Од Анџелина Џоли до Салма Хајек: Ѕвездите на „Eternals“ во изолација поради коронавирус


САД- Пандемијата на коронавирус ги достигна хероините од филмот „Eternals“. „Дизни“ потврди дека целиот тим е во изолација затоа што постои сомневање дека биле во контакт со вирусот.

Актерките Анџелина Џоли, Салма Хајек, но и Џема Чен, Лорен Ридлоф се во изолација, а со нив и режисерката на филмот Клои Жао. 

Сепак, тоа не значи дека филмската екипа ќе биде целосно отсутна, тие ќе присуствуваат на сите настани поврзани со филмот преку онлајн вклучување.

За среќа, ниту еден од нив се уште не покажува симптоми.

„Претходно денеска сфативме дека екипата на филмот „Eternals“ биле во контакт со заразени со коронавирус. Го тестиравме целиот тим и иако сите се негативни, решивме да преземеме мерки на претпазливост“, велат од „Дизни“.

Филмот на Марвел на 19 овој месец имаше спектакуларна премиера во Лос Анџелес. Џоли се појави со сите деца, а Хајек имаше ретко појавување со единствената ќерка Валентина Пино (14).