„Европско првенство во фудбал 2020“ – нова поштенска марка


„Република Северна Македонија на Европско првенство во фудбал 2020″, е новата поштенска марка која денеска ќе ја промовира АД Пошта на Северна Македонија Промоцијата ќе се одржи во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија” – Скопје. Македонија на 13 јуни против Австрија во Букурешт го игра дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

Скопје уживаше во „Аида“ на Верди на отворено, под ѕвездите (галерија)


Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, беше изведена операта „Аида“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригентство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во …

Скопје уживаше во „Аида“ на Верди на отворено, под ѕвездите (галерија) Read More »

Ѓоковиќ во кампања за новиот Peugeot 508 PSE: Понекогаш тишината е најдобар начин да бидете слушнати


Франција- Тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ – светски рекет број еден на АТП ранг-листата, победник на Отвореното првенство во Франција во 2016 година и амбасадор на брендот – е главниот протагонист на новата рекламна кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED, која започна на 30 мај, денот на отворањето на Отвореното првенство во Франција, Извонредност, привлечност, емоција …

Ѓоковиќ во кампања за новиот Peugeot 508 PSE: Понекогаш тишината е најдобар начин да бидете слушнати Read More »

ЕК одобри употреба на вакцината на Фајзер кај деца на возраст од 12 до 15 години


Белгија – Европската комисија денеска одобри употреба на вакцина на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис. – Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави …

ЕК одобри употреба на вакцината на Фајзер кај деца на возраст од 12 до 15 години Read More »

Евросонг 2021: Тикс од Норвешка прогласен за најлошо облечен изведувач


Холандија- Претставникот на Норвешка Тикс е прогласен за најлошо облечен изведувач на 65. Евросонг во Ротердам кој се одржуваше од 18-22 мај . На сцената во арената Ахој  имал долга бела бунда, светкав костум и крилја. Оваа награда што ја доделува магазинот/ портал „Songfestival“- се доделува веќе 24 години по ред, а името „Барбара Декс“ …

Евросонг 2021: Тикс од Норвешка прогласен за најлошо облечен изведувач Read More »

„Македонија на Европско“- нова песна на ДНК


Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно… вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство. И не само Панчо и Андреј, поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп …

„Македонија на Европско“- нова песна на ДНК Read More »

Дендиас и Чавушоглу подготвени да соработуваат, договорена средба Мицотакис- Ердоган


Грција – Продлабочување на економската соработка, взаемно признавање на сертификатите за вакцинација, но и средба Мицотакис- Ердоган, беа дел од темите за кои разговараа и се договорија министрите за надворешни работи на Грција и Турција Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу на нивната денешна средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер и …

Дендиас и Чавушоглу подготвени да соработуваат, договорена средба Мицотакис- Ердоган Read More »

Србија донираше 100.620 вакцини „Фајзер“ на Чешка


Србија – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на белградскиот аеродром испрати авион со 100.620 дози вакцини Фајзер како подарок за Чешка или помош во борбата против епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Владата на Србија на седница на 20 мај донесе одлука на Чешка да и се подарат 100.000 вакцини „Фајзер-Бионтек“ во …

Србија донираше 100.620 вакцини „Фајзер“ на Чешка Read More »

„Градски паркинг“ – Скопје од утре со летно работно време


Од утре започнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д, како што соопшти претпријатието, ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Франција ќе испрати нова Статуа на слободата во САД


САД– Франција на 7 јуни ќе испрати нова Статуа на слободата во САД. Новиот споменик ќе пристигне во Њујорк на 4 јули – Денот на независноста на САД и, како што објави весникот „Журнал де Диманш“, ќе ги симболизира историските врски меѓу двете земји. „Сакавме повторно да се поврземе со оваа француско-американска приказна“, рече амбасадорот …

Франција ќе испрати нова Статуа на слободата во САД Read More »

