Имунизацијата се одвива непречено, можни нови мерки за заштита од делта сојот


Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот […]

Шаповалов ги сруши надежите на Мареј на Вимблдон


Англија– Денис Шаповалов не загуби ниту сет во дуелот со Енди Мареј и ги урна надежите на Британецот дека може да се надева на пласман во самата завршница на актуелниот Вимблдон.   Шаповалов вчера победи со 6:4/6:2/6:2 во рамките на третото коло на грен-слем турнирот во Лондон, а за Мареј ова е најрана елиминација на […]

Ѓоковиќ преку Кудла во осминафиналето на Вимблдон


Англија– Најдобриот светски тенисер се пласираше во осминафиналето на Грен слемот Вимблдон, откако вчера со максимални 3-0 по сетови 6-4, 6-3 и 7-6  го порази Американецот Денис Кудла. Во следната фаза противник на Ѓоковиќ е Кристијан Гарина од Чиле, 17 носител на Отвореното првенство на Англија.

Променливо облачно и посвежо 


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. […]

Џефри Ховениер нов американски амбасадор во Косово


Косово– Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден го номинира Џефри М. Ховениер за нов американски амбасадор во Косово, објавија синоќа медиумите во Приштина, пренесувајќи соопштение на Белата куќа во Вашингтон. Ховениер на чело на дипломатската мисија на САД во Косово ќе го наследи Филип Коснет, кој за амбасадор во Приштина беше номиниран од поранешниот […]

Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција


Грција– Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот закон, […]

Прв случај на делта сојот потврден во БиХ


БиХ– Делта сојот на коронавирусот е потврден кај жена од Меѓугорје, Босна и Херцеговина, објавија дел од босанските медиуми. Делта сојот првпат е откриен во Индија, а стана глобално доминантна варијанта на Ковид-19. Овој сој се смета за повирулентен, но не е докажано дека е посмртоносен. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести […]

Роналдо изби на врвот според заработка од реклами на Инстаграм


Англија – Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо се искачи на врвот според заработката од реклами на неговиот Инстаграм профил, симнувајќи го од водечкото место американскиот актер Двејн Џонсон. Триесетишестгодишниот португалскиот фудбалер, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1.6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави денеска компанијата „Hopper HQ“, […]

Песков: Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување на земјата поради новиот бран коронавирус


Русија– Кремљ засега ја отфрла можноста за заклучување поради новиот бран на епидемијата со коронавирусот, иако четврти ден по ред има рекорден број на смртни случаи како резултат на појавата на делта сојот на вирусот. „Никој не сака да биде затворен и прашањето за тоа не се поставува. А, за да не се случи тоа, сите […]

Најбрзата Американка позитивна на марихуана


САД– Американската спринтерка Шакари Ричардсон била позитивна на марихуана на американските олимписки квалификации поради што може да остане без настап на Игрите во Токио, објави денеска весникот „Њујорк Тајм“, повикувајќи се на анонимни извори. Ричардсон (21) победи во финалната трка на 100 метри на американските квалификации што се одржаа минатиот месец, обезбедувајќи со тоа пласман на претстојната Олимпијада во Токио. […]

Во Албанија во акцијата „Душа“ запленет имот од милиони евра, шест тони дрога, уапсен обвинител и првиот човек на албанската антимафија


Албанија– Запленет имот вреден милиони евра, ресторани, хотели, супермаркети , четири компании, градежно земјиште и притворени 38 лица е билансот од големата акција „Душа“ финализирана денеска во утринските часови од страна на албанското специјално обвинителство (СПАК) во соработка со италијанската полиција во четири земји – Албанија, Италија, Црна Гора и Шпанија, јави дописничката на МИА […]

Изложба „Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина“ во Музеј на град Скопје


Вечерва во 20 часот, во Музеј на град Скопје, а ќе биде отворена изложбата-Што би се случило ако? Изборот да се изгради алтернативна иднина, во рамките на проектот КреАрт, подржан од Креативна Европа, а во организација на Град Скопје и Музеј на град Скопје. На изложбата ќе бидат изложени дела на 15 интернационални уметници- кои […]

Објавени процедурите за влез на „Егзит“ за посетителите од Македонија


ЕГЗИТ“ (EXIT) на своите веб-страници ги објави официјалните процедури за влез на посетителите на овогодишното издание на фестивалот. Според предвидените протоколи влезот на Тврдината од 8 до 11 јули за сите посетители ќе биде ограничен на неколку начини. Иако за влез од Македонија во Србија не е потребен никаков вид на дополнителни документи освен документот […]

Британија: Пристигнати шест милиони барања за престој од граѓани на ЕУ


Англија– Шест милиони луѓе поднеле барање за статус за престој преку Системот за регистрација и престој на државјани на ЕУ (EU Settlement Scheme) пред крајниот рок на 30 јуни, соопштија денеска властите во Велика Британија. Откако ја напушти ЕУ и го заврши преодниот рок кон крајот на минатата година, Велика Британија започна да воведува нов […]

Промовиран романот „Лазарка“ добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година


Романот „Лазарка“ од Љупчо Петрески, еден од победниците на книжевната награда „Пегаз“ за 2020 година, беше промовиран онлајн на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. „Лазарка“ е директна референција на истоимената, парадигматична песна од славната поетеса Силвија Плат, каде што авторот – со пристап на изверзиран почитувач на книжевноста, во рембовска смисла на зборот – […]

Сити Мол го враќа гламурот во Скопје: LATE NIGHT SHOPPING во холивудски стил!


После повеќе од 1 година изолација, дистанца и многу малку можности за забава, се враќаме во стариот препознатлив стил и ви го најавуваме новото издание на Late Night Shopping во омилениот трговски центар, Skopje City Mall. Да се потсетиме на Холивуд забавите, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро забавата. Ве покануваме денес, на 2 јули да […]

ЕВРО 2020: Вечерва во четвртфиналето играат Швајцарија – Шпанија и Белгија – Италија


Италија– Со одигрување на последните два осминафинални натпревара, познати се двојките за четвртфиналето. Денес, на 2 јули ќе играат: Швајцарија – Шпанија (Санкт Петербург, почеток 18 часот) Белгија – Италија (Минхен, почеток 21 часот). Утре, 3 јули се закажани средбите: Чешка – Данска (Баку, почеток 18 часот) Украина – Англија (Рим, почеток 21 часот). 

Половина милион граѓани ќе бидат вакцинирани до следниот петок, можни се мерки за заштита на границата од делта сојот


Комисијата за заразни болести в понеделник ќе разговара за воведување мерки во однос на заштита на границата против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека засега не […]

Тимерманс одби да се слика со Јанша, Фон дер Лајен покажа разбирање


Белгија – Извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс, одби да биде дел од традиционалната институционална фотографија помеѓу членовите на Европската Комисија и новата земја претседавач со ЕУ поради политиката на Јанша, јави дописничката на МИА од Брисел. Од Европската Комисија денеска уверија дека претседателката Усрула фон дер Лајен изразила разбирање за одлуката на Тимерманс. -Извршниот […]

Шефот на словенечката дипломатија ќе ја посети Бугарија заради ветото кон Македонија


Бугарија– Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде во Бугарија, во врска со бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ,  јави Бугарското национално радио. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Логар изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори […]