Сообраќајот без застои, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на …

Сообраќајот без застои, по влажни коловози Read More »

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија


Книжевен портрет на Јулијана Величковска ќе се одржи денеска во Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година. На настанот него ќе биде претставено севкупното книжевно творештво на Јулијана Величковска, со особен фокус на стихозбирката „Рајсфершлус“ (2024, ПНВ Публикации) за која ја освои најзначајната национална награда за поезија „Браќа Миладиновци“ …

Книжевен портрет на Јулијана Величковска во Македонскиот КИЦ во Софија Read More »

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Вечерва, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи …

„Звук што трае“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија Read More »

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај …

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд Read More »

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар


Во Музејот на револуционерната борба вечерва во 19, 30 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар, во издание на СИВЕЈАН. Промотор на книгата е професор д-р Владимир Мартиновски, за издавачот Тихомир Методи Јанчовски, а стихови ќе чита Ирена Илиевска. Музичкиот блок е на Благој Ламњов, кларинет, а водител …

Промоција на стихозбирката „Има така некои денови“ од Елка Јачева-Улчар Read More »

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе …

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 ноември 2025 година, 331-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 34 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година


Вашингтон – Обвинителот од Џорџија, Пит Скандалакис, се откажа од кривичната постапка против американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на наводно мешање во изборите во 2020 година.  Скандалакис поднесе барање за отфрлање на обвинението во кое се обвинуваат Трамп и неговите соработници за заговор за поништување на резултатите од изборите во таа федерална држава, пишува Би-Би-Си. …

Обвинителот во Џорџија го отфрли обвинението против Трамп за мешање во изборите во 2020 година Read More »

Помалиот син на Мицкоски е меѓу затруените ученици во „Димо Хаџи Димов“


Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за СДК.мк, Марија Митева, портпаролката на Владата. Тој и соучениците се чувствуват подобро. „Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. …

Помалиот син на Мицкоски е меѓу затруените ученици во „Димо Хаџи Димов“ Read More »

Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата


Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното здравство паузата е повеќедецениска пауза. Во Програмата за трансплантација за оваа година беше предвидена подготовка и почнување на методата кератопластика. Кога започнавме заедно …

Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата Read More »

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека …

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците Read More »

Кинеска авиокомпанија ќе ја нуди најдолгата авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес


Шангај – Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми. Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат …

Кинеска авиокомпанија ќе ја нуди најдолгата авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес Read More »

Белгија парализирана од генералниот штрајк


Брисел – Во Белгија денеска се одржува 24-часовен генерален штрајк, со кој ќе заврши серијата на штрајкови во организацијата на трите најголеми белгиски синдикати што започна во понеделникот. За разлика од вообичаената пракса, на денешниот генерален штрајк не беше организиран протестен марш на работниците од цела Белгија низ улиците на Брисел, но сепак ширум земјата се …

Белгија парализирана од генералниот штрајк Read More »

„Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека


Програмата во декември на Кинотеката на Северна Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“.  -Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски – „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска – „Мајка“ – со …

„Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека Read More »

Промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“


 Во организација на Амбасадата на Шпанија во Скопје и институтот Сервантес во Белград и Ла Лига, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на ЛАЛИГА“. Проектот доби поддршка и од министерот за спорт Борко Ристовски. – Благодарност до шпанскиот амбасадор за се она што го прави за …

Промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“ Read More »

Словенија се повлекува од Евросонг?


Словенија, според сите извештаи, нема да учествува на Евросонг 2026, а словенечкиот јавен радиодифузен сервис РТВСЛО дури и нема да го емитува натпреварот, како што покажуваат најновите нацрти на Планот за продукција за следната година. Иако сè уште се чека формална потврда, бројни словенечки медиуми објавуваат дека таков исход е многу веројатен. Според планот, Словенија …

Словенија се повлекува од Евросонг? Read More »

Највисокиот француски суд ја потврди пресудата на Саркози за прекумерно трошење во кампањата


Париз – Највисокиот апелациски суд во Франција, Касацискиот суд денеска ја потврди пресудата за незаконско финансирање на кампањата против поранешниот претседател Никола Саркози. Касацискиот суд во Париз пресуди дека понискиот суд бил во право што го осудил за незаконско финансирање во неговата неуспешна кампања за реизбор во 2012 година. Тој сега ќе отслужи шестмесечна затворска …

Највисокиот француски суд ја потврди пресудата на Саркози за прекумерно трошење во кампањата Read More »

Поп-сцената во тага: Почина пејачот Шпат Касапи


Албанската поп-сцена, и публиката во Македонија и регионот, денес останаа без едно од своите најпознати имиња. Познатиот поп пејач Шпат Касапи почина рано утринава, на 40-годишна возраст, по срцев удар што го доживеал за време на престој во Италија. Според првичните информации, Касапи немал претходни сериозни здравствени проблеми, но инфарктот бил фатален и лекарите не …

Поп-сцената во тага: Почина пејачот Шпат Касапи Read More »

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска на 3 декември


Во среда, 3 декември од 19 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на македонската кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам. Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима …

Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска на 3 декември Read More »

Џенифер Лопез, разведена четири пати, рекламира венчални прстени


ЏЕНИФЕР Лопез, која беше разведена четири пати и носеше шест веренички прстени во својот живот, сега е новото лице на компанија за накит, пишува Page Six. За промоција на блескавите накити на турскиот бренд, 56-годишната ѕвезда наводно добива 10 милиони долари (околу 8 милиони евра). Наводно сака да биде во центарот на вниманието Иако станува …

Џенифер Лопез, разведена четири пати, рекламира венчални прстени Read More »