Бегалците Рохинџи го тужат Фејсбук за 150 милијарди долари поради говор на омраза во Мјанмар


Десетици бегалци Рохинџи во Велика Британија и САД го тужат Фејсбук, обвинувајќи го гигантот на социјалните мрежи дека дозволува ширење на говор на омраза против нив. Тие бараат повеќе од 150 милијарди долари (113 милијарди фунти) компензација, тврдејќи дека платформите на Фејсбук промовираат насилство врз прогонуваното малцинство. Се проценува дека 10.000 муслимани Рохинџа се убиени […]

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани


САД– Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми. […]

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. -Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО […]

Бајден и Шолц во телефонски разговор го нагласија трансатлантското пријателство


Германија – Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој му честиташе за назначувањето на  функцијата, јави ДПА. Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон, истовремено изразувајќи намера дополнително да ја зајакнат врската на сојузниците. -Тие се согласија дека […]

Активни 5.620 случаи со Ковид-19, делта сојот и натаму доминантен во земјава


Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава не е регистриран случај со омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е делта сојот, како кај нас, така и во дел од […]

Нови најави за поголема минимална плата, синдикатот „за“, бизнисот поделен во оценките


Зголемување на минималната плата по Нова Година најавуваат од Владата. Синдикатите сметаат дека ова зголемување на минималната плата е неопходно, но и дека потоа треба да следи спирално зголемување и на останатите плати. Нивниот став е дека минималната плата треба да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата. Работодавачите пак се на став дека секое, […]

„Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања


Во рамки на „Најново нормално декември“ – проект на Институтот за култура и уметност „Арс акта“ – Скопје во соработка со Националната Галерија од денеска до 15 декември ќе биде отворена изложбата „Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања. Од Институт Арс акта Скопје информираат дека турите „Сонот на Ташковски“ се наменети за децата од […]

Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада


Бугарија– Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство. Коалицискиот договор вечра го потпишаа победниците од „Промените […]

Божикна честитка со маски-искрена фотографија на принцот Чарлс и Камила


Англија- Принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол избраа искрена фотографија што ги одразува мерките на претпазливост што луѓето ги презедоа во услови на тековната пандемија на Ковид за нивната Божиќна честитка оваа година. На фотографијата се гледа како Чарлс носи маска додека и помага на сопругата да го покрие лицето за време на кралските […]

Холандија ќе почне вакцинирање против Ковид-19 на деца меѓу пет и 11 години


Холандија– Децата на возраст од пет до 11 години во Холандија ќе почнат да добиваат покана за примање вакцина против Ковид-19 од втората половина на јануари 2022 година, изјави денеска министерот за здравство Хуго де Јонге. Децата со претходно постоечка хронична болест или други зголемени ризици веќе можат да се вакцинираат со Фајзер, јави ДПА. […]

Како првите дами не прават модни гафови-откри шефицата на кабинет на Лора Буш


САД- Од костимите на Шанел на Џеки Кенеди до ремените на Џил Бајден, облеката на првите дами долго време беше извор на фасцинација и фокус на јавноста. Нивните вработени работат напорно за да спречат модни погрешни чекори и да се погрижат првите дами да бидат соодветно облечени за секоја пригода. Анита Мекбрајд, која беше шеф […]

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени


Австралија – Австралијката Ешли Барти и Јапонката Наоми Осака по подолга пауза ќе се вратат на тениските турнири кои во јануари ќе се играат во Австралија, објавија организаторите во Аделаида и Мелбурн. Најдобрата светска тенисерка Барти паузира од елиминацијата во третото коло на Ју Ес Опен во септември, но иако предвреме ја заврши годината, Австралијката освои пет турнири, меѓу кои […]

Потврдени три случаи на варијантата Омикрон на Кипар


Кипар– Три случаи на варијантата Омикрон се потврдени на Кипар, а од Министерството за здравство соопштуваат дека сите се поврзани со претходно патување и не е потребна хоспитализација на заразените лица, јави дописничката на МИА од Атина. Ова се први случаи на Омикрон на островот, со што Кипар веќе е на листата земји во кои […]

Роденден без мама-принцот Жак и принцезата Габриела од Монако ќе полнат 7 години


Монако- Принцот Жак и принцезата Габриела од Монако во петок полнат седум години. И додека близнаците се подготвуваат за нивната роденденска забава во сабота, тато принцот Алберт има подготвено неколку изненадувања. Роденденските забави на близнаците отсекогаш ги организирала мама принцезата Шарлин. Претходните родендени вклучуваа забава со тема сафари, музејска забава со механички поларни мечки, посети […]

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ


Белгија – Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети седиштето на Европската Унија каде одржа прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. – Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата […]

Божиќна честитка од Кејт и Вилијам- снимена е на приватен одмор во Јордан


Англија– Среќни празници од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам! Во согласност со традицијата, кралската двојка сподели нов портрет на своето семејство – вклучувајќи ги нивните три деца, принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3) – што е прикажан на нивната Божиќна честитка за 2021 година. „Среќен што споделувам нова слика на семејството, […]

МРТ го распиша конкурсот за песна за Евросонг во Торино


Македонската Радио Телевизија (МРТ) објавува конкурс за прием на нови, оригинални, необјавени, современи авторски композиции, од кои по пат на натпревар, ќе биде избран претставникот и композицијата со која нашата држава ќе се претстави на изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, во организација на Националниот сервис на Италија (RAI) и Европската Rадиодифузна […]

Популарноста на Борис Џонсон на најниско ниво


Англија – Според истражувањето на јавното мислење објавено денеска, популарноста на британскиот премиер Борис Џонсон паднала на најниско ниво откако тој ја презеде функцијата лидер на земјата. Агенцијата ЈуГов наведе дека рејтингот на наклонетост кон Џонсон е 42, што е пад од 11 поени од средината на ноември. Наклонетоста кон лидерот на опозициската Лабуристичка партија Кир […]

Франција ќе инвестира осум милијарди евра во заеднички европски проекти


Франција – Франција планира да инвестира осум милијарди евра во заеднички европски инвестициски проекти во секторите на полупроводници, батерии, водород и здравство, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. Европската комисија ги олесни инаку строгите регулативи за државна помош за проекти од заеднички европски интерес во кои се вклучени повеќе земји-членки и ја поддржуваат […]

Хрватска ќе донесе закон за воведување на еврото во април следната година


Хрватска– Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека во фаза на изработка е законот за воведување на еврото, чиј нацрт треба да биде објавен кон средината на јануари, а неговото усвојување се очекува во април следната година. – Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе […]