Концерт за обоа, флејта и харфа на Лазаревски, Дојчинова и Секулиќ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија вечерва ќе се одржи концерт за обоа, флејта и харфа. Ќе настапат Владимир Лазаревски – обоа, Елена Дојчинова – флејта и Љубица Секулиќ – харфа, со изведба на музички дела од Георг Филип Телеман и Јохан Јоаким Кванц. Владимир Лазаревски свири обоа од својата петнаесетта година. Дипломирал и магистрирал во […]

Џони Деп за „културата на исклучување“ во Холивуд


САД – Џони Деп ја осуди тн. „култура на исклучување“ или – „отфрлање“ во САД, којашто ја спореди со загадениот воздух. Тој рече и дека стравува оти „никој не е безбеден“, а поединци, преку недокажани обвинувања се осудени за сексуална злоупотреба и разни други облици на насилство. „Kултура на исклучување“ e стремеж кон повлекување ликови, бојкот […]

Берлин доби прва градоначалничка


Германија- Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата градоначалничка на германскиот главен град. Гифи (43) која претходно беше министерка за семејство во националната влада на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја преземе функцијата градоначалник […]

Силен земјотрес 5,8 степени на грчкиот остров Крит


Грција- Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран утрово, јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот […]

Избори во Германија: Шолц им обезбеди победа на социјалдемократите


По возбудливите избори, на повидок е промена на врвот во власта во Германија: Социјалдемократот Олаф Шолц би можел да ја замени демохристијанската канцеларка Меркел. Тоа меѓутоа сега зависи од Зелените и либералите. Рано утрината беа објавени и прелиминарните официјални резултати од гласањето: Според податоците на Сојузната изборна комисија: партиите на  Унијата освоиле 24,1 проценти од гласовите […]

„Фајзер“: Најверојатно ќе треба годишна вакцинација против Ковид-19


САД– Директорот на американската фармацевтска компанија Фајзер, Алберт Бурла изјави дека светот за една година ќе се врати во норнала по пандемијата, при тоа најавувајќи годишна вакцинација против Ковид-19. – Мислам дека ќе можеме да се врати на нормалното. Но, тоа не значи дека нема да има нови соеви (на вирусот). И не мислам дека […]

Швајцарија ги легализираше истополовите бракови


Швајцарија– Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца. За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови. Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од граѓаните гласале за […]

Криси Тајген со оскаровски гламур на наградите „Тони“ во Њујорк


САД– Криси Тајген го донесе оскаровскиот гламур со драматичната сребрена тоалета синоќа на црвениот килим на наградите Тони 2021 година во Њујорк кој го слави најдоброто од сцената на Бродвеј. Тајген која беше манекенка пред да се омажи за  Џон Леџенд имаше храбро деколте покриено со прозирен тул. Тоалетата беше украсена со сребрени светки за […]

Веленски: Има конфузија кој треба да прими трета засилувачка доза вакцина против Ковид-19


САД – Директорката на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека во САД има одредена конфузија околу тоа кој треба да ја прими третата засилувачка доза на вакцината против Ковид-19. Досега е одобрена само засилувачката доза на Фајзер. Минатата недела, Валенски се согласи со повеќето препораки на советникот на ЦДЦ […]

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров


Во 50-тина земји во светот може да се каже дека пописот заврши само што почна, откако на онлајн апликацијата веднаш се регистрираа по еден, двајца, или максимум по тројца македонски државјани. Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец. Тој […]

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Стартува кампањата за локалните избори 2021


Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври почнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ. Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување […]

Уште три дена попис, досега попишани околу 1,55 милиони лица


Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората. Освен во своите домови, граѓаните можат да […]

Традиционално на Крстовден почнува бербата на преспанското јаболко


Со симболично откинување на првото јаболко, во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ денеска во Ресен почнува бербата на преспанското јаболко. На почетокот на бербата, која според традицијата во Преспа, почнува на големиот христијански празник Крстовден, покрај градоначалникот Живко Гошаревски, најавено е присуство на премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. […]

Едукативен центар М6 со нова програма за поттикнување на општествениот развој


Едукативниот центар М6 почнува нова програма за поттикнување на општествениот развој и позитивна општествена трансформација во време на промени. Програмата е насловена „М6 Чекор напред“ и претставува платформа преку која еминентни лица од областа на политиката и економијата ќе дискутираат и ќе нудат предлог-решенија за актуелните теми и предизвици кои ги засегаат компаниите и граѓаните […]

Џафери на состанок на претседателите на парламенти на земјите од Западен Балкан


Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во Брдо кај Крањ ќе учествува на Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан. Состанокот е во организација на Националното собрание на Република Словенија, а во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. Настанот е продолжение на Самитот на претседатели на парламенти од Западен […]

Пендаровски, Црвенковски и Иванов на научен собир во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)  денеска и утре организира научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“. На првиот ден од собирот, како што е најавено, ќе се обратат актуелниот претседател Стево Пендаровски и поранешните претседатели Бранко Црвенковски […]

Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствените работници и хронично болни, во моментов активни 12.337 случаи


Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Министерот за здравство Венко Филипе најави и скрининг на генералната здравствена […]

Натпросечно топло, од вторник заладување


Времето и денеска ќе биде натпросечно топло, но ќе има мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени додека дневните ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 33 степен. Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните […]

Заев и Мицкоски на прием на Холштајн по повод изборите во Германија


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва се меѓу гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод парламентарните избори во Германија. На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн. – Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев […]

Од Никол Кидман до Леди Гага: Гала вечер на Филмскиот музеј во Лос Анџелес


САД– Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ. Лејди Гага беше кралица на црвениот килим на гала вечерта на Филмскиот музеј на Академијата , и имаше голема конкуренција. Ѕвездите ја третираа вечерта како можност да изгледаат најгламурозно, но малкумина можат да доловат драматичната елеганција што Гага ја постигна во нејзината елегантна црна тоалета […]