Имунизирани 234 508 граѓани, интерес за вакцина од речиси 432 илјади


Во државата вкупно се аплицирани 315 781 доза вакцини, а ревакцинирани се 81 273 граѓани. Со последните бројки, барем една доза  вакцина имаат примено 47 отсто од населението над 70 години и 41 отсто над 65 години.   – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега …

Имунизирани 234 508 граѓани, интерес за вакцина од речиси 432 илјади Read More »

Македонија и Бугарија ќе ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи


Во Министерството за култура на Бугарија, министерот Венцислав Минеков ја пречека својата колешка, министерката за култура на Северна Македонија, Ирена Стефоска. По средбата, министерката Стефоска за дописникот на МИА од Софија изјави дека со нејзиниот колега Минеков разговарале за продлабочување на културната соработка меѓу Софија и Скопје. Одлична основа е постојната програма за културна соработка, …

Македонија и Бугарија ќе ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи Read More »

Само три нови случаи со Ковид-19 и петмина починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се три нови случаи со Ковид-19, сите во Скопје. Пријавени се вкупно пет починати лица од кои по едно лице од Скопје (72), Радовиш (81), Тетово (69), Штип (50) и Пробиштип (72). Од пријавените, едно лице  е починато …

Само три нови случаи со Ковид-19 и петмина починати Read More »

ЕК со предлози за олеснување на летната сезона во ЕУ


Белгија– Европската Комисија попладнево поднесе предлози до земјите членки на ЕУ за да се поедностават и олеснат процедурите за патување за време на туристичката сезона летово, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, од прес салата во Брисел порача дека е важно земјите членки да заземат координиран пристап, во што Европската …

ЕК со предлози за олеснување на летната сезона во ЕУ Read More »

Совети околу железото во човековото тело


Железото е исклучително важен минерал за човековото тело, и учествува во преносот на кислород до сите делови од него. Важно е да имаме четири грама железо во организмот, бидејќи помала количина може да доведе до анемија. Недостатокот може да се појави ако не земеме доволно минерали за да го надополниме она што го трошиме во …

Совети околу железото во човековото тело Read More »

Нов зелен сквер во „Тафталиџе“


Запуштената и неуредена површина пред објектот на противпожарната бригада во населбата Тафталиџе, сега е нов зелен сквер. Околу 1 000 квадратни метри кај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов,  Градот Скопје целосно ги  уреди со цел на граѓаните да им се овозможи да уживаат во квалитетна инфраструктура со  зеленило. –  Со особено задоволство денеска ја отвораме четвртата …

Нов зелен сквер во „Тафталиџе“ Read More »

Комисијата за заразни болести треба да одлучи дали ќе се стави во функција пленарната сала


Собранието на Северна Македонија се очекува од 8 јуни да го продолжи одржувањето на седниците во пленарната сала како пред пандемијата со Ковид-19, доколку за тоа добие дозвола од Комисијата за заразни болести. Претседателот на Собранието денеска имал средба со претседателот и членовите на оваа Комисија. – Денеска имав средба со претседателот и претставниците на …

Комисијата за заразни болести треба да одлучи дали ќе се стави во функција пленарната сала Read More »

Со цело срце за Вас: „Скопско“ им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки


За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, „Скопско“ на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“. Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел …

Со цело срце за Вас: „Скопско“ им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки Read More »

Вицепремиерот Груби ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19. Како што соопшти Кабинетот на Груби, по вакцинирањето во просториите на поликлиниката Чаир, која служи и како ковид-центар, Груби уште еднаш апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата на …

Вицепремиерот Груби ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 Read More »

Почина аниматорот Марсел Јанкович, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“


Славниот унгарски аниматор, сценарист и режисер Марсел Јанкович, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“, почина во саботата на 79-годишна возраст. Унгарската академија на уметностите, чиј почесен претседател беше Јанкович, ја објави веста за неговата смрт нарекувајќи го „визуелен уметник и јавна личност, експерт за бајки со исклучително разновидно широко дело“. „Неговиот опус останува …

Почина аниматорот Марсел Јанкович, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“ Read More »