Состојбата со Ковид-19 во државата и натаму се стабилизира


Преку КОВАКС механизмот, Северна Македонија ќе добие 103.200 дози вакцини против Ковид-19, од вкупно 337,2 милиони, кои оваа Иницијатива на ОН планира да ги испорача во првата половина од годинава во 145 земји во светот. КОВАКС ќе покрие трошоци за набавка на вакцините за 92 сиромашни земји, додека другите ќе ги добијат по пристапни цени. …

Состојбата со Ковид-19 во државата и натаму се стабилизира Read More »

Распоредувањето на Националната гарда во околу Капитол ги чини САД речиси половина милијарда долари


САД – Речиси 500 милиони долари се трошоците за ангажирање на околу 26.000 припадници на Националната гарда за обезбедување на Капитол во периодот околу 6 јануари, кога се случи насилниот упад во Конгресот. Припадниците на Националната гарда пристигнаа од сите 50 држави и четири територии, додека агенциите за безбедност се обидоа да го обезбедат Капитол за …

Распоредувањето на Националната гарда во околу Капитол ги чини САД речиси половина милијарда долари Read More »

Фаучи: Вакцинацијата на децата може да почне на лето


САД – Директорот на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, изрази надеж дека наскоро ќе бидат објавени податоци кои ќе поддржат вакцинација на постарите деца против коронавирусот. Тој рече дека се надева оти откако ќе бидат објавени резултатите од студијата, кон крајот на пролетта или почетокот на летото ќе почне вакцинација на деца од …

Фаучи: Вакцинацијата на децата може да почне на лето Read More »

Хрватска: Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен


Хрватска– Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми. Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на тие дупки, дупки, досега не им била позната на сеизмолозите. – Нема пишани траги, па дури …

Хрватска: Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен Read More »

Трамп нема да сведочи на судењето во процесот за отповикување


САД – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да одговори на поканата да сведочи на судењето за отповикување во американскиот Сенат, кое почнува следната недела, соопшти неговиот советник Џејсон Милер оценувајќи го процесот како неуставен. Демократите во Претставничкиот дом, кои имаат улога на обвинител во претстојното судење на Доналд Трамп во Сенатот, побараа од поранешниот американски претседател следната …

Трамп нема да сведочи на судењето во процесот за отповикување Read More »

Новиот објект на велешкиот театар прокиснува по дожд, шест години нема технички прием


За само шест години од свеченото отворање во декември 2014 година зградата на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” по вторпат прокисна од последните обилни дождови на неколку места во фоајето и помошните простории, но не е прокисната големата и малата сцена. В. д. директорот Сашо Димоски за МИА информира дека проблемот не …

Новиот објект на велешкиот театар прокиснува по дожд, шест години нема технички прием Read More »

Бугарката Бакалова номинирана за „Златен глобус“ за улогата во „Борат 2“


САД- Бугарката Марија Бакалова се наоѓа меѓу номинираните за најдобра актерка во категоријата филмска комедија или мјузикл на доделувањето на наградите „Златен глобус“, се наведува на официјалниот Твитер профил на наградите. Бакалова е номинирана за нејзината улога во ликот на Тутар – ќерка на главниот лик во филмот „Борат 2“. Филмот беше номиниран и за …

Бугарката Бакалова номинирана за „Златен глобус“ за улогата во „Борат 2“ Read More »

Памела Андерсон зрачеше од љубов: Објавени фотографиите од тајната венчавка со телохранителот


САД- Актерката и активистка Памела Андерсон ги изненади обожавателите минатата недела откривајќи дека се омажила ( по четврти пат) за својот телохранител Дан Хејхурст на интимна церемонија во дворот на куќата што ја купила од нејзините баба и дедо, на островот Ванкувер, Канада. -Памела зрачеше од љубов “, изјави за „Пипл“ свадбената фотографка и пекарка …

Памела Андерсон зрачеше од љубов: Објавени фотографиите од тајната венчавка со телохранителот Read More »

Студија: Вакцината на АстраЗенека спречува пренос на коронавирусот


Во последно време сѐ погласни беа сомнежите во ефикасноста на вакцината на АстраЗенека. Британска студија сега покажува: веќе по првата примена доза се намалува опасноста од пренесување на вирусот Од студијата објавена од Универзитетот Оксфорд, произлегува дека вакцината на АстраЗенека од една страна го штити оној кој ја примил од заболување од коронавирус, а од друга …

Студија: Вакцината на АстраЗенека спречува пренос на коронавирусот Read More »

