Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски


Апелацискиот суд Скопје ја потврдил затворската казна за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, но ја прифатил неговата жалба и ја преиначил од три години и шест месеци на две ипол години. – Ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со […]

Нови 467 случаи на Ковид-19, починале 14 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 467 случаи на Ковид-10, од направени 3.512 тестирања. Оздравени се 496 пациенти, а починале 14 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи, во Скопје се 245, Куманово 47, Велес 27, Прилеп 21, Кавадарци 17, Кичево 13, Кочани 12, Битола 11, […]

Пленковиќ се заблагодари на САД за изземањето на Хрватска од визниот режим


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја поздрави одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во програмата за изземање од обврската за визи, велејќи дека тоа дополнително ќе ги зајакне врските меѓу двете земји. „Ја поздравувам одлуката на американското Министерство за внатрешна безбедност да ја вклучи Хрватска во Програмата за изземање од […]

Лажна пријава за бомба пред Влада, лицето е веднаш откриено и приведено


Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.   – Лицето И.М. […]

Ќе се воведува бесплатен WiFi на јавни површини


Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. Како што информираат од владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата ќе препорача на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ – Скопје, како носител на реализацијата на проектот за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес […]

САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со  Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари


Владата на Република Северна Македонија на денешната 108.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман […]

Во Србија денеска најмногу заразени од почетокот на пандемијата – 8.467, починаа 45 лица


Србија-Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 8.467 нови случаи на коронавирус и 45 смртни случаи. Ова е најголем број на новозаразени за еден ден, од 1 декември минатата година, кога беа регистрирани 7.999 новозаболени, јави дописникот на МИА од Белград.. Во последните 24 часа, 45 лица починаа од последици од коронавирусот, така што […]

Повеќе од 4,75 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус


Швајцарија – Најмалку четири милиони и 752.875 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 231 милион и 273.010 лица беа заразени. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман. Соединетите Американски Држави беа најтешко погодени […]

Забрчанец: Македонија го задржа првото место по транспарентност во регионот


Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност. Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да […]

Скопје-Битола-Штип: 24.Моден викенд во знакот на одговорната иднина и одржливоста (фото)


Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво. Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на […]

ЕК: Нашата позиција не е сменета, почеток на преговори со Скопје и Тирана во декември


Белгија – По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската Комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел. На претседателката на Европската Комисија утрово во Тирана и беше поставено […]

Оштетен авионот на Владата на Црна Гора, нема повредени


Црна Гора – Авионот на Владата на Црна Гора беше оштетен синоќа на аеродромот во Подгорица. Во инцидентот, што се случи околу 22 часот, нема повредени, јави РТЦГ. Непосредно пред инцидентот, државни службеници и членови на делегацијата се симнаа од авионот. На владиниот авион, како што се наведува, најверојатно се скршила опремата за слетување. За настанот […]

Зелените и либералите ќе го „крунисаат” идниот германски канцелар


Кој и да биде иден канцелар – нова германска влада веројатно нема да има без Зелените и Либералите, кои сега се на потег. Тие веднаш по изборите за Бундестагот најавија брза меѓусебна координација. И победникот на изборите Олаф Шолц од СПД и губитникот Армин Лашет од конзервативната Унија сакаат да станат канцелар. Но, кој и да успее […]

Турски театар со премиера на „Вишновата градина“ во режија на Владимир Милчин


Турски Театар во Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов и во режија на Владимир Милчин на 1 октомври (петок) 2021 г. во 19.30 часот. Премиерата ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седишта е ограничен. Сценографија: Крсте С. Џидров Костимографија: Марија Пупучевска Улогите ги толкуваат: […]

„Слоу Фуд гостилници 2021“ – водич низ автентичната македонска гастрономија 


Слоу Фуд Македонија го издаде и промовираше првото издание на „Слоу Фуд гостилници 2021“ чија цел е да се промовира и поттикне развојот на македонската гастрономија на повисоко ниво, но и да се охрабрат избраните гостилници, посебно денес, кога работат во отежнати услови. -„Слоу Фуд гостилниците“ ја пресликуваат традицијата и ги применуваат принципите на современата […]

Џафери: Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи. – Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. […]

Подокеанскиот кабел „2Африка“ ќе биде продолжен за 8.000 километри


САД– Фејсбук, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект што е замислен како најдолгиот подокеански кабел во светот. Станува збор за „2Африка“ – кабел долг 37.000 километри кој ги поврзува Африка, Европа и Азија. Фејсбук со конзорциумот ќе го продолжи кабелот со нови делови до Сејшелите, Коморските Острови, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал […]

Бабовски: Не е „во мода“ да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик


Вакцинирајте ги своите миленици. На глобално ниво, секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе. Не е „во мода“ само да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на трибината по повод 28 […]

„Сите патишта“-„ДНК“ со нова песна која буди спомени


Сите патишта ме водат мене само во моето маало, сите спомени се таму, нè враќаат… каде пораснав јас таму… Сите спомени на едно место, сите слики што ги гледам многу често, сите фори…сите ноќи… ова е само дел дел од текстот од новата песна на ДНК со наслов „Сите патишта“. И зад оваа тема стојат потписите […]

Поранешен фудбалер на Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ убил еден и ранил четворица


Турција– Пензионираниот турски фудбалер, Сезер Озтурк, бил уапсен пред осум дена, откако во пресметка со огнено оружје, убил едно и ранил други четири лица. Информацијата во турската јавност се појави доцна синоќа. Турските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Башикташ, заедно со еден свој пријател, пукал кон луѓето со кои се […]