите би можеле да тргнат на погрешна страна. Веќе имате некои идеи, но минатите искуства како да ве држат заглавени во место. Нема потреба повеќе да плачете за истуреното млеко, туку продолжете храбро напред – ве чекаат предизвици кои ќе ги надминете со решителност!

ЈАРЕЦ: Можеби се смеете, но најмногу би плачеле пријатели – се чувствувате ли отфрлено? Издадено? Дали можеби вие изневеривте некој? Не претставувајте лажна слика на задоволство, иако постојат многу работи за кои би можеле да сте благодарни, туку отворете го срцето и светот сам ќе дојде да ви се понуди!

ВОДОЛИЈА: Во текот на денот ќе ја покажете сета своја раскош и убавина, Месечината во вашиот знак ќе ве поддржи во тоа. Убав ден во кој ќе дојдете до нови понуди кои ќе ви се чинат сосема солидни и кои ќе ги прифатите храбро. Ако веќе се враќате назад, направете го тоа со стил и во задоволство на сите. Забавување.

РИБИ: Расположени и задоволни, денес ќе имате шанси да се сретнете со личност која ќе ви даде важни совети, со кои ќе си помогнете себе си и на своите најблиски. Ова е прекрасен ден кој ќе донесе похумани решенија и оригинални идеи, затоа не се плашете, препуштете му се на текот и верувајте дека ќе успеете во сè!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]