Црна Гора на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирус


Црна Гора – Црна Гора е на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирусот на 100.000 жители, покажуваат податоците од европските статистички центри. Португалија е на прво место според бројот на нови случаи од 25 јануари до 1 февруари, а Шпанија е на трето место. Словенија е на осмото место меѓу 45 европски …

Црна Гора на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирус Read More »

Нотр дам во Париз во потрага по камења за нејзината обнова


Франција – Реконструкцијата на опожарената катедрала Нотр дам во Париз, бара точно познавање на материјалите кои се користеле во средниот век, што е од суштинско значење за да се обезбеди идентична обнова, јави дописникот на МИА. Потрагата по делкани камења вклучува геолошки истражувања во каменоломи и лабораториски испитувања на примероците. За таа цел е потпишан …

Нотр дам во Париз во потрага по камења за нејзината обнова Read More »

Царовска : Лесно нема да биде за никого, но ниту една промена не е лесна


По јавната расправа во собраниската Комисија за образование, наука и спорт, која е закажана за утре, министерката за образование и наука Мила Царовска очекува дефинирање на концепцијата за основно образование. Очекува плодна дискусија, а секој конструктивен предлог, кој ќе произлезе од расправата, ќе може да се вметне во концепцијата со која се спроведува реформа на …

Царовска : Лесно нема да биде за никого, но ниту една промена не е лесна Read More »

Молдавија го прекина внатрешниот железнички сообраќај


Моладавија– Од 12 февруари Државните железници на Молдавија целосно го запираат движењето на приградските возови откако претрпеа огромни месечни загуби поради пандемијата на коронавирусот. Според компанијата, внатрешниот превоз на патници ја чини молдавската железница помеѓу 9 и 12 милиони леи (околу 500-700.000 американски долари) месечно. Нема финансии и возовите се стари и опасни за патниците. …

Молдавија го прекина внатрешниот железнички сообраќај Read More »

Борел од денеска во посета на Москва


Русија – Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел од денеска до 6 февруари е во посета на Москва, каде со руските власти ќе разговара за односите меѓу ЕУ и Русија и за уапсениот опозиционер Алексеј Навални. Како што претходно изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано, за време на посетата, Борел …

Борел од денеска во посета на Москва Read More »

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи


Хрватска– Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании. Се сомнева дека двајца мажи, од кои едниот од претходно се наоѓа во истражен затвор, и една жена извршиле злосторничко здружување, измама и фалсификување исправи, додека останатите лица се товарат за лажирање сообраќајни несреќи, со што помогнале во измамата. Од 2012 до …

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи Read More »

Австралија опен нема да биде одложен поради коронавирус кај вработен во хотелот во карантин


Австралија – Новинарот Хозе Моргадо денес на Твитер цитира изјава од шефот на тенискиот Грен слем Австралија опен, Крег Тајли за можно одложување на турнирот поради случај на коронавирус кај еден од вработените во хотел во карантин во Мелбурн. Според изворот, никој нема да го одложи Австралија опен и тој ќе започне навреме на 8 февруари. …

Австралија опен нема да биде одложен поради коронавирус кај вработен во хотелот во карантин Read More »

Преку Ковакс за Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19


Швајцарија – Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој. Тоа ќе биде доволно за вакцинирање на речиси 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата. Ковакс очекува да подели …

Преку Ковакс за Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19 Read More »

Во Србија вакцинирани над пола милион лица


Србија-Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирус во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград. Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија . Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од …

Во Србија вакцинирани над пола милион лица Read More »

Забрана за мобилни во училиштата во Кина


Кина– Министерството за образование на Кина донесе одлука да им забрани на учениците да користат мобилни телефони во училиштата. Образложението е дека ова ќе го заштити видот на децата, ќе спречи зависност од интернет и видеоигри, но исто така, ќе им овозможи на децата подобра концентрација при учењето. Забраната се однесува на носење телефони во …

Забрана за мобилни во училиштата во Кина Read More »

Зошто Доли Партон уште не ја прима вакцината против Ковид-19?


САД- Кантри легендата Доли Партон минатата година беше толку загрижена за пандемијата на коронавирус, што донираше 1 милион долари за развој на вакцината Модерна, една од двете терапии што беа одобрени од федералната влада и беа достапни на јавноста. Таа исто така ги исполнува условите за вакцинирање откако наполни 75 години на 19 јануари, а …

Зошто Доли Партон уште не ја прима вакцината против Ковид-19? Read More »