Француската лабораторија „Карма“ првпат продаде вештачко срце


Англија– Француската лабораторија Карма денеска објави дека по првпат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна беше вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација. Тоа е прва продажба на лабораториско вештачко срце. Лабораторијата е основана 2008 година. Вградувањето на срцето ја изврши тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол. […]

Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра


Германија – Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем. Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде […]

Бич филм фестивал од 21-25 јули во Охрид


Годинава Beach Film Festival го бележи своето 4-то фестивалско издание. Фестивалот на нов европски филм, одомаќинет во градот Охрид  од 21 до 25 јули ќе се одржи на нова локација, плажата Горица 3. Проекции ќе има и на бродот Армада, како и во Музејско-културниот центар Лапидариум.  На ова издание ќе можеме да погледнеме филмови кои […]

Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли


Книгата „Средби и разговори“ на авторот и новинар Томислав Османли излезе од печат во издание на „Авант прес“ од Скопје. На повеќе од 150 страници текст книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, […]

Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“


Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева се добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година од областа на ликовната критика. Наградата ја додели Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. Како што информира Здружението „АИКА Македонија“, Комисијата во состав Мира Гаќина, Владимир Јанчевски и Маја Чанкуловска Михајловска одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година да […]

Влатко Стефановски Трио на Антички во Охрид на 5 август


По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз. На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ  и младиот талентиран тапанар Јан […]

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем


Франција – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА. Во […]

Адел со гламурозен изглед на НБА финалето со дечкото Рич Пол


САД– Поп-ѕвездата Адел (33), добитничка на 15 Греми, се појави на редок јавен настап синоќа додека присуствуваше на 5-от натпревар од финалето на НБА во Феникс, д помеѓу Феникс Санс и Милвоки, заедно со дечкото Рич Пол, менаџерот на славниот кошаркар Леброн Џејмс. За своето големо вечерно излегување, Адел избра лежерно- гламурозен изглед, се одлучи […]

Претседателот Пендаровски и првата дама Ѓоргиевска на „Галичка свадба“


Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани  традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор. Честитајќи го склучувањето на бракот на […]

Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славни


САД– Освојувачот на грен-слем турнирот во Вимблдон во 2001 година Горан Иванишевиќ e првиот хрватски тенисер во историјата кој стана член на Куќата на славните. – Пред 42 години го почнав ова патување од малиот хрватски град Сплит и тоа денеска завршува во Њупорт. Тука е крајот. Ова е остварување на моите соништа. изјави 49-годишниот Иванишевиќ на свечената церемонија […]

Дваесет и еден нов ковид-случај, 13 од нив во Скопје


Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.   Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти. Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово […]

Врнежливо до вторник, од среда стабилизирање на времето


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и со услови за појава на […]

„Гласје“ – нова поетска книга од Васил Дрвошанов


„Гласје“ е насловена новата поетска книга на Васил Дрвошанов, која содржи педесет песни илустрирани со исто толку оригинални графики од Трајче Блажевски. Во рецензијата напишана во форма на обраќање кон поетот, Елена Пренџова посочува дека  авторот има уникатен поетски стил, лесно препознатлив на македонската книжевна сцена. -Дрвошановиот поетариум претставува нежен и шепотлив поетски глас кој […]

Отворање на привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица


Граничниот премин Стрезимир – Рестилица на македонско-косовската граница, од денеска до 1 септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји. Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и […]

Репатрирани странски терористички борци и членови на нивните семејства, државјани на Македонија


Доцна синоќа Владата успешно го заврши процесот на репатријација на државјани на Република Северна Македонија од Сирија и Ирак – четворица мажи – странски терористички борци, пет жени и 14  деца.   Владината прес-служба соопшти дека процесот е спроведен согласно обврските на Република Северна Македонија кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, […]

Ковид-19 инфодемија и неопходната имунизација против дезинформации


Короната не постои, маските можат да убијат, вакцините содржат микрочипови, опасни се и имаат штетни ефекти – на овие и безброј слични дезинформации наидуваме секојдневно во инфодемијата поврзана со пандемијата со Ковид-19. Дел од нив нанесуваат мошне штетни последици по општото здравје и ја разнишуваат довербата на луѓето во врска со сè што се презема […]

Опстанокот на реките и езерата во рацете на човекот, ќе дозволиме ли да секне изворот на живот?!


Уметноста на природата е целосна кога преовладува синилото на реките, езерата и морињата. Тоа синило, под влијание на неумоливата консумирачка потреба на човекот, станува пола, на пат да го снема. И покрај свесноста за значењето на водите, сепак, човечката рака се повеќе ги суши водните површини. Па така, се чини синилото од уметничкото дело на […]

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија за живот со помалку болка


Поедничено, во просек, секое дете или лице со тип 1 дијабетес, годишно мора да биде боцнато во прстите околу 3.500 пати за да се измери нивото на шеќер во крвта што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, заедно со 1.500-те инјектирања со инсулин годишно заокружува околу 5.000 боцнувања.   Ова е […]

Сообраќајот наместа по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и […]

Пеш по светот за шест години, патешествие на двајца млади од Бразил и Холандија


Оваа приказна е поврзана со двајца млади кои по случајната средба во Албанија, заедно тргнале пеш од Европа до Индија. Бразилката Изис Матос пред три години тргнала од својот роден град Сао Паоло за Европа, од каде имала во план соло да се упати пеш до Индија. Слично патешествие и планови имал и Холанѓанецот Јохан […]