Изложба „Остен Биенале на цртеж – Скопје  2020“ во галеријата Мала станица


Од денеска до 18 март во галеријата Мала станица  може да се посети изложбата „Остен Биенале на цртеж – Скопје  2020 – наградени уметници и финалисти“.
 
На Биеналето учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела, а селекторот Емил Алексиев избра 135 уметници и од нив 75 беа избрани за финалисти.
 
За наградените автори одлучуваше меѓународно жири во состав: Катрин Бекер од Германија, Ларс Курулф Милер од Данска и Жолт Петрани од Унгарија.
 
Селектираните уметници на „Остен Биеналето на цртеж – Скопје 2020“ и „Остен Биеналето на наградени автори 2019-2020“ беа претставени на изложба во октомври минатата година во галеријата Чифте амам, по повод 75-годишнината на „Остен“.