Пораки до Скопје и Софија да се ангажираат за решение, а времето да се искористи и за интензивирање на реформите


Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија нема алтернатива, а со цел деблокирање на усогласувањето на преговарачката рамка за земјата важно е да се работи со Бугарија на надминување на разликите и времето да се искористи земјата да го забрза процесот на реформите, порачаа вчера шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и […]

Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за два денара


Од денеска престана да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што повторно стапи во сила Законот за акцизи. Тоа придонесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да ги намали малопродажните цени на горивата. Со укинувањето на дополнителната акциза за горивата која беше […]

Шабан Трстена : Успесите не доаѓаат од небо, туку со пожртвуваност и напорна работа дење и ноќе, по дожд и снег


Успесите не се постигнуваат со зборови или реклами, ниту со политика, туку со жртва и работа дење и ноќе, на дожд и снег. Овие успеси не се добиваат на лотарија. Не! Не доаѓаат од небото, да ти речат „Еве повелете медал или награда затоа што ти си најдобар спортист“. Овие успеси во тешки услови дојдоа […]

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и рентаат скап апартман во Мајами


САД– Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и заминаа во Мајами каде рентаат луксузна недвижност, соопшти денеска Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори. Се дознава дека Иванка во Мајами изнајмила апартман во луксузен станбен комплекс на брегот на Атлантскиот Океан со договор на една година. Телевизијата дознава дека […]

Облачно и врнежливо


Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Претседателот и вториот господин во Ралф Лорен: Симболика посилна од елеганција


САД– Кога претседателот Џо Бајден положи заклетва за 46-от претседател на Соединетите држави, тој носеше капут, вратоврска, палто и маска на американскиот дизајнер Ралф Лорен. На ист начин како виолетовите облеки што ги носеа потпретседателката Камала Харис, поранешната државна секретарка Хилари Родам Клинтон и поранешната прва дама Мишел Обама како повик за единство, и костумот […]

Нередот што го остави Трамп зад себе е на насловницата на „Тајм“


САД- Америка отвора ново поглавје со Џо Бајден. Весниците и магазини се фокусираат на смената во Белата куќа, напуштањето на функцијата на Доналд Трамп кој не беше баш омилен кај американските медиуми и пристигнувањето на Џо Бајден на неговото место. Најмногу внимание предизвика насловницата на влијателниот „Тајм“. Илустрацијата на Овалната соба, според „Тајм“ го отсликува […]

Охрид не е на црната листа, ќе биде под засилен мониторинг на УНЕСКО


Лејла Сабит Охрид може да биде ставен на листата на светско наследство во опасност, односно едно скалило подолу од сегашниот негов статус. Тоа не значи исклучување од листата на светско наследство на УНЕСКО, туку засилен мониторинг односно соработка и поддршка од УНЕСКО во насока на спроведување на Конвенцијата, поголема посветеност и ангажман, од страна на […]

Енигма: Од каков вирус почина легендарната актерка Мира Фурлан?


Хрватска- Актерската легенда Мира Фурлан завчера почина во Лос Анџелес на 66 години. Според некои медиуми, починала од западнонилска треска што ја пренесува заразен комарец.  Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Гир : Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во ЕУ


Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА. – Овие разговори продолжуваат во Брисел и […]

МВР ќе прими најмногу административци кои немаа работни места


Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи. Првиот вицепремиер и министер за политички систем во Владата Артан Груби […]

Османи со државниот врв на Црна Гора: Блиските и партнерски односи да поттикнат и плодна економска соработка


Во рамки на официјалната посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средби со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, првуит човек на црногорскиот Парламент, Алекса Бечиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ, и со заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ. Како што информира МНР, на средбите беа нагласени […]

Од коронавирус почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа


Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од ковид-19, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тодоровски-Упа беше актер и кастинг директор, еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. За време на студиите играл во претстави во Драмскиот […]

Каков имот поседуваат македонските политичари-јавноста сега може да ѕирне 


Каков имот поседуваат и колкави плати земаат Заев, Спасовски, Шекеринска, Филипче… Заев има највисока плата – 87. 813, а Шаќири најниска – 65. 292 денари Колку се богати политичарите во Северна Македонија? Јавноста има шанса да ѕирне во листите за имотите коишто ги поседуваат првите луѓе во Владата, како и во платите коишто ги добививаат […]

Архитектот Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“


Архитектот Ѓоко Радовановиќ е добитник на наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2020 година, врз основа на одлуката на Управниот Одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) донесена на 14 јануари 2021 година. ААМ ја додели оваа награда откако сите членови на Комисијата поединечно изразиле поддршка за […]

Старова и Урошевиќ отпаднаа: Романот на Владимир Јанковски во трката за „Балканика“


На конкурсот за избор на национален претставник за меѓународната награда „Балканика 2020“, годинава до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа осум книги: Луан Старова  – „Генералот и пеперутката“, Дијана Петрова – „Не правете им сенка на гробовите“, Жарко Кујунџиски  – „Сфинга на гневот“, Владимир Јанковски  – „Скриени желби, немирни патувања“, Србо Ивановски  – „Изодениот пат“, Филип […]

Откажан годинешниот Карневал во Рио


Бразил – Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот Карневал, поради пандемијата на Ковид-19. „Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам стопанското значење на овој културен настан за нашиот град. Сепак, се чини, неразумно е да се замисли во ова време, […]

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри во Токио


Јапонија– Заменик генералниот секретар на владата на Јапонија Манабу Сакаи ги демантираше информациите за откажување на Летните олимписки игри во Токио поради пандемијата на коронавирус. Информациите за откажувањето се појавија претходно во британското издание на „Тајмс“. – Сакаме целосно да ги демантираме овие информации. Секако, мора да ја земеме предвид ситуацијата во странство и во одреден […]

Аларм од Ед Ширан до Елтон Џон: Брегзит им ги комплицира турнеите на британските ѕвезди


Англија – Повеќе од 100 британски музичари, од Ед Ширан, Стинг и Роџер Вотерс од Пинк Флојд и до ѕвезди на класичната музика како диригентот Симон Ратл, изјавија дека турнеите на британските уметници низ Европа се во опасност поради Брегзит. Во писмото до весникот „Тајмс“ објавено завчера, музичарите велат дека владата „срамно“ го прекршила ветувањето […]

Во САД падна џекпот од 731,1 милион долари


САД– Џекпот на лотаријата „Пауербол“ од 731,1 милион долари падна, по продаден билет во Лонаконинг, Мериленд, САД. Продавницата во округот Алегени, ќе добие бонус од 100.000 долари за продажба на лозот за петтата најголема добивка на лотарија во историјата на Америка. Среќниот добитник на џекпотот претпочита да остане неименуван – Мериленд е една од државите што […]