Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан


Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од 3 до 9 септември ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко. На …

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан Read More »

Продолжи судењето за „Титаник 2“, адвокатот Дангов казнет за навреда на Судот


По паузата од половина час адвокатот на обвинетиот Сашо Срцев, Димитар Дангов, дојде во судницата со што продолжи судењето за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев рече дека Судот донел решение адвокатот Дангов да биде казнет според членот 361 и членот 88 од ЗКП, заради навреда на Судот. Судијата не кажа колкава е …

Продолжи судењето за „Титаник 2“, адвокатот Дангов казнет за навреда на Судот Read More »

В среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот


Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во …

В среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот Read More »

Сите обвинети негираат вина за „27 април“


Обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.  Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци повикани …

Сите обвинети негираат вина за „27 април“ Read More »

Врнежи од дожд уште утре, од среда потопло


Врнежите од дожд што ја зафатија Македонија кон крајот на денот наместа ќе престанат, а веќе од среда се очекува стабилизација на времето со пораст на дневните температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во текот на утрешниот ден ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од …

Врнежи од дожд уште утре, од среда потопло Read More »

Славниот фудбалер Пол Гаскојн уапсен за сексуално вознемирување


Англија- Легендата на англискиот фудбал, Пол Гаскојн е уапсен поради сомнеж дека во воз сексуално вознемирувал една жена. Жената пријавила дека 51 годишниот фудбалер непристојно ја допирал во возот кој сообраќал од Јорк. Полицијата притоа од железничката станица Дарам го приведе популарниот фудбалер. Иако Гаскојн брзо беше пуштен на слобода, полицијата ќе започне истрага со …

Славниот фудбалер Пол Гаскојн уапсен за сексуално вознемирување Read More »

Ферер: ќе се пензионирам следната година


Шпанија- Шпанскиот тенисер Давид Ферер планира да се пензионира следната година. Физичката состојба е главната причина поради која 36-годишниот Ферер ќе стави крај на професионалната кариера. – Веќе имам потешкотии да го задржам високото ниво. Не можам да играм повеќе од два меча беа да почувствувам последици. Забележувате дека не можам да реагирам на топките како …

Ферер: ќе се пензионирам следната година Read More »

Тутунот годинава ќе има 40 отсто помал род, послаб ќе биде и квалитетот


Намален род за 30 – 40 отсто, послаб квалитет и пониска откупна цена, очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово и појавата на болести. И повторно да се зголемат температурите, како што најавува УХМР, не може, велат, ситуацијата значително да се подобри зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса. Моментно, …

Тутунот годинава ќе има 40 отсто помал род, послаб ќе биде и квалитетот Read More »

Продолжуваат конзерваторските проекти на Стоби


На археолошкиот локалитет Стоби со кој управува Националната установа за управување со археолошкиот локалитет – НУ Стоби, паралелно се реализираат неколку конзерваторско-реставраторски проекти на одделни делови од овој значаен локалитет. Во тек е конзервацијата и реставрација на мозаиците од јужниот кораб на Епископската базилика во Стоби финансиран од Министерството за култура со 500 илајди денари. …

Продолжуваат конзерваторските проекти на Стоби Read More »

Љата: Дебар не памети тројно убиство во овој век


Тројното убиство што се случи во Дебар, во кој смрттно се застрелани тројца членови од семејството Поцеста, маж, неговата сопруга и малолетна ќерка, ја вознемири целата дебарска јавност, која е во шок и неверување. Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата , видно вознемирен изјави дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век. – Најпрво изразувам …

Љата: Дебар не памети тројно убиство во овој век Read More »

Дождот добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите


Бранот врнежи што ја зафати Македонија е добредојден за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, недостигаше влага во површинскиот слој на почвата особено поради топлото време изминатиов период. Појава на болести и штетници не се очкува зашто скоро сите култури се во фаза на поодминат развој, во фаза на зреење. – Имавме две-три недели вистинско лето, со …

Дождот добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите Read More »

Ерве Пјер: Кој е модниот советник на Меланија Трамп во Белата куќа ?


САД – Само 12 црни мали фустани, или можеби елегантна мастило сина боја, ја сочинуваат првата колекција која го носи името на Ерве Пјер по четвртина век во модниот свет. И сето тоа е благодарение на Меланија Трамп. Откако првата дама на Америка го носеше неговиот фустан на инаугурацијата на нејзиниот сопруг – во чиста …

Ерве Пјер: Кој е модниот советник на Меланија Трамп во Белата куќа ? Read More »

Промоција на новите албуми на „Колонија“ и Нада Обриќ на „Охрид фест 2018“


„Кроација рекордс“ ќе ги промовира новите албуми на хрватската денс група „Колонија“ и на фолк-ѕвездата Нада Обриќ на 8 септември, на официјалната прес-конференција на „Охрид фест-охридски трубадури“ во хотел „Нова Ривиера“ во 10, 30 часот, информираа од дирекцијата на престижниот фестивал. Јубилејниот 25.„Охрид фест-охридски трубадури“ трае три дена, со почеток од 20,30 часот, (на Кеј …

Промоција на новите албуми на „Колонија“ и Нада Обриќ на „Охрид фест 2018“ Read More »

Од септември: “Патрик” – симпатичен филм за целото семејство


Од септември во скопските кина, а наменет за секој тип на публика, ни доаѓа вистински британски деликатес. То него, Сара Френсис (Бети Едмондс) е млада учителка чиј живот е малку хаотичен. Она што во животот во моментов најмалку и треба е да се грижи за некого. Сепак и се допаѓало тоа или не, нејзината баба …

Од септември: “Патрик” – симпатичен филм за целото семејство Read More »

Се ожени поп-пејачот Јоце Панов


Поп-пејачот Јоце Панов (36) по 10 годишна врска се ожени со Марина Нацевска. Свадбената веселба беше во ресторанот „Ла Тана“ во Скопје. Цела естрада му дојде на свадбатѕ, сите запеале ама сепак, главен за забавата на гостите бил фолк пејачот Благоја Грујовски. За младенците имало и огномет, како колуминација на свадбената журка. Невестата била облечена во …

Се ожени поп-пејачот Јоце Панов Read More »

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за случајот „27 април“, што се однесува за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. На денешното рочиште за …

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „27 април“ Read More »

Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание


Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент. Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА …

Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание Read More »

Повластената стапка на ДДВ за продажба на станови до 2023 година


За пет години се пролонгира рокот за повластена стапка од пет проценти за станови во прва продажба, со предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност за кои денеска треда да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџе. Според предлог законот,  рокот за повластената стапка се пролонгира  до 31 декември 2023 година. На дневен …

Повластената стапка на ДДВ за продажба на станови до 2023 година Read More »

На Табановце зголемена фреквенција на возила


На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на …

На Табановце зголемена фреквенција на возила Read More »

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018


Околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на традиционалната Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир. На годинашниот симпозиум на тема „Ритамот на книжевниот превод“ ќе настапат Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар кој ќе има воведно излагање, Олга Панкина од Русија, Васил Тоциновски, Здравко Божиновски,  …

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018 Read More »