Аеродромот во Виена гради огромна сончева електрана


Австрија – Најголемата сончева електрана во Австрија се гради кај аеродромот во Виена. Осум сончеви централи ќе произведуваат речиси третина од годишната потрошувачка на енергија на аеродромот, што е еднакво на потрошувачката на 7.000 домаќинства. Австрија цели да покрие 100 отсто од потребите, со обновлива енергија, до 2030 година. Иако авијацијата – со 2,7 отсто, предизвикува […]

Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање и за резултатите


До Државната изборна комисија (ДИК) досега ниту еден подносител на листа на кандидати за Локалните избори нема поднесено приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето. Според информациите од ДИК, од поднесените приговори за заштита на лично избирачко право, на денот на изборите прифатени се 217. Приговорот […]

Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг


Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас. Според податоците објавени од Државната изборна […]

Како енергетските пијалаци влијаат врз бременоста?


САД – Енергетските пијалаци се популарни затоа што, како што се верува – ја зајакнуваат концентрацијата. Сепак, бремените жени и доилките не треба да ги пијат овие напитоци, поради можни негативни последици, пишува „Веривел фемили“ (Verywell Family). Кај трудницата, плацентата што расте во матката го снабдува бебето со храна и кислород преку папочната врвца. Хранливите материи што […]

Јаболковиот оцет помага против дијабетес


САД– Околу 442 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабетес. Многу од нив прибегнуваат и кон алтернативни начини за намалување на нивото шеќер во крвта, а еден од нив е употребата на јаболков оцет. Така, се поставува прашањето – колку всушност е корисен јаболковиот оцет за овој здравствен проблем? Истражување објавено во списанието на Американското здружение […]

Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври


Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 месецов. Оваа година фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24. Отворање на фестивалот, на 27 октомври, ќе се […]

Ретроспективна изложба на академик Васко Ташковски в четврток во Даут пашин амам


Националната галерија на Република Северна Македонија ја најавува ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Изложбата ќе биде отворена в четврток, во 20 часот во објектот Даут-пашин амам и ќе бидат претставени слики, […]

Џони Деп доаѓа во Белград за промоција на анимирана серија- ќе се сретне и со Вучиќ


Србија– Холивудскиот актер Џони Деп (58) денеска доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студиос“. За време на престојот, српските медиуми информираат дека тој ќе се сретне и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во […]

Вкупно аплицирани 1.563.990 дози вакцини, ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од […]

Захара го „позајми“ фустанот на мама Џоли од Оскарите за премиерата на „Eternals“


САД- Захара Џоли-Пит го добива чувството за стил од мама Анџелина Џоли! Џоли позираше со петте нејзини деца-16-годишната Захара, како и Медокс (20), Шило, 15 и близнаците Вивиен и Нокс (13)-на црвениот килим за премиерата на „Eternals“ на Марвел во Лос Анџелес. За таа прилика, Захара носеше фустан директно од плакарот на нејзината мајка. Тинејџерката […]

„Охридско лето“ на Општата болница во Охрид ѝ ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“


Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма. Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата […]

Раскош и чипка: Џенифер Гејтс сподели фотографии од свадбата со џокејот Нејел Насар


САД– Џенифер Гејтс (25) , ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, ко-основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс-  викендов се омажи со египетскиот џокеј Нејел Насар на нејзиниот ранч во Норт Салем вреден 16 милиони долари долари и специјално прилагоден за свадбата. Татко ѝ го купил имотот од 15,82 милиони долари за Џенифер […]

Бијонсе и Џеј-Зи го продаваат домот во Њу Орлеанс што летово го зафати пожар


САД- Бијонсе и Џеј-Зи, двојката што тежи милијарда долари, наводно, ја ставиле својата раскошна вила во Њу Орлеанс на пазарот за 4,5 милиони долари, пишува TMZ. Домот, изграден во 1925 година, е поранешна презвитеријанска црква со шпанска барокна архитектура. Со три ката и тавани од 26 метри, имотот од 13.292 квадратни метри е изменет и […]

Отворена изложбата „Raffaelo: Opera Omnia” во Скопје: Богатство од европските галерии


Во Археолошкиот музеј е отворена изложбата „Raffaelo: Opera Omnia”, која ги претставува уметничките дела на Рафаело Санти – великанот на италијанската и светската уметност. Изложбата ќе биде отворена до 20 декември, а за време на поставката, ќе се организираат и едукативни работилници и предавања, при што се повикани училиштата од сите нивоа во државата. Станува збор […]

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел – јубилеите служат да не потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори


Осумдесетгодишнината од првиот истрел за слобода е чин за длабока почит и длабок поклон. Отпор достоен за незаборав. Ова е најмалку што Министерството за култура може да го направи во спомен на оние кои со пушка ја создаваа, а потоа и ја одржаа националната култура жива, а со тоа, и сите нас не одржаа во […]

„Денови на Благоја Корубин“ во рамки на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик


Во рамки на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Љубојно ќе се одржи 25-тата  манифестација „Денови на Благоја Корубин“ со научен собир „Благоја Корубин – втемелувач на македонскиот стандарден јазик. Јазикот во практиката“. Со настанот ќе бидат одбележани и сто години од раѓањето на Корубин, кој беше посветен во […]

Отворање на изложбата „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица


Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата […]

Малата излезност ги „стопи“ гласовите


Малатa излезност на првиот круг од Локалните избори 2021, најниска од независноста досега, ги „стопи“ гласовите на политичките партии, споредено со локалните избори 2017 година, покажуваат податоците на Државаната изборна комисија. Одѕивот на неделните избори, според веб страницата на ДИК е 48,99 проценти. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски најави дека е можно да има мала […]

Адел се ќе и раскаже на Опра за новиот албум


САД- Поп-ѕвездата Адел (33) се врати на голема врата и руши рекорди. Во петокот, таа го објави својот прв сингл по речиси шест години, „Easy on Me“ и ја откри инспирацијата зад нејзините текстови – развод и потрага по среќа. Во различни интервјуа, Адел навлезе во тоа како нејзиниот развод од Симон Конецки и врската […]

Шпан: Се ближи крајот на епидемијата на национално ниво


Германија– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа укинувањето на таканаречената национална епидемиска ситуација, објави Тагешау. Како што потврди портпаролот на Министерството, Шпан го истакнал тоа за време на консултациите во однос на прашањето на коронавирусот со министрите за здравство на федералните провинции. Одлучувачкиот аргумент во изјавата на Шпан е дека ризикот од вакцинација […]