Турски театар со премиера на „Вишновата градина“ во режија на Владимир Милчин


Турски Театар во Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов и во режија на Владимир Милчин на 1 октомври (петок) 2021 г. во 19.30 часот.

Премиерата ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седишта е ограничен.

Сценографија: Крсте С. Џидров

Костимографија: Марија Пупучевска

Улогите ги толкуваат:

Љубов Андреевна Рањевска: Бедија Беговска 

Ања: Емине Халил

Варја: Несрин Таир

Леонид Андреевич Гајев: Елјеса Касо

Ермолај Алексеевич Лопахин: Џенап Самет

Петар Сергеевич Трофимов: Селпин Керим

Борис Борисович Симеонов Пишчик: Неат Али

Шарлота Ивановна: Сузан Акбелге

Семјон Пантелеевич Епиходов: Осман Али

Дуњаша: Слаѓана Вујошевиќ

Фирса: Зиба Радончиќ

Јаша: Хакан Даци

Еден минувач: Ерман Шабан

„Вишновата градина“ е објавена во 1903 година, а следната година праизведбата во МХАТ ја режирал Станиславски, кој играл и една од главните улоги. Станиславски ја прочитал како трагедија, а Чехов ја сметал за комедија со елементи на фарса. Сите подоцнежни постановки на „Вишновата градина“ во основа се разликуваат по тоа дали во нив преовладува трагичното или комичното. Режисерите се справувале со двојната природа на пиесата, најчесто во зависност од тоа кога и каде ја поставувале. Најлошо поминувале оние кои, инсистирајќи на трагичното, западнале во сентименталност.