(Фото) Првата дама на „Охридско лето“ во зелена тоалета со неколку слоеви симболика


Вечерна тоалета без ракави во смарагдно зелена боја, која носи во себе неколку слоеви на симболика, но и потсетува на нијансите на езерото избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на 61. Охридско лето што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски. Во услови на намален број на публика, Ѓоргиевска пак блесна […]

Проекција на концертот „Раде Шербеџија и Западни колодвор бенд“ во Кинотека


На 15 јули (четврток)  во Кинотека на Р.С.Македонија, на летната сцена „Мирно лето“, во 20:30 часот, со проекција на концертот „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“, продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. Додека животот во времето на т.н. светска „пандемија“ навидум се враќа во некоја „нормала“, а концертната сезона полека […]

„Доживувањата на двајца селски учители“ – нов роман од Паскал Гилевски


Во јубилејната програма – по повод триесетгодишнината од основањето, Матица македонска го објави романот „Доживувањата на двајца селски учители“ од Паскал Гилевски. -Најновото прозно остварување на истакнатиот македонски писател е возбудливо четиво  за младите занесеници, кои во питорескното село Кучевиште ја бараат смислата на животот. Во романот централно место зазема љубовта меѓу учителот Спасо и […]

Кан: Шерон Стоун домаќин на гала-вечерта на АМФАР за борба против сидата


Франција– Глумицата Шерон Стоун ќе биде домаќин на 27-то издание на добротворната гала-вечер, организирана од американската фондација АМФАР за борба против сидата, во рамките на Канскиот филмски фестивал, објави „Варајети“. Настанот, кој традиционално вклучува вечера, аукција и модна ревија, ќе се одржи на 16 јули во дворот на луксузната вила во Кап д’Антиб. Претседателот на […]

УХМР: Времето до крајот на денов променливо облачно, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. Постепено стабилизирање на времето ќе има во вечерните и ноќните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе биде сончево и […]

Принцот Вилијам им посака среќа на Англичаните: Цела нација е со вас


Англија– Принцот Вилијам и посака многу среќа на англиската фудбалска репрезентација пред вечерашното финале на Европското првенство против Италија на „Вембли“, порачувајќи им на фудбалерите дека ја имаат поддршката од целата нација. – Ви посакувам многу среќа. Го донесовте најдоброто од Англија и сите сме со вас, целата земја е со вас, па донесете го […]

Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО со Албанија утре во Охрид


Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји,  Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО. Седницата, како што информираат од […]

Четиринаесет нови случаи со Ковид-19 и двајца оздравени, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје  и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска […]

Анџелина Џоли сака да го продаде францускиот замок каде што се омажи за Бред Пит


Франција-Иако поминаа скоро пет години откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, поранешниот пар сè уште се обидува да го продаде својот имот во Прованса, Франција, поради големиот број правни проблеми. Познат како Шато Миравал, имотот вклучува и замок и винарија – па дури беше и  местото на свадбата на Бранџелина, во […]

Летово обнова на седум улици во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици, соопшти денеска општината. Овие реконструкции, наведуваат од локалната самоуправа,  се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат […]

Финале на ЕУРО2020 и финале во Вимблдон: Денес е голем спортски ден


Новак Ѓоковиќ  од 15 часот го игра финалето на Вимблдон против Италијанецот Матео Беретини. Ова е 20 Гренд слем за српскиот тенисер, а прв за Италијанецот. После тенисот, на распоредот денес е фудбалот затоа што 21 часот на Вембли Италија игра против Англија. „Фудбал и тенис. Мама миа Италија, фантастично“- изјави Ѓоковиќ за италијански Скај. Очигледно […]

Аргентина ја освои Копа Америка


Бразил– Аргентина го освои првиот трофеј на големите натпреварувања по пауза од 28 години, совладувајќи го Бразил со 1:0 (1:0) во синоќешното финале на Копа Америка на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро. Голот на одлука го постигна Анхел Ди Марија во 22 минута. Бразил во второто полувреме, кое донесе возбудлив фудбал, тргна во целосна офанзива, […]

Павлова: Новата кредитна линија на ЕИБ треба да помогне во економското закрепнување на компаниите


Новата кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка е насочена кон економско закрепнување на малите и средните претпријатија во земјава. Таа ќе им помогне на компаниите да закрепнат, да ги задржат работните места и да обезбедат континуитет на работењето, вели заменик-претседателката на ЕИБ за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА. […]

На Табановце за влез во државава се чека и до еден час, на Богородица и Блаце за излез до половина час


На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека околу 45  до 60 минути, а на премините Богородица и Блаце, за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на […]

Дваесет и шест години од геноцидот во Сребреница


Србија– Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе биде одбележана 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Како што јави Бета, на комеморацијата повторно нема да има претставници на српските власти, а најавено е присуство на делегација од Владата на Република Српска. Во Поточари, меѓу другите, ќе бидат црногорскиот претседател Мило […]

Додека паузира со снимањето: Том Круз уживаше во женското финале на Вимблдон


Англија- Холивудската ѕвезда Том Круз , 59,  во елегантен син костум го следеше финалето во сингл на жени на Вимблдон вчера заедно со Хејли Атвел и Пом Клементиф. Таму тројката гледаше како Австралијката Ешли Барти се соочува против Чешката Каролина Плискова, а Барти на крајот го доби натпреварот. Во публиката беше и кралската двојка , […]

На пазарот на недвижности 7.777 трансакции и 1.759 хипотеки во првиот квартал


Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 7.777 трансакции, од кои 5.327 се продажби на недвижности и 2.450 закупи на недвижен имот. Во однос на претходниот квартал (октомври-декември 2020), регистрирани се 366 повеќе трансакции. Споредбено по месеци од првиот квартал годинава може да се забележи дека најголем број […]

Предвремени парламентарни избори во Бугарија


Во Бугарија денеска се одржуваат 12-ти парламентарни избори по соборувањето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков есента 1989 година. Ова се трети предвремени парламентарни избори од 2013 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, денешните избори ќе бидат први во поновата политичка историја на Бугарија, на кои ќе се гласа преку машини – според измените во […]

Леа Сејду позитивна на Ковид- 19, ќе оди ли во Кан?


Франција-  Леа Сејду, една од најпознатите француски актери, може да го пропушти Канскиот филмски фестивал откако беше позитивна на Ковид-19. Сејду е целосно вакцинирана, но се покажа позитивна додека работеше на филм, потврди вчера нејзината публицистка Кристин Трипикио . Таа е асимптоматска и изолирана дома во Париз, надевајќи се дека негативните тестови последователни денови можат […]

Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин


Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 […]