Шведска привремено ги затвора границите со Норвешка


Шведска– Шведските власти денеска соопштија дека од полноќ привремено ќе ги затворат границите со Норвешка, во обид да спречат ширење на новата, позаразна мутација на коронавирусот, која неодамна беше откриена во Велика Британија. Шведскиот министер за внатрешни работи Микаел Дамберг на денешната прес-конференција соопшти дека новата забрана ќе важи до 14 февруари и објасни дека со тоа […]

Регистрирани 183 нови случаи на Ковид-19, шест починати и 1.731 оздравен


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.466 тестирања, регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19, починале шест лица, а оздравеле 1.731 пацинент. Од регистрираните 183 нови случаи најмногу има во Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5,  Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, […]

Два пати македонски кандидат за „Балканика“: Кој е Владимир Јанковски?


Стручната комисија за избор на нашиот национален претставник во трката за престижната книжевна награда „Балканика“, во состав: проф. д-р Елизабета Шелева, претседател, проф. д-р Александар Прокопиев, член, и Блаже Миневски, со мнозинство гласови ја избраа книгата „Скриени желби, немирни патувања“ од писателот Владимир Јанковски. На конкурсот годинава до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа осум книги: […]

Која тоалета Џил Бајден ќе ја донира на Смитсонијан: Без инаугуративниот бал се прекршува традиција стара 100 години


САД– Од сите невидени аспекти на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, можеби најразочарувачки за љубителите на модата е недостатокот на инаугуративниот бал – а со тоа и недостатокот на фенси инаугуративни тоалети. Инаугуративниот бал е откажан од распоредот на инаугуративните свечености заради опасностите од пандемијата на коронавирусот, плус безбедносните проблеми што произлегоа од нападот на […]

Довербата во медиумите достигна најниско ниво


Довербата во традиционалните медиуми опадна на најниско ниво во историјата, и многу професионалци од медиумите се решени да направат нешто во врска со тоа. Вербата во централните институции на општеството, особено во владата и медиумите, е лепак што го одржува општеството заедно. Тој лепак видливо се раствора пред една деценија и сега, за многу милиони […]

САД и ЕУ ја осудија употребата на сила на протестите во Русија


САД/Белгија– САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. – Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество […]

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел


Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел. Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 09:00-12:00 часот корисниците од бул.Јане Сандански згради број:86, 88 и 90 во општина Аеродром. Во периодот од 08:00-09:00 часот без струја ќе останат корисниците […]

Македонскиот дизајн посегнува по Летните олимписки игри во Токио 2021


Охриѓанецот Крсте Нелоски разработува дизајн за Олимписките игри во Токио 2021 година. Веќе има изработено столица со мотиви на Јапонија дизајнирана специјално за Олимпијадата 2021, снимен е и документарен филм со хуманистичка порака поврзана со постулатите на Олимпизмот, целосно е изработена специјална монета на Игрите, а разработува и идејно осмислил и грандиозен проект за изградба […]

Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди


Помислата на пештера, кај обичниот човек наведува на мистерија и се поврзува со митови околу кои се плетат разни приказни и верувања. Таквите верувања доскоро владееја и кај луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица во гостиварското село Горна Ѓоновица. Сега се знае дека оваа пештера крие богатство, секако не како она во приказната […]

Премиерот Заев во посета на село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала  


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, во 14 часот ќе направат увид во ОУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци каде ќе започне изградба на нова спортска сала. На настанот е планирано и обраќање на премиерот пред медиумите.

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла


По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи. Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, […]

Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег


Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. Според УХМР, […]

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено […]

Мелбурн 17-ти ден без случаи на Ковид-19, во пресрет на „Австралија Опен“


Австралија – Австралиската сојузна држава Викторија веќе 17 дена е без нови локални случаи на коронавирусот, а властите прават напори ваквата ситуација да не го расипе одржувањето на тенискиот турнир „Австралија опен“ следниот месец затоа што меѓу спортистите кои допатувале има позитивни на коронавирусот. Дури 72 играчи кои ќе учествуваат на турнирот од 8 до 21 февруари беа […]

Гир : Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна


Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, […]

Повеќе од 100 припадници на американската Национална гарда се позитивни на Ковид-19


САД– Меѓу 100 и 200 припадници на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурација на американскиот претседател Џозеф Бајден се позитивни на коронавирусот, соопштил американски официјален претставник. Службеникот, кој се согласи да зборува под услов да остане анонимен, рекол дека бројот на заразени може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили. Тој напомена дека […]

Трудо е првиот странски лидер кој разговарал со Бајден


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Џо Бајден планираат да се состанат следниот месец, соопшти кабинетот на премиерот по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери за односите меѓу двете земји, во кој се согласија да ги здружат силите во борбата против коронавирусот во Северна Америка. Белата куќа потврди дека двајцата лидери ја нагласиле „стратешката важност на американско-канадските односи“ во вчерашниот […]

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека


Белгија– Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес потврди дека претставници на фармацевтската компанија Астра Зенека најавиле доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година. По тој повод, Киријакидес изрази незадоволство и од ЕУ и од земјите членки. – Инсистираме на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да […]

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка


Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар. Температурите во другите делови од земјата се над нулата и тоа во Гевгелија, Струмица и Берово се измерени нула степени, во Скопје – Петровец еден, во Тетово два, во Крушево, Лазарополе и Маврово три степени, во […]

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита


Нови 307 случаи со Ковид-19 од направени 1.854 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа 14 лица во болнички услови, а оздравени се 658 пациенти. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројот на оздравени пациенти е 76.045, на починати […]