ОН: Околу 350.000 луѓе загинаа во војната во Сирија од 2011 година


Швајцарија– Канцеларијата на ОН за човекови права регистрирала 350.209 жртви за време на граѓанската војна во Сирија во последната деценија, вклучувајќи цивили и борци, а бројот на жртвите од конфликтот се проценува дека е многу поголем. Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет денеска изјави дека бројките се снимени од 2011 до 2021 […]

Евростат: Англискиот јазик е најчесто изучуван јазик во ЕУ, следуваат шпански, француски и германски јазик


Луксембург– Познавањето странски јазици е суштинска алатка за културна размена. Надалеку е познато дека таквите вештини се бараат и промовираат на многу работни места и можат да ја олеснат комуникацијата во неколку други контексти, објави Евростат. Во 2019 година, 59 отсто од средношколците студирале два или повеќе странски јазици во ЕУ. Во земјите на ЕУ, […]

Новиот Бонд во скопските кина од 7 октомври


Новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, во Скопје ќе игра од 7 октомври. Светската премиера е закажана на 28 септември во Лондон. Во Скопје ќе игра и во Милениум и во Синеплекс, потврдија од двете кина за СМАРТ СДК.МК. Премиерата на „Не е време за умирање“ трипати беше одложена од првичниот […]

Депозитите во бугарските банки достигнуваат 100 милијарди лева


Бугарија – Депозитите на компаниите и домаќинствата во бугарските банки достигнуваат речиси 100 милијарди левови, соопшти Бугарската народна банка. Тие прецизираат дека вкупната вредност на депозитите во најактивниот летен месец е 99,5 милијарди лева За само еден месец, сумата е зголемена за 1,3 милијарди лева или околу 1,3 отсто. Тоа најмногу се должи на депозитите на […]

Филипче: Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани


Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување […]

Норвешка ги укинува сите ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19


Норвешка– Норвешка од утре целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија социјалните контакти и го блокираа голем дел од економијата. – Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката […]

Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ в недела во Градскиот парк


Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на […]

Македонскиот јазик останува нашата трајна вредност: Централно чествување за Конески во Небрегово


Околу 19 декември, кога е роденденот на Конески, планираме во МАНУ да се одржи промоција на целокупните дела на Блаже Конески во форма на критичко издание на МАНУ. Еден проект кој се остварува 7-8 години, во почетокот под раководство на академик Милан Ѓурчинов, а по неговата смрт, го водам проектот, изјави денес во Небрегово, академик […]

Конте демантира преговори со Арсенал


Италија – Шпекулации се наводите дека Антонио Конте е во преговори да седне на клупата на премиерлигашот Арсенал, пренесуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на менаџерскиот тим на 52-годишниот фудбалски стратег. Конте е без тренерски ангажман од минатото лето, кога неочекувано по недоразбирање со клупското раководство го напушти кормилото на Интер, откако минатата сезона им ја донесе на „нероаѕурите“ првата шампионска […]

Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара за спорот со Бугарија


Белгија– Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, потврди дека претседателката Урсула фон дер Лајен идната недела во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот не беше во можност да даде повеќе детали, и рече дека прашањата ќе бидат одговорени на прес конференциите кои ќе се одржат во […]

Утре бесплатен јавен превоз и ноќни линии поради „Бела ноќ“


ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В). Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 […]

Кралскиот зет Едоардо Мапели Моци успешен во светот на дизајнот: Ѕирнете во неодамна завршената градска куќа во Лондон


Англија– Банда Дизајн Студио, развој, дизајн и бизнис со недвижности, со седиште во Лондон, основан од сопругот на принцезата Беатрис и тазе татко во британското кралско семејство, Едоардо „Едо“ Мапели Моци, е повеќе фокусиран на исклучителност отколку на престиж. Како и да е, колекцијата на имоти на компанијата, кои се расфрлани низ целиот свет, издвојуваат […]

Интимни моменти од свадбата на Џон Кенеди Помладиот и Каролин Басет: Ги раскажа единствениот фотограф на венчавката пред 25 години


Денис Реџи, братот на сопругата на сенаторот Тед Кенеди, присуствуваше на малата церемонија што се одржа на островот Камберленд во Џорџија, одржана во мала црква со дупки на подот и без електрична енергија, и сними незаборавни слики од специјалниот ден САД- Џон Ф. Кенеди Помладиот беше третиран како член на кралско семејство. Тој беше еден […]

МСУ со голема изложба на најпрогресивните уметници од Југоисточна Европа


На 29 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена голема меѓународна изложба со наслов „Гледај тука сум без простор“ (See me moving placeless) со дела од најрепрезентативни уметници од Југоисточна Европа, кои се дел од уметничката колекција со која располага Дојче Телеком. Целта на оваа поставка е да […]

Емил Рубен, Борис Чоревски и Крсте С. Џидров со награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“


Актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров се годинашни добитници на наградата за животно дело на јубилејното 55-то издание на Македонскиот театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржи од 1 до 8 октомври во Прилеп. Ова е одлуката на собранието на Фестивалот. Најзначајниот театарски фестивал кој ги презентира најдобрите остварувања […]

„Великата лирска песна“ – нова поетска книга од Санде Стојчевски


„Великата лирска песна“ е насловот на новата поетска книга од истакнатиот македонски поет Санде Стојчевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката се појави во реномираната едиција „Синтези“ и во неа се објавени 70 песни поделени на шест циклуси, како и арс-поетички текст на авторот, под наслов „Еден можен пат“. Најновата поетска книга „Великата […]

Меган Маркл и принцот Хари пристигнаа во Њујорк облечени во тегет


САД– Меган Маркл и принцот Хари вчера пристигнаа во Њујорк каде што, меѓу другото, го посетија и Светскиот трговски центар. Во поглед на стилот, Меган беше облечена во тегет панталони, тегет маица и тегет палто. Хари носеше тегет одело. Со тоа, тие сакаа да им оддадат почит на жртвите од терористичкиот напад од пред 20 години, […]

Нови 526 случаи на коронавирус, пријавени 28 починати


Регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.632 тестирања согласно податоците на Институтот за јавно здравје за последните 24 часа, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати, соопшти вечерва Министерството за здравство. Најмногу нови заразени има во Скопје – 245, по што следат Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и […]

Новавакс побара одобрување од СЗО за нејзината вакцина против Ковид-19


САД – Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација. Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на […]

Рио ја сака организацијата на клупскиот Мундијал


Бразил – Бразилскиот град Рио де Женеиро изрази интерес за организација на Светското фудбалско клупско првенство по откажувањето на Јапонија, која требаше да биде домаќин на натпреварувањето во декември. – Работиме на тоа. Тоа е желба на Рио, откако Јапонија се откажа. Би било навистина интересно натпреварувањето да го донесеме во Рио, изјави градоначалникот Едуардо Паес. Тој додаде […]