Светна Божикната елка во Њујорк
САД- Една од најраскошните Божикни елки, препознатливата норевешка смрека, синоќа е осветлена пред центарот Рокфелер во Њујорк, САД. Традиционално, по 85-ти пат, годинава ја вклучи градоначалникот Бил де Бласио. Божикното дрво е високо 75 метри и тешко 12 тони, а украсено е со 50 илјади разнобојни лед светилки.