Евросонг 2021: Тикс од Норвешка прогласен за најлошо облечен изведувач


Холандија- Претставникот на Норвешка Тикс е прогласен за најлошо облечен изведувач на 65. Евросонг во Ротердам кој се одржуваше од 18-22 мај . На сцената во арената Ахој  имал долга бела бунда, светкав костум и крилја.

Оваа награда што ја доделува магазинот/ портал „Songfestival“- се доделува веќе 24 години по ред, а името „Барбара Декс“ го добила по белгиска пејачка која во 1993-та година била прогласена за најлошо облечена на Евровизија.

На второ место е претставичката на Романија, Роксен, а претставничката на Хрватска, Албина Грчиќ е на третото место. Порталот „Songfestival“ наведува дека помеѓу Роксен и Албина разликата била само еден глас.

Четвртото место му припаднало на Британецот Џејмс Њумен, а на петтото е претставничката на Израел, Еден Ален.

Пејачката Марија од македонскиот претставник, групата „Ај Кју“ беше прогласена за најлошо облечена на Евросонг во 2018. Во 2019 тоа беа претставниците на Португалија.