Мараја Кери се лечи пред божикните концерти


САД – Поп-ѕвездата Мараја Кери (47) изјави дека прави кратка пауза по лекарска препорака, што може да доведе до откажување на три од нејзините божикни концерти.
“Се надевам дека сите имавте убав Ден на благодарноста со вашите сакани. Секогаш е добро да се потсетиме за што сме благодарни!“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Таа ги откри и откажаните концерти на нејзината интернет-страница: 27 и 28 ноември и на 1 декември. Нејзината турнеја ќе продолжи со концертот во театарот „Бикон“ во Њујорк на 2, 3 и на 5 декември. Потоа следуваат три настапи во Европа пред да замине за Лас Вегас каде што ќе настапи со 5 концерти во колосеумот на “Сизарс палас“.
Во средината на ноември пејачката го откажа првиот од неколкуте концерти “All I want for Christmas is You“ поради здравствени проблеми.
Кери требаше да ја започне нејзината турнеја на 17 ноември во Виндзор, Онтарио во колосеумот на “Сизарс палас“.