Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, вели Османи


Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за […]

Почна изградбата на аеродром во Валона чиј инвеститор е Беџет Пацоли


Албанија– Во рамките на одбележувањето на 109-годишнината од независноста на Албанија, во Валона, градот каде на 28 ноември 1912 година е прогласена независноста, денеска беше означен почетокот на изградбата на нов аеродром. На свеченоста зборуваа премиерот Еди Рама, кој најави дека по изградбата, со овој трет аеродром во земјата, ќе стопанисува аеродромот од Минхен, како […]

„Расчекор“ – ноќен клуб кој ја стави Битола на светската карта за добра забава (фото)


„Расчекор“ е клуб кој не менувал сопственици, не менувал концепти, а на листата на гости имал бројни славни и убави луѓе кои остануваат запишани во нашите драги мемоари   Овој ноќен клуб лоциран во Битола е приказна која живее цели 30 години и која е фабрика за забава на бројни генерации. „Расчекор“ е името кое […]

Ковачевски: Не сум ничиј човек, јас сум човек со интегритет


СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата. Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот […]

Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди Перу


Перу – Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Перу. Епицентарот на потресот бил на 37 километри од местотот Баранка, на длабочина од 100 километри. Земјотресот е почувствуван не само во Перу, туку и во Еквадор, Бразил и Колумбија. Се уште нема информации за човечки жртви или материјална […]

Историски најголем буџет на МНР за 2022 година


Една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра, што преставува зголемување од 28 проценти, односно нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра повеќе од лани, изнесува буџетот на Министерството за надворешни работи што е предвиден за 2022 година којшто, како што информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, […]

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека


Во Кинотека вчера се одржа петтата сесија од втората сезона на проектот Филмска училница, со фокус на кратките експериментални филмови: кога се јавуваат како форма и какво е нивното значење во развојот на филмот како уметност и медиум. Предавач на работилницата беше филмологот Александар Трајковски од Кинотеката на Северна Македонија, кој и самиот е автор […]

„Случајот Макавеев“ на Радовановиќ со дополнителни проекции


На 26 НОЕМВРИ (ПЕТОК) во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ и Кинотеката беа промовирани два документарни долгометражни филмови на Горан Радовановиќ (Goran Radovanović), СЛУЧАЈОТ МАКАВЕЕВ ИЛИ ПРОЦЕС ВО КИНОСАЛАТА (Случај Макавејев или процес у биоскопској сали / The Makavejev Case or Trial in a Movie Theater, 2018) и ЧЕКАЈЌИ ГО ХАНДКЕ (Čekajući Handkea / […]

Ера Коџа од Дебар се закити со златен медал на Балканското карате првенство во Риека


Шеснаесетгодишната Ера Коџа, од карате клубот „Уранику“ од Дебар, се закити со златен медал во категоријата до 59 килограми за јуниори, на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Река, Хрватска. -Пресреќна сум. На мојата радост и нема крај. Ете златото блесна на моите гради, кусо ни рече во телефонскиот […]

Слеп патник од Гватемала преживеал 2,5-часовен лет до Мајами сокриен зад тркалата на авионот


САД – Слеп патник од Гватемала, сокриен во дел од опремата за слетување на авион на компанијата „Американ ерлајнс“, вчера преживеал 2,5 часовен лет до Мајами, каде што бил префрлен кај службениците за имиграција и пренесен во болница на преглед. Американската Агенција за царина и гранична заштита го потврди инцидентот во изјава што првично беше емитувана […]

Џафери од Мадрид: Против дезинформациите и говорот на омраза со култура на толеранција


Секогаш имајќи ја на ум исклучително значајната улога на парламентите во заштитата на слободата на изразување на интернет и промовирањето на различноста на ставовите, исто толку важно е и спротивставувањето кон дезинформациите и говорот на омраза и спречувањето на перцепцијата дека како политички естаблишмент, ја губиме врската со граѓаните. За тоа да се промени, потребно […]

Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително, вели Османи


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми. – Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие […]

Османи ќе контактира со семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска изјави дека планира да контактира со семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во Бугарија. – Денеска планирам да контактирам со семејствата бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања по однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму, за да можеме да го направиме овој […]

Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој


Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија. – Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека […]

Ова е тест од алах напиша на Фејсбук газдата на Беса Транс, Беким Хаџиу


Со порака на Фејсбук газдата на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, се прости од загинатите и им изрази сочувство на нивните семејства. Во трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија живи изгореа 45-мина граѓани кои патуваа од Истанбул за Македонија. „Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро закрепнување. Овие зборови ги кажувам со жалење […]

ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј


Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија, инфомираат од АД Електрани на Северна Македонија – ЕСМ. – Горди сме што сме пионери […]

Австралија потврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон


Австралија– Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј. Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј. […]

Приведен деветнаесетгодишен крадец, расчистени три кривични дела


Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.И. (19) од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на три кривични дела. Приведениот ги признал делата и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, едно кривично дело „кражба“ е извршено […]

Без струја утре дел од Зелениково и Студеничани


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од Зелениково и Студеничани. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 13 часот без струја ќе бида корисниците од дел од село Градовци, Oпштина Зелениково, а од 9 до 13 часот, корисниците од дел од […]

Швајцарците денеска на референдум се изјаснуваат за ковид потврдите


Швајцарија- Швајцарските гласачи денеска на референдум ќе одлучат дали да го поништат воведувањето на ковид сертификатот што во моменов им е потребен за докажување на вакцинација, заздравување од Ковид-19 или негативен тест. Противниците на ковид потврдата со петиција ги принудија властите да се оди на гласање. Тие се спротивставуваат на овој документ за влез на […]