Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената


Хрватска– Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми. Загадувањето на Јадранот има такви размери што фекалии близу Водњан, во Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената. Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс“ во областа недалеку од канализацијата кај Водњан, […]

Поради штрајк, откажани стотици летови на Бритиш ервејс


Англија– „Бритиш ервејс“ денеска откажа стотици поаѓања поради пилотите кои продолжија со 48-часовен штрајк во кој бараат зголемување на платите. Авиокомпанијата процени дека дводневниот штрајк, што започна вчера, ќе влијае на 195.000 клиенти. Штрајкот е еден од најголемите во историјата на авиокомпанијата и прв на нејзините пилоти. Според британското здружение на пилоти на авиокомпанијата (Балпа), […]

МНТ ја почнува новата сезона, на 24 септември премиера на „Бесачи“


Македонскиот народен театар утре ја почнува новата театарска сезона. На репертоарот утревечер е „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Евтимов, која ќе биде изведена и на 16 септември. Првата премиера во новата сезона на МНТ е на 24 септември – „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер Јавор Грдев. Претставата е според „Hangmen“ – […]

Модна недела во Њујорк: Тес и ја украде славата на Бела Хадид


САД– Плус сајз манекенката Тес Холидеј  (34) им ја украде славата на анорексичните манекенки, кога прошета на ревијата на „Хромат“ во рамките на Модната недела во Њујорк. Во тесен бел-корсет фустан годро ги прошета 127 килограми. Британската манекенка неколку пати претходно ја прозивал угледниот новинар Пирс Морган кој смета дека таа не е плус сајз […]

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“


Основачот на маркетинг-агенцијата за филм „Алфапанда“ (Alphapanda) Матијас Ношис на 2 и 3 октомври во Скопје ќе одржи предавање и работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци за нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг и развојот на маркетинг-стратегија, соопшти МЕДИА Деск МК. Во програмата ќе бидат опфатени главните аспекти на маркетинг во […]

УНВТО: Бројот на туристички посети поголем за четири отсто


САД – Бројот меѓународни туристички посети и патувања во светски рамки, пораснал за четири отсто во првата половина од оваа година, што е речиси 30 милиони повеќе од истиот период лани. Сега бројката изнесува 671 милион, соопшти Светската туристичка организација при Обединетите Нации (УНВТО). „Порастот на меѓународни туристички патувања во светот во првата половина на оваа година […]

Димитров во посета на Брисел и Берлин


По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, од каде ќе замине за Берлин. Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават […]

Надал по четврти пат го освои УС Опен


САД– Шпанецот Рафаел Надал е победник на годинашното издание од Грен слемот УС опен. Тој во недела вечер, во финалето, по речиси пет часа борба го совлада Русинот Данил Медведев со 3-2, по сетови 7:5, 6:3, 5:7, 4:6 и 6:4. За Надал ова беше четврти трофеј во Њујорк и сега му фали само уште еден […]

Полските лекари објавија вонредна состојба во здравството


Полска– Полските лекарски асоцијации објавија вонредна состојба во здравството во пресрет на парламентарните избори во државата закажани за идниот месец, јави ДПА. Според лекарите од регионалната лекарска организација на Варшава, состојбата во здравството се влошува поради несогласувањата на политичарите. Тоа го изразија синоќа на прес конференција. Тие заедно со органзиации на фармацевти, медицински сестри и пациенти, […]

Колекција на Тори Брч инспирирана од принцезата Дајана


САД– Дваесет и две години по смртта, модната индустрија и понатаму е инспирирана од стилот на Леди Дајана која го загуби животот во собраќајна несреќа во 1997 година, на 36 години. Американската дизајнерка Тори Брч се инспирирала од стилот на Дајана Спенсер, како учителка во градинка, пред да стане принцеза. Ревијата е одржана во музејот […]

Изгоре куќа во населбата Бутел


Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар. Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема. Од Територијална противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот избувнал во 20 часот и 30 минути во куќа на ул. „Марко Крале“. Интеренирано е со четири возила и 11 пожарникари. Пожарот е изгаснат во утринските часови. […]

Триесет и три сообраќајки викендов во Скопје, 24 лица повредени


На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 33 сообраќајни незгоди, од кои во 16 има повредени лица, а во 17 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 24 лица, од кои три потешко и 21 полесно. Сообраќајната полиција санкционирала 109 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената […]

Палмер: Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО


Црна Гора– Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО. – Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде […]

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели


Англија– Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Одлуката за стопирање на работата на Парламентот беше критикувана од спикерот на Претставничкиот […]

Загина српскиот рапер Гру


Србија– Славниот српски рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, вчера загина кај наутичкиот клуб „Земун“ откако со параглајдер паднал во вода, дознава српски „Блиц“. Андонов трагично насрадал околу 15 часот, а од водата го извлекле пријатели. Брзата помош стигнала на лице место, а лекарите констатирале смрт. Гру имаше 46 години. Од бракот со […]

Заем од 125 милиони евра од Светска банка за буџетски потреби


Со заем за финансирање на буџетските потреби од 125 милиони евра ќе се задолжи Македонија кај Светска банка. Законот за задолжување е во собраниска процедура а одборот на извршни директори на Светска банка се очекува да го одобри на 19 септември. Овој заем е дел од новата рамка за партнерство на државата со Банката со […]

ЕУ бара владите од Западен Балкан да внимаваат со кинеските инвестиции


Европската Унија има намера да го интензивира дијалогот со земјите од Западен Балкан за да ги објасни придобивките од финансирањето преку главните инструменти на инфраструктурните проекти на ЕУ, а воедно ги повикува властите да посветат посебно внимание при обезбедувањето инвестиции од други партнери кои му помагаат на регионот да ги исполни стандардите на ЕУ, рече […]

Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари


Белгија – Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари и нивните задолженија. Областа на политиката за проширување на Европската унија може да ја добие комесар кој доаѓа од земја на Вишеградската група или од Југоисточна Европа. Словенечкиот дипломат Јанез Ленарчиќ и поранешниот унгарски министер за правда […]

Преку ИПА грант реализирани 135 подпроекти во 78 општини


Сто триесет и пет подпроекти во вкупна вредност од 1,3 милијарди денари во руралните средини на 78 општини се реализирани преку проектот ЕУ ИПА грант за рурална инфраструктура. Денеска, во Скопје ќе биде одржан завршен настан на проектот на кој обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска, амбасадорот на ЕУ Самуел […]

Заев и Мицкоски ќе пресечат за СЈО


Преговарачките тимови и лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, денес на заедничка маса ќе решаваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство. Лидерската средба, која е закажана на неутрален терен во Собранието (20 часот), треба да ги испегла сите разлики околу донесувањето на законот за јавното обвинителство со кој […]