Без струја утре дел од Зелениково и Студеничани


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од Зелениково и Студеничани.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 13 часот без струја ќе бида корисниците од дел од село Градовци, Oпштина Зелениково, а од 9 до 13 часот, корисниците од дел од село Долно Количани, делот кон гробиштата, Oпштина Студеничани.

Во вторник, без струја ќе бидат корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци во Општина Илинден од 08:30 до 15:30 часот.