Во недела почнуваат Фчерашни новости


Во недела во 19 часот и 30 минути на Канал 5 почнува Сезона 5 на Фчерашни новости. Повторно ликовите на Фчерашни, на нивниот добро познат начин, ќе ги претстават случувањата во земјава.

Новина во „новостите“ е тоа што покрај постоечкиот концепт на вести од фчера, тие ќе понудат и нешто поразлично. Во сезона 5 публиката ќе може да влезе во редакцијата на Фчерашни каде „новинарите“ се подготвуваат за „вестите“.

Публиката ќе има можност од поблиску да ги запознае, Уредникот Номче, Менде Гибнатио, Јелисафета Крстиќ Поп Мајбах, Ацо (водителот), Мајстор Рубин, Маја и Џемаил.