Заев и Мицкоски на прием на Холштајн по повод изборите во Германија


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва се меѓу гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод парламентарните избори во Германија. На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн. – Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев […]

Од Никол Кидман до Леди Гага: Гала вечер на Филмскиот музеј во Лос Анџелес


САД– Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ. Лејди Гага беше кралица на црвениот килим на гала вечерта на Филмскиот музеј на Академијата , и имаше голема конкуренција. Ѕвездите ја третираа вечерта како можност да изгледаат најгламурозно, но малкумина можат да доловат драматичната елеганција што Гага ја постигна во нејзината елегантна црна тоалета […]

Кинотеката го продолжува проектот „Филмска училница“


Кинотекaта  продолжува со „Филмска училница“  – проект за креативна едукација од областа на филмот и аудиовизуелното наследство, наменет за ученици од средните училишта. Годинава иницира и нов проект за наставници и професори и ним ќе им биде наменета првата филмска училница. Проектот ќе почне на16 октомври и ќе трае десет недели. Мотото на интерактивната филмска училница е „Гледај филмови, […]

Филипче и Брнз со поддршка на кампањата за борба против рак на дојка – Напред розово


Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска организираше настан „Race for the Cure“- Напред розово, во рамки на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. На настанот присуствуваше и министерот за здравсво Венко Филипче, кој истакна дека почнувајќи од 2019, заедно е направено многу.   -Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином […]

Поп-ѕвездите го обединија светот: Концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени


САД- Шеесет илјади фанови се собраа вчера во Централ Парк во Њујорк да танцуваат на уметници како Колдплеј, Били Ајлиш, Џенифер Лопез, Синди Лопер и Лизо, како дел од настанот „Граѓанин на светот“ (Global citizen), што се одржа во различни градови низ светот. Ед Ширан настапи во Париз заедно со Елтон Џон, Доџа Кет, „Блек […]

Слоештица е нова културна атракција -Петре М. Андреевски со Меморијална изложба во новоотворениот Мултифункционален центар


Слоештица – селото со име за цел еден свет, деновиве ги пречека гостите од ЕУ и прекуграничниот регион со Албанија на свечена конференција по повод завршувањето на проектот „Откривање на скриените атракции“ . Великанот на македонскиот збор Петре М. Андреевски ја доби Меморијалната изложба која е поставена во новоотворениот Мултифункционален центар кој се реновираше во […]

„Белградската филхармонија“ гостува во Скопје на 9 октомври со Малер


На 9 октомври, во 20 часот, „Белградската филхармонија“ ќе гостува во Скопје. Под диригентската палка на Габриел Фелц (Германија) ќе се изведува Густав Малер: Симфонија бр.6. Белградска филхармонија е основана во 1923 година. Денес се позиционира како најдобар оркестар во регионот и ансамбл што претставува освежување на меѓународната концертна сцена. Според светските медиуми, „Белградската филхармонија“ […]

Донирани 46 лични предмети на поетот Анте Поповски на Музејот на македонската борба


На иницијатива на Музејот на македонската борба за самостојност, семејството Поповски донира 46 лични предмети на  големиот македонски поет Анте Поповски, соопшти директорката на музејот Даниела Николова, викендов, на отворањето на четвртото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат […]

Промоција на сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Бужаровска и Јакимовска


Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“. „Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јакимовска. Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе […]

Заев: Петре М. Андреевски со неговата маестрална вештина на локалното и националното им даде универзални вредности и литературна димензија


Големината на книжевно дело на Петре М. Андреевски е во неговата маестрална вештина на локалното и националното да им даде универзални вредности и литературна димензија со што се вгради во светската библиотека на вечните, напиша денеска премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.   Петре М. Андреевски почина на денешене ден во 2006 година. […]

ОН: Околу 350.000 луѓе загинаа во војната во Сирија од 2011 година


Швајцарија– Канцеларијата на ОН за човекови права регистрирала 350.209 жртви за време на граѓанската војна во Сирија во последната деценија, вклучувајќи цивили и борци, а бројот на жртвите од конфликтот се проценува дека е многу поголем. Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека бројките се снимени од 2011 до 2021 […]

Евростат: Англискиот јазик е најчесто изучуван јазик во ЕУ, следуваат шпански, француски и германски јазик


Луксембург– Познавањето странски јазици е суштинска алатка за културна размена. Надалеку е познато дека таквите вештини се бараат и промовираат на многу работни места и можат да ја олеснат комуникацијата во неколку други контексти, објави Евростат. Во 2019 година, 59 отсто од средношколците студирале два или повеќе странски јазици во ЕУ. Во земјите на ЕУ, […]

Новиот Бонд во скопските кина од 7 октомври


Новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, во Скопје ќе игра од 7 октомври. Светската премиера е закажана на 28 септември во Лондон. Во Скопје ќе игра и во Милениум и во Синеплекс, потврдија од двете кина за СМАРТ СДК.МК. Премиерата на „Не е време за умирање“ трипати беше одложена од првичниот […]

Депозитите во бугарските банки достигнуваат 100 милијарди лева


Бугарија – Депозитите на компаниите и домаќинствата во бугарските банки достигнуваат речиси 100 милијарди левови, соопшти Бугарската народна банка. Тие прецизираат дека вкупната вредност на депозитите во најактивниот летен месец е 99,5 милијарди лева За само еден месец, сумата е зголемена за 1,3 милијарди лева или околу 1,3 отсто. Тоа најмногу се должи на депозитите на […]

Филипче: Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани


Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување […]

Норвешка ги укинува сите ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19


Норвешка– Норвешка од утре целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата. – Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката […]

Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ в недела во Градскиот парк


Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на […]

Македонскиот јазик останува нашата трајна вредност: Централно чествување за Конески во Небрегово


Околу 19 декември, кога е роденденот на Конески, планираме во МАНУ да се одржи промоција на целокупните дела на Блаже Конески во форма на критичко издание на МАНУ. Еден проект кој се остварува 7-8 години, во почетокот под раководство на академик Милан Ѓурчинов, а по неговата смрт, го водам проектот, изјави денес во Небрегово, академик […]

Конте демантира преговори со Арсенал


Италија – Шпекулации се наводите дека Антонио Конте е во преговори да седне на клупата на премиерлигашот Арсенал, пренесуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на менаџерскиот тим на 52-годишниот фудбалски стратег. Конте е без тренерски ангажман од минатото лето, кога неочекувано по недоразбирање со клупското раководство го напушти кормилото на Интер, откако минатата сезона им ја донесе на „нероаѕурите“ првата шампионска […]

Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара за спорот со Бугарија


Белгија– Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека претседателката Урсула фон дер Лајен идната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот не беше во можност да даде повеќе детали, и рече дека прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во […]