„Жизел“ пак на репертоарот на НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


В сабота (4 декември) во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021. Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување. Магичната и безвременска […]

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека


Ноемвриската програма на арт-киното на Кинотеката завршува со „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“, третиот краток филм за „Старо Скопје” на Катерина Габунија и Александар Трајковски, а декемвриската програма ќе започне со „Мобил фестивал“. „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“ е во продукција на „Вардар филм“, а во проектот учествуваа граѓаните со нивните снимки […]

Модниот свет во шок : Вирџил Абло ги надмина „Шанел“ и „Гучи“


Франција– Веста дека Вирџил Абло (41) , уметнички директор во „Луј Витон“ задолжен за машките колекции, почина од рак-го шокира модниот свет. Кој е Вирџил Абло? По само шест години од лансирањето на сопствениот бренд, неговите дизајнерски парчиња станаа најпопуларни и ги надминаа модните куќи како „Шанел“, „Гучи“ и „Баленсијага“. Кога во 2012 година го […]

На 41 година од рак: Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Луј Витон“


Франција– Вирџил Абло, уметничкиот директор одговорен за машките колекции на модната куќа „Луј Витон“, почина на 41-годишна возраст. Веста за неговата смрт на Твитер ја објави компанијата сопственик на брендот – „ЛМВХ“. – Сите сме шокирани од оваа страшна вест. Вирџил не само што беше брилијантен дизајнер и визионер, тој беше човек со прекрасна душа и […]

Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“


Македонскиот народен театар (МНТ) и „Wonderland Theatre“ со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од утре до 27 декември ќе одржат балканско-европска турнеја. Првото гостување е во Центарот за културна деконтаминација, во Белград во Србија.   По изведбата во Белград „Работи за кои не зборуваме“ ќе гостува во Народниот театар, […]

Модерна ја тестира својата сегашна вакцина против варијантата Омикрон


САД- Модерна објави дека компанијата ја тестира својата сегашна вакцина против варијантата Омикрон. „Од почетокот на 2021 година, Moderna напредна сеопфатна стратегија за предвидување на нови варијанти на загриженост“, велат од компанијата. „Компанијата постојано ја демонстрираше способноста да ги унапреди новите кандидати на клиничко тестирање за 60 до 90 дена. Компанијата „Фајзер“ соопшти дека ќе […]

Швајцарците ги поддржуваат сертификатите за ковид


Швајцарија– Швајцарците на референдум го поддржаа законот на кој се засноваат сертификатите за Ковид и се применуваат други ограничувања со цел намалување на заразата со коронавирус, објави АФП. Набргу по затворањето на гласачките места, агенцијата ГФС Берн, која спроведуваше анкети за време на кампањата, предвиде дека гласањето „за“ ќе доведе до победа со 63 отсто […]

Од напад на дива свиња почина ловџија од село Долни Дисан


Жител на село Долни Дисан починал денеска од повреди од дива свиња кон која пукал, а не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. – Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на дива свиња, Т. Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал […]

Германија побара американскиот Конгрес да не воведува санкции за Северен тек 2


Германија – Германската влада бара од американскиот Конгрес да не воведува санкции за Северен тек 2, бидејќи ограничувањата може да ја ослабат довербата во САД. Ова се наведува во таен документ што германската амбасада во Вашингтон го испратила до Конгресот, а кој денеска го објави порталот Аксиос. Во документот се наведува дека Берлин е „решен успешно […]

Новата руска ледена кралица Валиева постави рекорд во кратка програма


Русија– Руската тинејџерка Камила Валиева го зацврсти својот статус на фаворит за злато во уметничко лизгање за жени на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг со рекорд во кратката програма во петокот. 15-годишната лизгачка, која се натпреваруваше на Големата награда на Русија, заработи резултат од 87,42 поени за нејзината рутина на отворањето на сезоната во […]

Почина Френк Вилијамс, Ф1 легенда


Англија- Почина сер Френк Вилијамс, основачот и поранешен директор на тимот на Вилијамс Рејсинг. Тој имаше 79 години. Вилијамс го однесе својот тркачки тим од празен магацин за теписи до врвот на Формула 1, славејќи 114 победи, комбинирани 16 светски првенства за возачи и конструктори, додека стана тимски шеф со најдолг стаж во историјата на […]

Утре нова средба Заев – Гаши


Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши утре попладне повторно ќе се состанат, потврдуваат од СДСМ за Канал 5. Од СДСМ не кријат дека се подготвени да отстапат министерски места за Алтернатива, но немаат конкретен одговор кои ресори би ги отстапил СДСМ. Поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите, вели Стефан Васев од СДСМ […]

Врнежите продолжуваат и ноќеска, на повисоките места снег


До крајот на денов ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни и поројни, од над 20 литри на метар квадратен за 12 часа. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и во источните делови. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, […]

Локализиран голем пожар кај пречистителната станица за отпадни води во Кочани


Територијалната противпожарна единица од Кочани доцна попладнево локализираше голем полски пожар во атарот на селото Мојанци, што се закануваше да ги зафати и објектите на пречистителната станица за отпадни води. Во четиричасовното справување со огнената стихија се вклучија шест пожарникари со две возила, поголем број волонтери од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, како и месно […]

Кривични пријави против лица за приложување лажен ПЦР тест на ГП „Табановце“


Поднесени се кривични пријави против три лица од Русија, Скопје и Куманово, за приложување лажен ПЦР тест на Граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи. – СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.Н.(25) од Русија, К.А.(31) од Скопје и А.О.(35) од Куманово поради постоење основи на […]

Награда од 20 илјади евра за тројниот убиец кај Дечане


Косово– Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечане во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Наградата за тој што ќе помогне да […]

По трет пат се омажи Ана Сасо, ексмис на Југославија


Ана Сасо (58) која се уште е атрактивна со својата појава, откри дека се омажила тајно за помладиот хирируг Хрвое Томасовиќ (58) за кого јавноста мислеше дека и е само партнер. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Се забрануваат пластичните ќеси: Од 1 декември една биоразградлива ќе чини 15 денари


Од 1 декември (среда) се забранува употребата на пластични кеси во нашата земја. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари. Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат […]

За исплата на К-15 остана уште еден месец, сумата е 11.500 денари


Од ССМ ги потсетија работодавците дека годинава имаат простор без да бидат оданочени да исплатат и поголема сума од оние 40 проценти од трите последни просечни исплатени на ниво на држава, кои со колективен договор се предвидени како минимум за регресот за годишен одмор На работодавците им остана уште еден месец на своите вработени да […]

Евреите почнуваат со славењето на Ханука, Празникот на светлината


Евреите од денеска до понеделник, 6 декември, го слават празникот Ханука. Со овој празник се одбележува настан од 164 п.н.е. кога, по три години прогонство и борби, Ерусалимскиот храм бил повторно посветен. Со овој настан е поврзана легендата за светилка која продолжила да гори во Храмот, иако немало доволно масло за тоа, па Ханука се […]