Студено со дожд


Времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од […]

ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, опфатени 119 предмети во 10 земји


ИКОМ официјално ја објави својата осумнаесетта Црвена листа, која содржи 119 предмети од 45 музеи од 10 земји во Југоисточна Европа, од кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија. Црвената листа за културни објекти од Југоисточна Европа во ризик, е фокусирана на европскиот континент и истата […]

СЗО: Повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради ковид


Швајцарија– Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти денеска Светската здравствена организација. – Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините […]

Поради дождот, Скопски Градски Фестивал се сели во Домот на АРМ


Заради најавеното врнежливо време второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ, во сабота на 16 октомври, во 19 часот, а во организација на Баги Комуникации.  За оваа година се најавени настапите на македонската fusion група Zulu 3.4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата […]

„Деловен појадок“- во Струга се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат работодавачите


Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовните реформи прилагодени кон потребите на стопанството беа главна тема на новиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот,кои во рамки на проектот „Деловен појадок“  во Струга ги организира Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со цел размена на мислења и идеи […]

Во македонската амбасада во Париз отворена изложба на цртежи на Тони Васиќ


Франција – Во рамките на чествувањата на 11 Октомври во амбасадата на Република Северна Македонија во Париз отворена е изложбата на „Омеѓени приказ(н)и“ од проф.д-р Тони Васиќ, јави дописникот на МИА. Изложбата ја отвори амбасадорката Јадранка Чаушевска-Димов, која не го криеше задоволството што по прв пат од почетокот на пандемијата со Кавид-19, амбасадата е повторно домаќин […]

Над 300 авторски бајки пристигнале на конкурсот на „Феникс“


Издавачката куќа „Феникс“ соопшти дека веќе се пристигнати повеќе од 300 авторски бајки на конкурсот за Меѓународниот фестивал на бајката, иако тој се уште не е завршен и ќе трае до 15 ноември 2021. – На Конкурсот се пријавуваат и учествуваат автори од цел свет. Така, меѓу пријавените се и: Милутин Ѓуричковиќ (Србија), Аида Сечиќ […]

МЗ: Со скринингот за Ковид-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето


Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од КОВИД-19 во основните и средни училишта. По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или […]

Командата за операции го одбележа Денот на единицата


Припадниците на Командата за операции (КО), со воена свеченост што денеска се одржа во касарната „Боро Менков“ во Куманово, го одбележаа Денот на единицата. Пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини. Генералот Ѓурчиновски во обраќањето оддаде признание на […]

„Булгари“ го шири италијанскиот луксуз во САД и со хотелите-ги отвара два


САД– „Булгари“ и додава уште еден скапоцен камен во својата преполна колекција хотели и одморалишта. Самоопишаниот „златар на гостопримството“ штотуку потпиша договор со сопственикот и инвеститорот Гери Сафади за ново луксузно одморалиште во Лос Анџелес. Лоциран на 33 хектари во живописните планини Санта Моника, Булгари Ресорт Лос Анџелес треба да се отвори во 2025 година и […]

Благотворните дејства на мандарините


Сезоната на мандарини почна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден. Пред сѐ, затоа што се богати со витамините А, Б и Ц, со калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо,  а сето тоа го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип. Доколку, пак, имате проблеми со варењето […]

„Пласибо“ доаѓаат во Скопје следната година, вели „Авалон“


После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција  го потврди доаѓањето на PLACEBO, на 16 јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.  -Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – […]

Облачно и студено со повремен дожд и утре, од сабота стабилизација на времето и пораст на температурата


Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, информираат […]

Македонија и Британија отвораат ново поглавје во односите


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за Европа и Америките на Обединетото Кралство, Венди Мортон, денеска во Скопје го одржаа и заеднички копретседаваа со  првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Двајцата министри овој свечен чин помеѓу двете држави го окарактеризираа како нова […]

Фотоизложбата „Таму” на Милчо Манчевски по Софија, во Бургас


Изложбата „Таму” на Милчо Манчевски по успешното претставување во Софија, в петок, на 15 октомври ќе биде поставена и во Бургас, во Центарот за современа уметност и библиотека и ќе биде достапна за публиката до 31 октомври Реализацијата на оваа изложба е плод на успешна соработка меѓу Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Општина […]

Филмот „Кома“ со отворен повик за кастинг


По три краткометражни филмови и 10 освоени награни на меѓународни фестивали, продуцентот Бунјамин Куртиши го најавува долгометражниот филм „Кома“. Продукцијата бара актери од 30 до 65 години и актерки од 25 до 65 години на отворен повик за кастинг. Повикот трае до крајот на овој месец, а сите заинтересирани можат да се пријават на [email protected]. […]

Капетан Кирк највозрасната личност во Вселената


САД– Вилијам Шетнер мина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Блу oриџин“ во земјината Орбита. Славниот капетан Кирк – иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената. – Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот глумец по враќањето на Земјата.   Официјално, не е соопштено дали Шетнер […]

„Ролинг стоунс“ нема да ја пеат „Brown Sugar” на турнејата во САД


САД – „Ролинг стоунс“ за време на американската турнеја нема да ја изведуваат песната „Brown Sugar” (кафеав шеќер) – еден од нивните најголеми хитови. Ова се должи на загриженоста за тоа како се претставени Афроамериканките и алузиите за ропството во песната, која инаку беше број еден на топ-листите во САД, 1971 година, и го достигна второто […]

Трстена по петти пат ќе додели Златни олимписки оскари


Олимпискиот шампион Шабан Трстена, денес, ќе додели пет Златни олимписки оскари за личности и институции кои го поддржувале во неговата кариера. Ова е петта ваква манифестација со која легендата на македонскиот спорт сака да и се заблагодари на неговите поддржувачи. Претходни добитници на олимписките оскари се: претседателот на МОК, Васил Тупурковски; Дарко Каевски како директор […]

Недела на албански филм во Кинотека


Од 21 до 26 октомври во Кинотеката ќе се одржи Недела на албански филм. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција. На отворањето на Неделата на албански филм ќе бидат присутни директорот на Националниот филмски центар на […]