Франција воведува од полноќ ограничувања за европски држави


Франција – Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои сакаат да влезат во Франција ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 не постар од 24 часа, соопшти француската влада. Во соопштението на премиерот Жан Кастекс се вели дека мерката, која се однесува на невакцинирани патници, ќе стапи на сила на полноќ. …

Франција воведува од полноќ ограничувања за европски држави Read More »

Отворен новиот дел од бул. „Никола Карев“ во Скопје


По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари. Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен …

Отворен новиот дел од бул. „Никола Карев“ во Скопје Read More »

Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари


Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и …

Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари Read More »

МТСП: Пензионерите со јулската пензија добиваат зголемени пензии за 1,2 отсто


Пензионерите со јулската  пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто. Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето …

МТСП: Пензионерите со јулската пензија добиваат зголемени пензии за 1,2 отсто Read More »

Охрид


ЛЕЈЛА САБИТ   Лете полн, зиме празен. Како и жената, може да ве привлече, а може и да ве разочара. Да ве инспирира, или да ви биде здодевен. Или го сакате или не го сакате. Знае да биде културен, но и прост во однесувањето, да ве пречека како господин и дама, или да ве третира …

Охрид Read More »

Кејн може да почне бојкот во Тотенхем ако клубот не го пушти да замине во Манчестер сити


Англија – Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, сака да ја продолжи кариерата во Манчестер сити, објави Телеграф. Според соиграчите на 27-годишниот напаѓач во репрезентацијата на Англија, кои беа со него повеќе од еден месец за време на ЕВРО 2020, доколку „спарс“ не го пуштат играчот, тој може да ги бојкотира тренинзите на тимот. Претходно, новиот тренер …

Кејн може да почне бојкот во Тотенхем ако клубот не го пушти да замине во Манчестер сити Read More »

Бројот на загинатите во поплавите во Германија достигна 133; во Европа – 160


Германија – Бројот на загинати во поплавите во Германија достигна 133  и со таа цифра, веќе има 160 жртви на природната катастрофа во области во Западна Европа. Полицијата во западногерманската покраина Рајнска област-Пфалц утрово соопшти дека веќе има 90 загинати – 27 повеќе од вчера. Стотици луѓе во регионот се исчезнати,и според дел германски медиуми, таму …

Бројот на загинатите во поплавите во Германија достигна 133; во Европа – 160 Read More »

„Сe уште не е готово“: Емоциите се силни пет години по неуспешниот пуч во Турција


На петтата годишнина од обидот за воен удар во Турција, многу Турци се подготвуваат да се упатат кон крајбрежјето или во нивните родни места за деветдневен празник на Курбан Бајрам, бидејќи сеќавањето на крвавата ноќ избледува како одминува времето. Но, за Нихала Олкок, чиј 16-годишен син и поранешен сопруг беа убиени од војниците на мостот …

„Сe уште не е готово“: Емоциите се силни пет години по неуспешниот пуч во Турција Read More »

Отворање на надворешното живеалиште за пингвини во Зоо Скопје


Во Зоолошката градина – Скопје денеска ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвини. Зоо Скопје првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. -Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено …

Отворање на надворешното живеалиште за пингвини во Зоо Скопје Read More »

За првпат од Втората светска војна во Црна Гора има негативен природен прираст


Црна Гора– Црна Гора минатата година забележа негативен природен прираст, што не се случило од Втората светска војна, откако се водат статистички податоци, изјави демографот Мирослав Додеровиќ за Вијести. Негативниот природен прираст е регистриран со месеци по ред, така што од септември минатата година до април годинава починале 1.668 повеќе луѓе отколку што се родени …

За првпат од Втората светска војна во Црна Гора има негативен природен прираст Read More »

ЕЦДЦ очекува нагло зголемување на број на заразени со Ковид-19


Шведска – Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) очекува нагло зголемување на инфекциите со коронавирус во Европа поради ширењето на варијантата Делта. Врз основа на анализи за земјите од Европската економска област (ЕЕА), агенцијата со седиште во Стокхолм очекува бројот на случаи во регионот да се искачи на 662,9 нови инфекции на …

ЕЦДЦ очекува нагло зголемување на број на заразени со Ковид-19 Read More »

Туск: Конфликтите на Полска и Унгарија со ЕУ може да предизвикаат во крајна сметка распаѓање на блокот


