Француската академија на Јордан Плевнеш ќе му ја додели наградата Гран при за животно дело


Франција – На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедемија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш денеска свечено ќе му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јави дописникот на МИА. Непосредно пред […]

Блесна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк


САД– Светлата на божиќното дрво пред њујоршкиот „Рокфелер центар“ беа официјално и свечено запалени на Менхетен. Висината на норвешката смрека е 24 метри. Покриена е со повеќе од 50.000 светлки во боја на виножито, а на врвот е поставена ѕвезда обложена со кристали тешка околу 400 килограми. Овогодишната „елка“ во центарот на Рокфелер е од […]

Почина актерот Славиша Кајевски – театарот изгуби голем талент


Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година е актер во Македонски народен театар – […]

Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики


Секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Токму затоа Друштвото на ликовните уметници на Македонија има вонредно значење, имајќи ги предвид сите децениски искушенија во кои настанува, се развива и опстојува до ден денешен. Станува збор за една од најзначајните струкови уметнички и културни заедници, која ги одразува тековите […]

Драмски театар-Скопје со претставата „Странци“ на фестивалот „РУТА Група Триглав“


Драмскиот театар – Скопје утре со претставата „Странци“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“, кој вторпат се одржува во Белград од 30 ноември до 6 декември 2021 година. Како што соопшти Драмски театар – Скопје, за претставата „Странци“ нашата актерка Биљана Драгиќевиќ – Пројковска во 2019 година, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, […]

Бајден ќе присуствува на наградите на Центарот Кенеди по отсуството на Трамп


САД- Претседателот Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на 44. почести во Центарот Кенеди овој месец, што ќе го одбележи враќањето на актуелниот претседател на престижната уметничка церемонија откако поранешниот претседател Трамп одби да присуствува на настанот откако неколку почестени го критикуваа. Семејството Бајден ќе присуствува на почестите на Центарот Кенеди со потпретседателот […]

Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото


САД – Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателката за време на снимањето на „Растење“. Ова се наведува во делови од првото негово интервју по несреќното убиство. Тоа ќе се емитува денеска, а е снимено на 21 октомври во Ново Мексико (САД). – Видете, чкрапалото не беше повлечено. […]

Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот


Белгија– Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“. Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо отвори центар наречен „Чоколадна кутија“ – висока 41 метар, којашто зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од […]

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ


Претставата „Дневна доза мазохизам“ од театарската група „Пресврт“ вечер ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамки на 46. издание на „Млад отворен театар“ (МОТ). -Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна […]

Блок на авганистански филмови во „Кино МСУ“


Во рамки на програмата на „Кино МСУ“, вечерва во киното на Музејот на современата уметност во Скопје почнува блок филмови посветени на авганистански автори. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Авганистанскиот филмски блок ќе трае до 10 декември, и сите проекции ќе се одржат во затвореното кино на […]

Две судења во САД што ги вознемируваат духовите во високиот бизнис и политика


САД– Во САД деновиве вниманието на јавноста е свртено кон две високопрофилни судења што ги воземируваат духовите во високиот бизнис и политика, а во кои обвинетите се жени – Елизабет Холмс и Џислејн Максвел. И од двете судења се дознаваат скокотливи детали за познати американски и странски политичари, милијардери, медиумски лица, научници.   Судскиот процес […]

Брнз – Арсовска: Ќе се интензивира соработката меѓу градот Скопје и амбасадата на САД


Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска била во посета на новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Таа ѝ ја честитала победата на локалните избори и ѝ посакала успешна работа во четиригодишниот мандат. -На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честитки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази […]

СВР Тетово исклучи од сообраќај осум неисправни автобуси и комбиња


Осум неисправни возила, од кои три во Тетово и пет во Гостивар, откриле и санкционирале  полициски службеници на СВР Тетово во акциската контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. Шест од санкционираните возила, по три од Тетово и Гостивар, имале неисправни сопирачки. Едно возило од Гостивар […]

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 со позитивни резултати и во двете земји


Политиките што ги водат двете земји во делот на работните односи, но и мерките што ги преземаа со цел да се олеснат економските последици врз работниците и стопанството, од здравствената криза предизвикана од пандемијата Ковид-19, беа тема на разговор на денешната работна средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со вицепремиерот за […]

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите


Катар – Џош Кавало и сите други хомосексуалци се добредојдени на Светското првенство во Катар, но треба да избегнуваат јавно искажување на својата сексуална ориентација, порача денеска директорот на Организацискиот одбор Насер ал Катер, одговорувајќи му на австралискиот фудбалер, кој рече дека како хомосексуалец „се плаши да дојде во Катар“. – Хомосексуалците можат да дојдат во Катар како и сите други навивачи, но мораат да се однесуваат […]

Протести во Вашингтон додека Врховниот суд ги слуша аргументите за случајот со кој се легализираше правото на абортус


САД – Стотици луѓе кои го поддржуваат правото на абортус и нивните противници се собраа денеска пред Врховниот суд на САД, кој почна да ги сослушува аргументите во случајот што може да ја поништи пресудата Ро против Вејд од 1973 година со која се легализираше абортусот на национално ниво. Се очекува конечната пресуда да биде донесена […]

ОЕЦД: Светската економија годинава ќе закрепне од пандемската криза


Франција – Светската економија годинава  ќе закрепне од пандемската криза, предвиде денеска  Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но воедно оттаму предупредуваат дека оптимистичката перспектива може да биде загрозена од продолжениот период на висока инфлација. ОЕЦД проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 5,6 отсто, во 2022 година растот би требало да забави на […]

Радев и Макрон во Стразбур разговараат за европската интеграција на Македонија и Шенген


Бугарскиот претседател Румен Радев разговара во Стразбур со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на претседателот на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие  разговарале за прашањата поврзани меѓу Бугарија и Франција, за влезот на Бугарија во Шенген, како и за европската перспектива на Република Северна Македонија. Румен Радев на средбата истакнал […]

Првата дама Ѓоргиевска: Едукацијата е клучна за спречување на дискриминацијата на ХИВ позитивните лица


Сопругата на претседателот, проф.д-р Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 Декември – Светски ден за борба против СИДА. На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото […]

Годишно во земјава има 45 случаи со ХИВ, на крајот на 2020 година дијагностицирани вкупно 332 лица


Годишно во просек во земјава се дијагностицираат 45 случаи на ХИВ. Вкупниот проценет број лица со ХИВ би можел да се движи во опсег од 437 до 575 лица, додека бројот на тие кои не биле свесни за својот ХИВ статус би можел да изнесува меѓу 105 до 243 лица. Од проценети 500 лица со […]