Полска– Конфликтите на Полска и Унгарија со Европската унија можат да предизвикаат процеси што можат да доведат до распад на блокот, предупреди поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск. Неговите забелешки доаѓаат во време на продлабочување на разликите меѓу двете земји и ЕУ околу демократски стандарди во блокот. Брисел е во остар спор со Варшава и …

Туск: Конфликтите на Полска и Унгарија со ЕУ може да предизвикаат во крајна сметка распаѓање на блокот Read More »

Јавните чешми и бунарите во руралните средини најподложни на бактерии, водата од нив се злоупотребува и за наводнување


На територија на Општина Чучер-Сандево има околу 30 јавни чешми и извори за вода кои што се наоѓаат во селата Бразда, Глуво, Чучер, Сандево, Бањани, Горњани, Мирковци, Кучевиште и Побожје и кои што не се поврзани на водоводната мрежа со која што стопанисува претпријатието од општината. Од овие чешми и извори, водата доаѓа од различни …

Јавните чешми и бунарите во руралните средини најподложни на бактерии, водата од нив се злоупотребува и за наводнување Read More »

Велика Британија ја проширува програмата за вакцини против грип, 35 милиони бесплатни вакцини


Англија– Британската влада објави дека ќе ја прошири својата програма за вакцинирање против грип, што ќе ја направи најсеопфатна досега, сето тоа со цел да се избегне притисок врз болниците додека трае пандемијата со Ковид-19. Британската влада соопшти дека ќе понуди бесплатни вакцини против грип за 35 милиони луѓе меѓу кои и за деца од …

Велика Британија ја проширува програмата за вакцини против грип, 35 милиони бесплатни вакцини Read More »

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести


Илјадници информации со само едно пребарување, дел од нив дезинформации, дел лажни вести, сите на штета на консументите. Дигитална ера, виртуелен свет, безброј можности на интернет-мрежата, која го олеснува секојдневниот живот правејќи со еден клик да се заврши многу работа. Истовремено, хаос од информации, кои преку, исто така, еден клик на примамливиот, најчесто сензационалистички наслов, …

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести Read More »

Прв случај со коронавирус во Олимпиското село во Токио


Јапонија – Во Олимпиското село Токио 2020, откриен е прв случај заразен со коронавирус. Ова го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист. Веќе се пријавени случаи …

Прв случај со коронавирус во Олимпиското село во Токио Read More »

Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии


Голем број земји во светот поради бавното темпо на имунизација против Ковид-19 се одлучуваат за воведување задолжителна вакцинација за одделни професии, како и рестриктивни мерки за невакцинираното население. Интересот за вакцинација се намалува, делта сојот забрзано се шири, нов бран на епидемијата се приближува, а колективниот имунитет е далеку. Со цел да се стави под …

Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии Read More »

(Фото) Гала amfAR во Кан се врати во стил на филмска ѕвезда: Собрани над милион долари за истражување на СИДА


Франција- Шерон Стоун беше домаќин, а Алиша Кис одржа блескав перформанс кога раскошната гала амФАР која собира пари за истражување на СИДА, синоќа се врати во Кан. Една од најочекуваните вечери на фестивалот, 27-то издание беше помал поинтимен гала настан од претходните години, со ексклузивната листа на 900 гости, со ковид-протоколи . На вечерата под …

(Фото) Гала amfAR во Кан се врати во стил на филмска ѕвезда: Собрани над милион долари за истражување на СИДА Read More »

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци


По пауза од една година поради Ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече на нивното претставување во Скопје, многу години учествувал на свадбата во Галичник во …

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци Read More »

Социјалните мрежи „убиваат луѓе“ со дезинформации за вакцините, обвинува Бајден


САД – Големите оператори на социјалните мрежи што шират дезинформации за вакцините „убиваат луѓе“, обвини американскиот претседател Џо Бајден. – Тие убиваат луѓе. Единствената пандемија што ја имаме ги погодува луѓето кои не биле вакцинирани. Тие убиваат луѓе, наведе американскиот претседател. Белата куќа оваа недела значително го заостри тонот кон големите технолошки компании и ги …

Социјалните мрежи „убиваат луѓе“ со дезинформации за вакцините, обвинува Бајден Read More »